Дрвени се да си знаеш
Кај старите куќи
лошо објаснив за куќата. Градена е на празен плац, од нула по стандард со арматури, плочи и столбови крајот на 70тите, по нормални стандарди. Приземје со полна плоча, спрат со бетон,
ферт греди и монти и столбови со нормална арматура. Дрвени греди освен роговите/кровот (како најголем број куќи), нема. Чисто информативно.
Проблем може да настане само кај таванот кој, заради стручното "местење" на мајсторите, е ставен погрешно (штафните на кои се држи трската и малтерот се ковани со шајките надолу, наместо на косо), но тоа недајбоже, при поголеми потреси. Освен штети на малтерот, нема други проблеми. А штети на малтер слушнав дека имаат доста куќи и станови без разлика на градбата и годината.
Проблемот беше друг. Ние немаме нормални информации од официјални страни, но меѓувреме слушнав зошто, па ајде да кажеме оправдано е.
Туку
http://skopjeinfo.mk/skopje-lezhi-na-procep-dlabok-dveste-metri
дали и како ќе влијаат овие информаци на цените на недвижнини? Со оглед на тоа што токму во посочените населби просечно најскап е квадрат недвижнини?