Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Баш ми се гледаше вилмче како The ones below. Хорор не е, ама драма заебана е! 7ца чиста.
 
Како што минатите две години беа во знакот на Ињариту, така годинава изгледа му се смешкаат наградите на Пабло Лараин (Чиле, режисерот на номинираниот за Оскар - No, и минатогодишниот фестивалски хит El Club). Чиле го предложиле за Оскар неговиот Neruda (повторно со Гаел Гарсија Бернал во главна улога), а по Венеција и buzz-от по неговото првенче на англиски - Jackie (зеде награда за најдобро сценарио), многу веројатно е да собере некои од наградите. За сега, Натали Портман е ран фаворит за Оскарот за главна женска улога за Jackie, а ништо чудно Лараин да лапне и номинација за режија.
 
Conjuring 2(n)(n)(n)(n)

Интересна замисла, мизерно сработено, со никакви хорор моменти.
 
Sully.

Можеби Том Хенкс навистина е Оскар материјал, ама самиот филм не баш. Не знам, Клинт Иствуд добро си ја завршил работата, и е далеку од просек филм какви што беа дел од неговите последни, ама самата приказна и не ми е баш многу темелна за да се најде на филмско платно. Од мене има 7/10. Мислам дека периодов ќе има купица многу подобри филмови кои ќе вредат да се најдат меѓу номинираните за Оскар, бар кога е најдобар филм во прашање, веројатно и за адаптирано сценарио.
 
Мерил Стрип во Florence Foster Jenkins - маестрална... до душа, само како актер, а како пејач, веројатно подеднакво толку ужасна колку и вистинската Florence. На моменти смешен филмот, и верувам дека е квалитетно парче кое може да собере награди (ете, гледам меѓу номинираните за Европската филмска награда е, а и Мерил Стрип сигурно ќе биде во трката по оскар), но мене некако, освен моментите кога пееше и се газев од смеа од време на време, ми беше неинтересен. Затоа само 6/10. Ама ѕирнете го ако немате што друго. Верувам дека барем ќе се посмеете. ;)
 
Како маестрално ги избира улогите Џејк :cuc:
Колку само сум хајпнат за филмот.

А како и да не биде човек кога A Single Man беше поезија. Интересно е како еден моден дизајнер е и толку добар режисер. Верувам дека Nocturnal Animals нема да разочара.
 
@MyloXyloto , кај најде subtitles за The Commune? Јас најдов еден, единствен, англиски вчера, го пуштив да го гледам и го исклучив по 5 минути - очи ме заболеа, ко некој од Свазиленд со основен курс по англиски да го преведувал. Само нафрлени именки и глаголи, смислата оди па пронајди ја.

И генерално, од кај симнувате преводи? Јас користам само podnapisi, titlovi и subscene. Неколкупати сум се зафркнал и со opensubtitles и веќе не ни барам таму, од истите причини како овој за The Commune.
 
Зошто толку слаб задниов X-men бе :S

Само Магнито и Професорот вредеа од цел филм, другото чизфест.
 
Неколкупати сум се зафркнал и со opensubtitles и веќе не ни барам таму, од истите причини како овој за The Commune.
Не ги отпишувај толку брзо.
И јас ги хејтав едно време најмногу затоа што додека да дојдеш до сабтајтлот треба 200 сајтови и реклами да ти се отворат.
Исто така често знаат и лоши преводи да имаат, како што си сретнал.
Сепак, понекогаш, особено за нови филмови и филмови од подрачје кое не е англиско, знаат да извадат океј превод, побрзо од сите други.
Не ги отпишувај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom