FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.619
Поени од реакции
36.310
Фала, @grande-juve што ме поштеди од пишување. :P Само уште за претходниот да сумираме: се враќаме во нормала - 9 души го гледале, средна оценка - 7,3 . Толкава гледаност сме немале уште од Goodbye Lenin! Го испуштија: @MyloXyloto , @Џонтра Волта , @Leo Bonnie , @Erich Zann и @Daedalus кој сега и ни се приклучи, па еве, се надевам Singin' in the Rain ќе биде неговиот прв во клубов.

@wicked_1 - моравме да почнеме одново, зашто веќе му имав пишано порака на @grande-juve , но ти ќе бидеш следен, нема да чекаме да изврти цел круг. Секако цело време беше со нас и имаш коментирано и дадено оценка за 3 филма до сега. Очекувај приватна порака, и кога ќе бираш, те молам немој само Tinker, Tailor... - тогаш сто пати го почнав и никако да го изгледам. :P[DOUBLEPOST=1472471973][/DOUBLEPOST]@wot - Film Club 2016 (Singin' in the Rain: 29.08 - 11.09)
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Еј, извинете што не пишав ништо за филмов, не го гледав пошто периодов си напраив листа од окултни детективски филмови и само тоа гледам кога имам време, а другото се све обврски.
Али почнуеме од Singin' in the Rain. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.619
Поени од реакции
36.310
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Скоро го гледав A Simple Plan, не се сеќавам дали годинава или минатата година. Добро трилерче/драма, се сложувам со претходните коментари дека малку потсеќа на Фарго серијата, дали поради Били Боб или самата атмосфера не знам. Осумче сум му дал, не ми се репризира пак ептен ми е скоро глеан.
Ево @Zlatikevichius
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.629
Поени од реакции
34.014
Го гледав јас Singin in the Rain. Moра да напоменам дека да го гледав некој друг ден ќе ми влезеше во омилени филмови. Ама вчера не, премногу ми пречеше таа нападна позитива, раскажувајќи seemingly interesting plot али денс кореографии повеќе одошто треба да ги има во филм од саат и триесе. Нема да го оспорувам фактот дека филмот е квалитетен, изнуди неколку искрени насмевки тука-таму и ниту на момент не ми здосади, меѓутоа дури како мјузикл во толку очајна конкуренција (барем според мене) не ми изби на врвот, не па како филм да ми влезе во топнешто. Сепак, генерално одличен! Штета што не се погодивме ко шо треба.

★★★★½
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.619
Поени од реакции
36.310
Јас не го разбрав @wot сосема, да бидам искрен, и по три читања. Као - не беше којзнае што, ама пошто одличен, деветка? :P

Мене ми беше супер! Филмче за пуштање мозок на пасење и одмарање на очи и уши. Изнуди многу насмевки и кај мене, особено во деловите каде се појавуваше тој другар му од кабарето. Што ми остави најголем впечаток - колоритот (секако ако го оставиме на страна она што и врапчињата го знаат - кореографијата). Искрено, не очекував да гледам толку стар филм со толку кристално чиста снимка и такви бои како да е сниман во последнава декада. До душа не сум сигурен, сигурно сум гледал некоја remastered верзија, но сепак. На пример, да ми пушти некој краток инсерт или скриншот од овој, и да речеме, ете, од претходниот во клубов: A Simple Plan, а да не знам за кои филмови станува збор, дефинитивно би рекол дека овој е понов. Јас му дадов 8/10. Не е повисока оценката оти две работи ми сметаа: прво - ми фалеше приказна. Убаво рече вот, некако премногу танцување, колку да пополни време. Не дека ми сметаше танцувањето, туку пропорцијата танцување vs. приказна. И второ - делот кога Дон ја раскажуваше неговата идеја за модерниот филм, од околу 1:15:00 до околу 1:30:00, тие 15-тина минути ми беа тежок филер и убердосаднии. Не ми се вклопија во целата слика и пред и по тоа.

Ако споредувам (професионална деформација ми е, веројатно :P), на @grande-juve веројатно му се слабост филмовите за Холивуд, филмовите за филмовите и филмската индустрија (и првиот негов предлог, All About Eve ја имаше истата тематика). Што е следно, @grande-juve : Birdman? Trumbo? Или пак нешто постаро? Што и да е, да бидам искрен, едвај чекам да се сврти кругот пак. ;)

:bravobe:
 
G

grande-juve

Гостин
@Zlatikevichius слабост ми се, ама помага и кога се добри :D. И наредниот предлог ќе биде слично, ама не за Холивуд :).

Иначе баш тој делот со модерниот филм ми беше од појаките(уствари сите делови ми се јаки, затоа ми е во топ 20), и како краток филм ми функционираше одлично, плус двете сцени со женската на богаташот ми беа врв. Прво кога носеше зелено и се осеќаше огномет во воздухот :D, па после сцената со балетот.

А за приказната, како за мјузикл/комедија ми е повеќе од содржајна, класичен ром-ком, со холивуд во времето на премин кон звучниот филм.. мада во вакви филмови приказните не ги гледам до толку под лупа. И танцувањето(и пеењето) исто ми беше погодено и во контекст на филмот и по должина, можда и зашто сакам танцување. Сепак мјузикл е, а овие знаат да играат и го покажуват тоа целосно, и по времетраење и по тоа што се цели во кадар(исто и во филмовите на Фред Астер и Џинџер Роџерс), за разлика на пример во Footloose популарниов танц на Бејкон, кај што се мења кадар на 2 секунди ко да глеаш Трансформерс.
Али можам да разберам како на некој пропорцијата нормален филм/танцување би му "сметала".

Да има и формално оцена мада јасно е, чиста 10ка :D, 3-4 пати го имам гледано, и секогаш ме држел во максимално расположение и уживање од почеток до крај, и сум горд сопственик на блуреј дискот :noze:.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.629
Поени од реакции
34.014
Добро утро!
Расони се поубаво, сигурно у општи си сакал. :D
Ja бев сигурен дека после овој, следен од гранде ќе е Sunset Boulevard.
Инаку ако не бев јасен, ми се допадна, многу, само не толку многу за да ми влезе во топ5/10/20 листа.
Пу, како не ви го предложив Dancer in the Dark. :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.619
Поени од реакции
36.310
Добро утро!
Расони се поубаво, сигурно у општи си сакал. :D
Ja бев сигурен дека после овој, следен од гранде ќе е Sunset Boulevard.
Инаку ако не бев јасен, ми се допадна, многу, само не толку многу за да ми влезе во топ5/10/20 листа.
Пу, како не ви го предложив Dancer in the Dark. :P
Нееее, баш овде сакав. Why? Film Club кому го должи името? :P
 
G

grande-juve

Гостин
Sunset Blvd мислам гледан е од солидна бројка тука, иначе би бил во потесниот круг за предлог :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom