Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Парче ги прават. Мислев дека Турците се нешто подобри од Саудијците (иако со релативно постари тенкови) кои јадат тежок ќотек од Хутите и за една година имаат изгубено преку 20 најмодерни Американски Абрамс тенкови.
Но грешка сум, за неколку дена Турците изгубија 7 тенкови. А сеуште не дошло до поголем судир меѓу Турците и ЈПГ (Курдите). Ниту со ИСИС. А ЈПГ се опремени со многу понапредни противтенковски лансери.

Што ли мислеа кога истураа еден куп противтенковски лансери на џихадистите...
Абе Ердо во својата ера на владеење ја десеткуваше армијата, а после овој пучов мислам дека ја докрајчи. Не верувам дека Војската на Турција е способна да излезе на крај со веќе прекалените борци во Сириски Курдистан или пак со ИСИС. Уште повеќе не е на сопствена територија.[DOUBLEPOST=1473367304][/DOUBLEPOST]
Ердоган игра сега со Америте. Во очекување на промена на позицијата на Бачката наша вртиопашеста :)
Ердо веќе и сам не знае со кого игра :)
 
Се спрема голема офанзива во внатрешноста на Алепо. Мислам дека сиријците со помош на иеанците нема да го изгладнуваат алепо туку ќе почнат офанзива пред турците да дојдат до прагот. Ако се успешни 35к трупи ќе бидат слободни да бидат префрлени на друг фронт.
Но пред да се случи тоа САА мора да го освои КАН ТУМАН. Со тоа секоја можност за напад на џихадистите ќе биде исклучена. САА е на прагот на Кан туман, пробаа малку да влезат ама имаше жесток одговор од Џаип Ал Фатех(Ал каеда).

Во секој случај ќе биде интересно.
Џихадистите изгубија секаква иницијатива. Не се во состојба да направат сериозен удар, Можат само да се бранат, со што полека ќе губат. Изгубија преку 1500 борци минатиов месец. Плус сега изгубија и значаен енергетски комплекс во Алепо. Ресурсите и муницијата им се намалуваат.

Пробаат да го свртат вниманието со тоа што беа на офанзива во Хама ама и тоа не им успеа.

Во источна Гута се на раб да изгубат многу големо упориште. Пратиле старешини да преговараат со армијата. Можно е и да се предадат.

Мислам дека наредниов месец ќе биде клучен за војната во Сирија.
 
Тенковите на Педроган..

Ама ги отвори, како Ева Сардина.
Тој третиот паметен, почна да шета лево десно.
Инаку, системов е КОРНЕТ, руско ѓубре де...:)
 
Турциве до кај се влезени во Сирија?

Не многу, погранични појаси, не повеќе од 20-30тина километри.
Доволно да бидат мета на против-тенковските лансери на ИСИС кои од сите видеа што ги изгледав, секој погодок резултира со уништување на тенкот. За разлика од тенковите на Асад, каде не секој погодок е уништен тенк.


 
Не многу, погранични појаси, не повеќе од 20-30тина километри.
Доволно да бидат мета на против-тенковските лансери на ИСИС кои од сите видеа што ги изгледав, секој погодок резултира со уништување на тенкот. За разлика од тенковите на Асад, каде не секој погодок е уништен тенк.


Што поседува ИСИС од противтенковско вооружување?
 
Што поседува ИСИС од противтенковско вооружување?
Покрај тенковите што ги поседуваат, имаат мнозинство TOW, но најверојатно и рускиот Корнет и неговите кинески, ирански верзии.
 
Чудно ми е во врска со конфликтот во Сирија и регионот како се појавуваат еден куп снимки од обезглавувања и грозни убиства на заробените од страна на ИСИС ,а нема ниедно видео од снимени робинки,за кое знаеме дека кај ИСИС ропството го има и е одобрено.
 
Оваа војна е голем срам за сите светски „лидери“. Ќе има долготрајни оддекнувања.
 
Оваа војна е голем срам за сите светски „лидери“. Ќе има долготрајни оддекнувања.

На секои 10 до 30 години на светските сили им е потребно бојно поле за тестирање на најновите оружја.

За Нацистичка Германија и Советскиот Сојуз, во 1930-те години тоа бојно поле беше Шпанија за време на шпанската граѓанска војна, Втората Светска Војна беше непланирана од страна на западот, но сепак добро одиграа западните држави, а и Советскиот Сојуз се докажа како силен воен играч.

Потоа во првата половина на 1950-те години, Кореја беше бојното поле за тестирање на првите млазни борбени авиони како што беа првите млазни МИГ-ови на Советскиот Сојуз и првите млазни Сабји на САД, па откако открија дека се изедначени, со исклучок на нуклеарниот арсенал каде што САД сеуште имаа предност, двете страни прифатија примирје.

Потоа следуваа 1960-те и 1970-те години, каде што САД тестираа безброј оружја во Виетнам - напалм, пестициди, секакви хемикалии за уништување на шумите во кои се криеја војниците и партизаните на Северновиетнамскиот Виетконг и што ли уште друго не. Но како што нацистите не беа подготвени за војување против партизаните во Советскиот Сојуз и на Балканот, така и американците не беа подготвени за војување против партизаните на Северновиетнамскиот Виетконг, поради што на крајот американците поразени си заминаа од Виетнам, но со одлични резултати од тестирањата на сите оружја кои ги тестираа.

Потоа следуваа бројни помали војни, но тие беа повеќе за демонстрирање сила и за наметнување влијание, отколку што беа за тестирање на оружје - Гренада, Заливската Војна против Ирак, Југославија, па после терористичките напади на 11 септември 2001 во САД следуваше американската инвазија и окупација на Авганистан, па откако Садам Хусеин се осмели да почне да врши трговија со нафта во евра наместо во американски долари, во 2003 година следуваше американската инвазија и окупација на Ирак, па во 2011 година за да се задоволат профитерските интереси на профитерите чиј што лобист е Хилари Клинтон која тогаш беше државен секретар за состојби на САД, следуваше бомбардирањето на Либија и масакрирањето на Моамер Гадафи, по што и` дојде редот на Сирија. Но бидејќи Русија подвлече црвена линија во Сирија, сега светските сили - вклучувајќи ја и самата Русија, се трудат колку што можат подолго време да ја одолговлечат војната во Сирија за да ги истестираат своите најнови воени играчки.

На крајот, исто како и во Шпанија, Кореја, Виетнам, Југославија, Либија, Сирија и сите останати држави низ кои истокот или западот си играл расипан телефон со воени играчки од крајот на Првата Светска Војна па наваму, главните и најголемите жртви се цивилните населенија во сите тие држави.

И да, срамот и одговорноста подеднакво ги делат сите учесници во ваквите крвопролевања.
 
Русија почна тивко да вклучува и копнени сили во сириската војна. Веројатно за со поставувањето на единици на одредени точки да оневозможи турско влегување подлабоко во Сирија посебно околу Алепо.
 
Оваа војна е голем срам за сите светски „лидери“. Ќе има долготрајни оддекнувања.
Сите војни се воопшто срам за човештвото и цивилизацијата, ако може светот во којшто живееме воопшто да се нарече цивилизација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom