Како некој што отсекогаш го преферираше тер Стеген, искрено колку што беше виновен Браво за киксовите денес толку виновни беше и одбраната на Сити. Не можеш да играш со голман кога сите се кријат зад играчи на Јунајтед. Едноставно немаше кому да подаде кратко и мораше да се глупира со дриблинзи. Во Барса и Пике и Маскерано се нацртани близу гол линијата од двете страни на голманот и секогаш бараат позиција да бидат слободни за проигрување, исто како и Бускетс. Да бев на местото на Браво ќе ја пуцав па што ќе е нека е. На крај тоа и го направија, виде Пеп не оди како што треба. Голот што го прими исто беше пола вина на Стоунс, уште еден од поомилените играчи мои во ЕПЛ. Комуникацијата меѓу голманот и одбраната катастрофа...сигурно ќе се подобри, ама бековите и страничните мора исто така да научат да играат без топка и да знаат каде треба да се во кој момент.Ауу што се случи со Браво, во еден меч повеќе грешки од цела кариера во Барселона