Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Сите војни се воопшто срам за човештвото и цивилизацијата, ако може светот во којшто живееме воопшто да се нарече цивилизација.
Неколку векови пред да се појави теоријата на Дарвин (среден, доцнежен среден век и првите децении на боржуаското време), војните се чести, но многу поцивилизирани и повитешки отколку после влегувањето на Дарвин во умот на луѓето. Се убива само на бојното поле, настрана од него освен за шпиунажа било голем срам да биде убиен војник, скоро никогаш цивил. Случаи на убиство на цивили имало ако противничката страна е затворена во некое утврдување и не излегува на отворена битка. Тогаш се случувало опсадната сила да почне да убива цивили по околните места со цел да испровоцира утврдената војска да излезе во битка.
Противничките офицери, предводници, војсководци, без оглед на сѐ што се случило во војната, не биле никогаш убивани. После војната биле ослободувани. Сети се пример на сѐ што сторил Наполеон и пак е само притворен слободно и комфорно да живее на неговиот остров Корзика. Откако избега и пак направи буна, пак не е убиен, само префрлен на далечен остров (Св. Елена) каде е невозможно да избега.
Што значи има разлика од војна до војна.
Но ова во Сирија, со измачувања, силувања, уништувања, без никакво почитување на законите на војувањето..., е незамисливо гадна војна. Срам и разобличување за сите оние кои дозволија да се развие до ова ниво.
 
Турците не го правеле истото тука? Племињата што го запалиле рим не го направиле истото? Нема врска тоа што го збориш со Дарвин туку со тоа колку и до кој степен е развиена свеста кај луѓето. Англичаните и французите сто пати се тепале па никогаш немало нешто вакво меѓу нив, исто и русите и другите западно европски народи, може воделе војни меѓу нив но на бојно поле, но како што идеш на исток тие правила ги снемува, односно нема правила.
 
Турција не ја исклучува можноста да влезе копнено и во Мосул односно во Ирак. Ердоган изјави дека е спремен за се и сешто.
 
Да зборував за христијанска Европа во среден и доцнежен среден век, не зборував за Азија, Африка... Но сега со мислите за раса, прочистување на расите, еволуција на природата. Демек со отстранување на валканите, неспособните еволуција и на човекот. И номинално христијанските народи војуваат животински, со тоа што способностите им се многу поголеми за да направат штета отколку оние кои од секогаш така војувале.[DOUBLEPOST=1473947469][/DOUBLEPOST]
Алепо во живо. Обезбедно од руската војска со цел да обезбеди јавност во почитување на примирјето.​
 
Последно уредено:
Со последново видео што излезе, колачиве се надминаа себеси.
Наводно, роднините на убиените "шпиуни", ги нападнале колачите и убиле 16 од нив.

Воа колачиве џихадистички треба да се сотрат, сите до еден. Тука спаѓа секој што им се придружил, а посебно тие од други земји, макар и никого да не убиле.
Тоа што биле, ако биле, излажани, изманипулирани, заведени, итн, е нивни проблем на кој требало да мислат порано, мамичето ретардирано да им го ебам.
 
Пред малце повеќе од 900 години крстоносците влегле во Маара кој бил град од околу 100.000(според источни извори, а според западни 20.000) жители и не само што ги заклале сите, туку и ги јаделе. Тие закланите не биле само муслимани, туку и православни и Евреи, подеднакво. Не војници од Азија и Африка туку од „Христијанска“ западна Европа. Во истата таа Сирија каде што сега се случуваат истите гнасотии.

Вакви гнасотии само човек може да направи. Коренот на злото одамна е посаден...
 
Турција не ја исклучува можноста да влезе копнено и во Мосул односно во Ирак. Ердоган изјави дека е спремен за се и сешто.

Што се премислил, не одеше на Дамаск?
 
Американски воени авиони штотуку нападнаа позиции на сириската армија која водеше битка против ИСИС, овозможувајќи на муџахедините од ИСИС да го заробат ридот. Нападот е извршен со фосфорни бомби. Ова е прв пат Америка да ја подржи ИСИС јавно. Мора да се крајно очајни штом се врзале со главосечачите јавно. Треба русиве лекција да им одржат со С400.
https://www.almasdarnews.com/articl...-isis-captures-strategic-mountain-deir-ezzor/
 
Ептен подла и расипана американска политика. А таман примирје беше договорено.
 
Оправдувањето е дека мислеле дека се работи за конвој на ИСИС :facepalm:

Исти се и Израелците, некој ке испука ракета кон Голанската висорамнина од Сиријска територија и одма овие пуштаат авиони да напаѓаат позиции на Асад
 
Сирија е силувана земја. Од една страна САД,Турција и Израел ги бомбардираат, а од друга страна и Русија. Со ова темпо Сирија ќе биде поголема црна дупка дури и од Авганистан и Ирак.
 
Поблиску му е Мосул, голем е патот до Дамаск.

Поубав е патот до Техеран, нека тргни натаму...

На секои 10 до 30 години на светските сили им е потребно бојно поле за тестирање на најновите оружја.

За Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз, во 1930-те години тоа бојно поле беше Шпанија за време на шпанската граѓанска војна, Втората Светска Војна беше непланирана од страна на западот, но сепак добро одиграа западните држави, а и Советскиот Сојуз се докажа како силен воен играч.

Потоа во првата половина на 1950-те години, Кореја беше бојното поле за тестирање на првите млазни борбени авиони како што беа првите млазни МИГ-ови на Советскиот Сојуз и првите млазни Сабји на САД, па откако открија дека се изедначени, со исклучок на нуклеарниот арсенал каде што САД сеуште имаа предност, двете страни прифатија примирје.

Потоа следуваа 1960-те и 1970-те години, каде што САД тестираа безброј оружја во Виетнам - напалм, пестициди, секакви хемикалии за уништување на шумите во кои се криеја војниците и партизаните на Северновиетнамскиот Виетконг и што ли уште друго не. Но како што нацистите не беа подготвени за војување против партизаните во Советскиот Сојуз и на Балканот, така и американците не беа подготвени за војување против партизаните на Северновиетнамскиот Виетконг, поради што на крајот американците поразени си заминаа од Виетнам, но со одлични резултати од тестирањата на сите оружја кои ги тестираа.

Потоа следуваа бројни помали војни, но тие беа повеќе за демонстрирање сила и за наметнување влијание, отколку што беа за тестирање на оружје - Гренада, Заливската Војна против Ирак, Југославија, па после терористичките напади на 11 септември 2001 во САД следуваше американската инвазија и окупација на Авганистан, па откако Садам Хусеин се осмели да почне да врши трговија со нафта во евра наместо во американски долари, во 2003 година следуваше американската инвазија и окупација на Ирак, па во 2011 година за да се задоволат профитерските интереси на профитерите чиј што лобист е Хилари Клинтон која тогаш беше државен секретар за состојби на САД, следуваше бомбардирањето на Либија и масакрирањето на Моамер Гадафи, по што и` дојде редот на Сирија. Но бидејќи Русија подвлече црвена линија во Сирија, сега светските сили - вклучувајќи ја и самата Русија, се трудат колку што можат подолго време да ја одолговлечат војната во Сирија за да ги истестираат своите најнови воени играчки.

На крајот, исто како и во Шпанија, Кореја, Виетнам, Југославија, Либија, Сирија и сите останати држави низ кои истокот или западот си играл расипан телефон со воени играчки од крајот на Првата Светска Војна па наваму, главните и најголемите жртви се цивилните населенија во сите тие држави.

И да, срамот и одговорноста подеднакво ги делат сите учесници во ваквите крвопролевања.

Викаш на 10 до 30 години им треба нова војна за да ги тестираат новите оружја, а овде ни набројуваш војни во разлика и од 2-3 години.

Зошто на некој би му требало војна за да тестира дали со тенкот може да погоди двајца Талибанци?
Гаѓање објекти со авиони може и на полигон да се направи. Впрочем многу повеќе го прават тоа по полигони отколку во војни.

Глупост е тврдењето дека се прават војни за да се тестираат оружјата.
 
Па, поголемите воени ангажмани на САД и на Русија се случуваат вообичаено на 10 до 30 години. Војната во Сирија е прв поголем воен ангажман на САД после американската инвазија и окупација на Ирак од 2003 година, 2 години пред тоа претходен поголем воен ангажман на САД беше американската инвазија и окупација на Авганистан, па 10 години пред тоа беше Заливската Војна против Ирак, а 30 години пред тоа беше Виетнамската Војна - која траеше добри 14 години откако САД влегоа во војната во 1961 година.

Точно, тестирањето може и на полигон да се изврши, но не треба да се потроши добра војна без никаква корист од истата, слично како што Винстон Черчил своевремено за светската економска криза од 1929 година рекол дека не треба да се остави добра криза да се потроши без никаков корист од истата.

Со реални човечки жртви и со реална материјална штета се добиваат реални резултати наспроти вештачките резултати од тестирањата и симулациите на полигоните.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom