Windows 10

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Од многу луѓе слушам дека имаат проблем со Chrome, дали e дека им е премногу спор, користи многу ресурси итн. Не сум можел да сфатам до сега зашто имаат проблем, најверојатно е до тоа какви им се спецификациите на компјутерот. Јас лично никогаш не сум имал проблем, веќе со години користам само Chrome, најдобар browser е според мене :D
Абе чим другар со јака гејмерска машина се жали што очекуваш (ссд диск има, 16гб рам, и7 процесор ама хромот му цицал ресурси), епа цица бе другар кога имаш 4720384903284 2табови. ctrl+shift+t да стиснеш последен затворен таб да ти го отвори назад веројатно page not found ќе јави зашто не постои веќе страната ја избришале од интернет.
Да најлошо оптимизиран е, ама на користење до кај 7-8 таба не се осеќа голема разлика споредено со другите. Е со над 10 таба веќе стварно нема смисла да го користиш него зашто компјутерот како нинтендо ќе си го доживуваш
 
Да ама мене а и на многу други во оваа сфера само 7-8 таба ми фаќаат на работа стварите за мониторинг на системот, каде е мејлот, каде е на гугл да побараш нешто, каде се сајтовите за IP & DNS што требаат... затоа ме нервираат неоптимизирани ствари, каубојци во IT сферата.
 
Факт е дека последно време Хромот зафаќа повеќе ресурси. Јес да веќе на мојава машина и е одминато времето али на 4 јадрен процесор и 4гига рам Хромот да ми зафаќа 70% од рамот, дефинитивно е до неоптимизиранот. Пробав и со Мозилата, исти ѓавол, па пак си се вратив на Хромот :D
Не дека ми смета кизне колку ако почекам додатни селунда-2 али постарите верзии беа доста помазни. Фактички тоа беше тоа што го отсликуваше Хромот, мазноста.
 
Не знам за вас ама ја веќе месец дена фурам Edge без Хром, комплетно избришав од ПЦ и сум презадоволен, многу е мазен и брз како на почеток кога се појави Хромот.​
 
momentalno imam 20 taba na chrome od koi 15 se yt na win7, posleden pat go restartirav pred eden mesec, cekam da se blokira use nekoj den pa da go restartiram i toa na dual core pentium so 4 gb osven chrome nisto ne koristam.:D
 
Не е проблем хромот, десеткава е
С Р А Њ Е
Тотално го успорува конпјутерот. Истиот на седумка лета.
 
Зошто често ми дава нотификација да го рестартирам windows-от ?
ми пишува we'll restart your device outside of active hours...
 
По последниот голем апдејт (во август) ја дава таа порака, наместете си сами саати што вас ви одговараат за рестарт и нема мака да имате, ја го наместив кога не сум дома па нека се рестартира на исклучен компјутер племето негово :P

И посебно фала до @Ilumious што го сподели програмчето од претходната страна 360 Total Security, баш е добро.
 
Ќе прашав дали да ја мењам седмицава за десетка ама видов неколку незадоволни членови.Што е проблемот, по спор е во споредба со седмицата багови има или ? Инаку ја сум презадоволен од седмицава мада дојдов до степен каде што треба да се реинсталира, на недела дена го чистам од вируси и има по некој проблем е сега друг проблем е што ми е лиценциран а не знам кај ми е цд-то, а пиратска верзија ми е мех некако ...
 
Ставај супер е, какви багови. Година дена го користам, само еден баг имав со таскбарот но се оправи со последниот апдејт. Мене ми е одличен, супер беше и 7 меѓутоа го изгази времето веќе. Југославија тип на муабет е тоа, седмица боље од десет.
 
Кај сите е избришан CCleaner по последниот апдејт? Сега приметив дека го нема. :LOL:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom