Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали за да се запише Бази на податоци мора да биде положен Алгоритми и податочни структури или доволно е да биде слушан?
 
Кој е најтежок предмет на смерот ПЕТ?
Не ти е баш јасно прашањево, ама ајде ќе ти одговарам според мое мислење.

Прв семестар :
  • Структурно програмирање
  • Дискретна Математика 1
Втор семестар :
  • Објектно ориентирано програмирање
  • Дискретна Математика 2
  • Архитектура и организација на компјутери
Трет семестар :
  • Алгоритми и податочни структури
  • Компјутерски мрежи
Четврт семестар :
  • Софтверско инженерство
  • Оперативни системи

Од овие веројатно најтешки би биле болдираните.
 
Оперативни... иако тоа е индивидуално.
 
За мене оперативни беше најтежок предмет во 4те години студирање. И тоа не толку дека е тежок за совладување, туку и поради тоа што е многу обемен. Учи, учи, не се доучува. :D
 
Oвој семестар треба да ги запишам
1.дискретна 1
2. струкрутно
3. ком.мрежи
уште кои други два би ми ги препорачале како полесни
Ви благодарам многу :D
 
Јебига ми ја одбија молбата за 6ти предмет, сега уште едно прашање имам. Дали за да земеш од друг смер изборен треба молба нешто или да си го земам само? И некој ако може да каже нешто за предметот ИТ системи за учење.
 
изборни од било кој смер од факултетот можеш да земаш без ограничувања.
 
Тежината на предметите е различна за секој студент,
Oвој семестар треба да ги запишам
1.дискретна 1
2. струкрутно
3. ком.мрежи
уште кои други два би ми ги препорачале како полесни
Ви благодарам многу :D
Од лесни предмети што некогаш ке ти користат:
Маркетинг
Интерактивни апликации
Лесни предмети:
Интернет програмирање
Вовед во интернет
ит системи за учење

Јас да сум на твое место би запишал маркетинг и интерактивни.
 
Почнувајки од учебната 2013/2014, студент запишан со партиципација на трошоците за студирање на прв циклус на студии, го губи статусот на студент запишан во државна квота и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање) ако:
  • не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).
Ако во минатиот зимски семестар имам положено 3 од 5 предмети, а летниов семестар 1 од 5 дали според ова сега (зимски семестар) ќе ме префрлат во приватна квота или ќе ме префрлат во следниот летен семестар, доколку не положам уште 2 предмета?
 
Ова е стварно многу глупа одлука, може некој планирал да спрема одреден предмет во јануари(од летен семестар) и буквално немаше никакво известување за ваквата промена. Доста колеги вака паднаа во приватна квота. Ако толку е пренатрупан факултетот зошто ја проширија квотата на сите смерови?
 
Почнувајки од учебната 2013/2014, студент запишан со партиципација на трошоците за студирање на прв циклус на студии, го губи статусот на студент запишан во државна квота и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање) ако:
  • не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).
Ако во минатиот зимски семестар имам положено 3 од 5 предмети, а летниов семестар 1 од 5 дали според ова сега (зимски семестар) ќе ме префрлат во приватна квота или ќе ме префрлат во следниот летен семестар, доколку не положам уште 2 предмета?
Јас како што сфатив, 50% од предметите од летен семестар да имаш положено до следниот летен семестар. Другото ми нема логика.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom