Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
@baksterski Заеби братче незнам како си можел да ја трпиш до сега... немало ни потреба да пишуваш на форумов отерај ја у курац после некое време нема да ти текне на неа :)
 
P

PewDiePie

Гостин
/QUOTE]

Другарче фино тоа што ја сакаш,ама како што велиш штом имате толку караници не е ок,на начинот на кој ти си го напишал ова мене ми изгледа дека девојчево само бара повод за кавги и за раскинување,не е тоа врска во која двајца се сакаат ако едниот цело време му се заканува на другиот дека ќе му раскине,велиш таа нон стоп бара од тебе да се смениш а таа не го прави истото,па според мене или е себична личност или го чека моментот кога тебе ќе ти скурчи од менување и нема да личиш на самиот себе и ќе ти каже веќе не можам,веќе не иде премногу сме различни во карактерите ти не се менуваш(што и веќе си спомнал дека сте различни) така да според мене таа си бара причини да раскинете тоест таа да ти раскине зошто очигледно не и одговара далечината а може и си нашла друг. :/

Мој совет тури и ти пепел пред таа да ти го тури тебе,башка да не добиеш и рогови по пат со твоето трпение и надеж дека се сакате и дека ќе биде се во ред. :toe:
 
A

Auditore

Гостин
бакстерски, заврши се што имаш со таа, ќе те мота само додека не најде друг, иначе чим си во странство, па мамата му ебам живеј го животот, кецај тие бугарките, да го памтат македонскиот народ.
Поздрав
 
Р

~~РубинРед~~

Пост на место:)
Само што нему тоа му е тешко да сФати и да го стори,незнам да бев јас до сега илјада пати ке пресечев...или сака или не сака.
 
A

Auditore

Гостин
Пост на место:)
Само што нему тоа му е тешко да сФати и да го стори,незнам да бев јас до сега илјада пати ке пресечев...или сака или не сака.
Секој човек е приказна посебна, нема врска, се надевам дека му помогнав, затоа сме ние тука да помогнеме при такви работи.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Не знаев каде и кого да пашам, па случајно ми текна да пишам тука! Го обожавам форумов, барем луѓето се искрени кога се на нет и кога не ги гледаш, а тие искрено и директно ти кажуваат.
Еве вака: Девојка ми и јас одиме веќе 3 мес. јас сум во друга држава на студирање и не можам да си одам дома често, на 2-3 месеца. Многу често се караме во неделата еднаш е сигурно расправија, таа секој пат ми се заканува дека ќе ми раскине, онака од одоколу...како нешто не оди помегу нас, чувствувам дека е несигурна и ми потенцира дека далечината си го прави своето. Кога се караме често знае да каже и дека не си одговараме во карактерите но ме сака. И јас ја сакам и затоа ја толерирам, да беше некоја друга уште првиот пат ќе и ги удрев клоците, но премногу ја љубам. Не можам без неа, никогаш не ми се случувало ова иако сум имал многу врски, дури сум давал и совети на овие теми....Знам дека сум многу вљубен во неа, но не можам да издржам да се караме секоја недела и таа да ми се заканува со раскинување. Па јас сум машко, главен, многу ги почитувам жените, немој да ме разберете погрешно. Ама кога некој секој пат некогаш директно, а некогаш не, ти се заканува во врската со раскинување??? Видете ние и да раскинеме, што јас сум и верен и немам некоја посебна глупост направено од тие размери...ќе ми биде тажно 2-3 месеца и ќе продолжам понатаму, но не сакам да ја загубам? Се тера јас да сум се сменел...бла бла бла...иако јас веќе многу се сменив, и токму поради неа. Јас ја сакам а и таа мене, но имаме многу караници. Да продолжам со неа или не? Совет???
Идниот разговор почни го вака: „Не сакам да се караме. Те сакам најмногу на светот, верен сум ти, но неиздржливо ми е да се караме секоја недела. Ми недостасуваш, ти недостасувам, но ситуацијата е таква што се знае кога можеме да се видиме. Пред тоа не можеме. Ако сакаш да ми раскинеш, раскини ми, но без кавги и без нервози. Ако си сигурна дека не сакаш веќе со мене, стави крај, зашто јас нема да ставам крај. Но ако продолжиш со вакви испади и предизвикувања на нервози, ќе го затворам телефонот/скајпот/средството-за-комуникација и ќе ти дадам време да се оладиш, за идниот пат кога ќе разговараме да бидеш смирена и разумна“.

И стој си на зборот. Ако избувнува, едноставно затвори го телефонот или што и да е.

Ако таа тоа го протолкува како твоја незаинтересираност за неа, веројатно ќе направи некоја глупост, како на пример да се измува со некој трет. Ако тоа се случи - веднаш корпирај ја.

Но сепак, многу е можно дека едноставно премногу ѝ недостасуваш, а ѝ се сака до бесвест да си навлезете еден во друг, а не може, зашто и таа ти е верна. Во тој случај може да пробате сајберсекс, како најдоброто нешто што можете да го направите на раздалечина.

Како и да е, фокусирај се на смирување на комуникацијата, макар тоа значело дека (можеби) некој некому ќе раскине. Зашто подобро е (според мене) да си сам и да имаш мир, отколку да си во врска која ти носи само нервози во поголемиот дел од времето.

Ако е точно дека ти си се сменил поради неа, редно е и таа да се смени поради тебе, т.е. сите тие нервози и избувнувања да ги смири.

Со среќа. :helou:
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
baksterski само ако си на хероин неможеш без него, за останатото можеш и без него.
Малку дај бе човече самопочит !
Која е таа да те уценува тебе ?
Не се заебавај.
Не иде така, башка и не си во државата, тешко е да опстанат таквите лонг дистнс рилејшншипс.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

Само-почит е одамна заборавен поим во Македонија, зошто би бил овој случај исклучок - нема логика.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Колку што можев да разберам онака трчајќи низ постовите на форумот, конкретно за оваа тема, мислам дека можам некое советче да дадам. Како прво треба да ја разбереш и неа дека и е тешко што не си до неа и што не може да те гледа секој ден. Но, од друга страна премногу е себично да се лути и расправа со тебе бидејќи правиш нешто важно за себе - студираш во друга земја. Овој муабет дека те сака но не си одговарате 100% и е внесен во глава од другарки; ако она мисли дека не си одговарате одма ќе ти раскине ... (зборам од моја гледна точка). Значи мора да има нешто што ја приврзува за тебе (се надевам љубов) бидејќи како со кажа и сам има кавги, ако не те сака нема ни да има кавги, многу ќе и е гајле за тебе... Како и да е наредниот пат кога ќе си одиш дома обиди се да збориш со неа ама искрено и отворено (не само да се „гушкате“ :P) и прашај ја - Што ако се вратиш дома и ги напуштиш студиите ? (не дај боже да си направил такво нешто) Ќе биде среќна тогаш? Ќе остане со тебе до крај на живот и ќе те сака иако нема ти да си го оствариш својот сон? Треба и ти да се запрашаш дали го сакаш тоа без разлика колку ја сакаш. И уште нешто друже - 3 месеци... па дај малце време се ќе се среди. Јас со дечко ми одиме 9 години па пак се расправаме за банални работи, но на крај знаеме и јас и он да кажеме „Извини, не требаше така да направам/зборам“. Ти праќам среќичка и се ќе се среди ...
 
Член од
21 август 2010
Мислења
209
Поени од реакции
7
Не мислев дека ќе имам потреба да пишам на оваа тема, ама ете некогаш се чувствуваш навистина лошо и не знаеш како да си помогнеш. Ме интересира вашето мислење за повеќе годишна врска во која откриваш мали, глупави лаги на партнерот. Во глобала сум детективски настроена но секогаш се трудам без да истражувам за она што се сомневам да ја дознаам вистината од него. Но кога и по 3,4 пати едно исто прашање добиваш одговор кој едноставно не ти личи на логичен се обидуваш со неколку мали потези да ја дознаеш вистината. И да. Испаѓа како што си мислел...
Туку муабетот ми беше дека се чувствувам многу гадно. За овие неколку дена, сега ја дознав втората негова глупава лага (поврзана со истиот случај). Навистина се работи за глупава ситуација, која воопшто не би ме ни заинтересирала инаку ама ете интуицијата ми проработе и сега се чувствувам многу лошо. Навистина е гадно чувството кога ќе го замислам него и муабетот и како упорно ми тврди нешто спротивно. Прееска дури ми се налути бидејќи и пред него реков дека не сум баш сигурна која е вистината. Работата е што со такви беспотребни лаги прави да ја загубам довербата во него, и сега си го враќам филмот и почнувам да се сомневам во секој негов збор и воопшто во неговата љубов. Имам некако чувство дека воопшто не планира да биде понатаму со мене. Понекогаш на такви теми навистина чудно реагира. Можеби сега така размислувам бидејќи се чувствувам повредена а можеби и така е.
Сега се прашувам дали да преќутам како ништо да сум дознала но не знам колку ќе биде паметно бидејќи чувствувам некаков презир кон него во моментов и секако ја изгубив довербата. (Иако мислам дека утре секако ќе дознае дека знам)
Доколку пак му кажам дека знам не знам дали нешто ќе биде подобро. Тој кога е крив почнува да ја испревртува ситуацијата покажува револт, се прогласува за навреден и ја напушта просторијата лут. Како и да е на овој начин јас излегувам уште по повредена бидејќи се си ставам на срце, па ако имам можност да се исплачам добро ќе е, ако не веднаш имам потешкотии со дишењето и болки во желудникот... (можеби и постои уште некоја болест што не ја имам фатено од такви нервози)...
Па? Ако може некој да даде некој совет ќе бидам благодарна, ако не барем малку си олеснав:pipi:
 
T

Tetro

Знам дека сега ти е малце полесно. Можеби 20кг само, ама сепак полесно :)

Проблемот е јасен, вие сте повеќе време заедно, значи си се знаете кој каков е. Нему не му е првпат, а тебе ти е првпат да го фаќаш у лага.
Седнете, поразговарајте, кажи му да биде искрен, а за натака ќе си најдете заеднички јазик.
Ти си малечко, но знај дека не е убо некој вака да ти прај, а ниту пак ти да прајш некому то шо не сакаш да ти прат тебе.
Ако мислиш дека ти треба дополнителен совет, побарај пак. :helou:
 
Фала ти. Да полесно ми е, а и јас сум полесна (во тежината) откако сум со него. Само работата е што не му е прв пат да излаже а ни мене да го фатам.(Само што тоа беше повеќе на почетокот на врската.) Тоа и го нервира него, дека не може да ме излаже и затоа така реагира. А за да праиме муабет мислам дека е невозможно. Безброј пати сум му рекла дека кај мене лагата не поминува и дека дури и да се работи за нешто сериозно подобро е да ми ја каже вистината. Имам проблем со лагите. Едноставно не ги поднесувам и не ги простувам. Исклучоците ги имам направено за него со надеж дека нешто ќе се смени...
 
T

Tetro

Гостин
Фала ти. Да полесно ми е, а и јас сум полесна (во тежината) откако сум со него. Само работата е што не му е прв пат да излаже а ни мене да го фатам.(Само што тоа беше повеќе на почетокот на врската.) Тоа и го нервира него, дека не може да ме излаже и затоа така реагира. А за да праиме муабет мислам дека е невозможно.
Дали имате пробано една недела одмор, ти на една тој на друга страна. Оди некаде, кај тетка на гости и слушајте се телефонски по 2-3 пати во денот. Може ќе биде тешко, ама се издржува. И после да видиш како ќе се однесува према тебе.
Колку време сте заедно и колку години имаш?
 
Член од
21 август 2010
Мислења
209
Поени од реакции
7
Дали имате пробано една недела одмор, ти на една тој на друга страна. Оди некаде, кај тетка на гости и слушајте се телефонски по 2-3 пати во денот. Може ќе биде тешко, ама се издржува. И после да видиш како ќе се однесува према тебе.
Колку време сте заедно и колку години имаш?
Оф. Би ми било драго да ги отворам картите тука, многу проблеми би се решиле ама ете не е местото.
Инаку за предлогот добар е ама не е остварлив. Од Х причина јас не го сакам тоа (иако искрено скоро размислував за ова, ама...)
Имам 21 годинка :) и 3 ипол години сме заедно и што е најинтересно во муабетов заедно живееме
 
T

Tetro

Гостин
Имам 21 годинка :) и 3 ипол години сме заедно и што е најинтересно во муабетов заедно живееме
Вие сте се фатиле на орото одамна значи. Мило ми е за вас.
Епа сега, промена на планот, може и на некој нема да му се допаѓа, ама ти си изгледа многу попустлива личност. Не се давај, и не мора да бидеш таа што некој ќе ја влече за нос. Повлечи го и ти него малку. :)
Седни го еден ден на само. Отвори ја истата тема и дај му на знаење дека не е убаво да се лаже.

Ама како да започнеш е проблемот??

--- надополнето ---

Kajgana Shop

На врв Bottom