Како и кој може такво нешто да утврди?
Само Господ може да знае дали може или неможе да им појак земјотрес од 6.5.
[/quote]
Според направени студии и анализи од стручни лица утврдено е колку може да биде максимален интензитет на земјотреси тука.
Ако не се лажам до сега и од истражувања на почвата имаат утврдено дека и во подалечно минато се немаат случено мега земјотреси од магнитуда 7+.
Додека на пример кресненската плоча и делот накај пехчево имаат забележано земјотреси и над 7 степени.
Сеа нормално не може да биде 100% сигурно ама постојат докази и истражувања дека мала е веројатноста за тоа.
Такви земјотреси има доле Грција и Турција северен дел по текот на тој анадолискиот расед, каде што се притискаат и судираат големи континентални плочи. Таму има дрмано и преку 8 степени по Рихтер.