Кога имав 22 години се фатив со асистент од мојот факултет (тој имаше тогаш 35-неженет) ... врската траеше 3 месеци (летен распуст) ... тој предложи да не кажуваме на никој (само на најблиските) ... не траеше долго ... му раскинав ... неможев да се кријам и да лажам ... секој пат кога ќе бевме излезени немав можност да го гушнам (бакнам) ... потоа се срамев од тоа што ке кажат другите за нас (дури и моите пријателки) ... јас бев студентка со висок просек ... нескав да помислат другите дека така сум го ‘заслужила’ просекот ниту да кружат афери за нас – едноставно притискот за мене беше преголем!
Во меѓувреме останавме добри познаници – ретко сме во контакт, но кога треба си помагаме!
Сега имам 30 години и после подолго наше негледање – случајно се сретнавме во град пред 1 месец – и кај мене старите чуства се вратија – чуства на опиеност, страст и нежност во исто време – тој е сеуште неженет (никогаш не бил) а јас немам момче!
Оттогаш континуирано се среќаваме во град – па дури и седиме заедно – но цело време ќутиме – тој ќе зборува со сите само не и со мене, а јас кога зборам со него се збунувам, мислам дека чуствува дека го пијам со очите, дека знае дека можеби сакам нешто повеќе со него - целата треперам на помислата на него и едвај чекам да дојде викенд да го видам ...
Работите се сега понакви ... јас сум зрела личност ... вработена, сопствен стан и возило, со свое место во општеството, не зависам од никого и нема пред кого да ги оправдувам моите љубовни одлуки!
Но сепак, не сум нападна девојка и сега од нигде-никаде, секое излегување да му се тутнувам на сепаре и да дремам до него – но доколку не сум во поблизок контакт со него – се плашам дека залудно ќе го посакувам а тој нема ни да знае (подобро можеби и да знае)!
И најчудно од се – член сум на Кајгана, делам совети на другарки и непознати – доволно сум зрела и искусна да разбирам (прочитам меѓу редови) некои работи – да заведам маж и да флертувам – но тоа со него не го можам – едноставно се топам пред него ... кога завршува вечерта – посакувам да траеше уште малку подолго (абе симптоми на заљубеност)
Луѓе, ве молам помагајте – дајте разумен совет – бидејќи јас го немам!!!
Попатно, наскоро му е роденден – мислев да го изненадам (тоа сигурно ќе значи дека имам чуства кон него) со подарок убави бонбони или честитка (нешто како по пошта – не лично)! Што мислите за тоа?
Убаво е да се вози тинејџерски филм, неубаво е (од мене) да /се/ наметнува/м проблемот на години - но, BEHAVE. Ако се топиш пред него, сосема фино и нормално. Асоцијативната меморија владее. Би рекол и дека ти си му раскинала тогаш, а тој бил пре-кул околу тоа (не изреагирал како што можеби и си очекувала, што не мора да значи дека после соодветната реакција би го примила назад, туку би станало збор за дополнителен его boost / не дека не ти ги оправдувам причините, ама со самото стапување во врска со таков човек, покрај адреналинот ако не игра разумот вакви епилози се неминовни).
И сега изборот е прост. Ако тој (кој „никогаш не се ни женил“) нескротлив ерген го гледаш како „пролетно ветре“, а тој се' уште се држи до мачо моментот (кој пак можеби, ако не разговара со тебе, е играње на карта „кутриот јас“ апропо првичниот епилог на ситуацијата), можеш да направиш прв чекор или секогаш да се прашуваш „што би ако би“. За жал, епилогот кој мислам дека е поверојатен е дека детските болести ќе превладеат па или нема да го сториш тоа, или ако го сториш, тој ќе те казнува за „гревот“ од минатото.
Епилогот кој би одговарал на happily ever after моментот е дека обајцата ќе сфатите дека сте родени еден за друг и дека небосклонот со ѕвездите кои ги расеал вечерва одлучил да ја насочи сета своја енергија кон тоа совршениот soulmate couple да се спои повторно после толку време, можеби точно на наредната полна месечина...
Скршената вазна, колку и да ја лепиш, ги покажува браздовидните траги на делчињата на кои била скршена. Ако евентуално успеете да ги „гипсирате“ до задоволитено ниво, ќе почнам да верувам во бајки. Во спротивно, се би се свело на математика и на компензација... Што је моје, што је твоје / односно / јас волку, ти толку / што и не е лош избор, ако го спознаеш и одлучиш да ги почитуваш негативностите на истиот, доколку уживањето во позитивностите е доволно добро.
Последен совет: навистина не би требало, колку и да е неромантично и не е во склоп со реоткриената ти од пред 8 години, кога/ако ќе сте насамо да го срочиш муабетот „ми се чини дека не престанав да те сакам цело време“, „во очиве ќе ми ги видиш сите тајни“ итн итн итн.
Нема да запали во твоја корист, не за друго.
Многу среќа:smir:
Девојценце, Вилинското е 30ка, не е 12ка, не сфати дека веќе се разребруеле коа била студентка??
Виде??
@Вилинско коњче
Јас мислам да не му купуваш бомбони, дебилно е. Честитка...сигурна си дека си 30 години??
Купи му книга, поезија, на пример од С. Есенин. Во посветата напиши нешто интересно.
Јеботе, 30 гoдини си, не идеш на полуматура па бомбони да му купуваш и не ти е другарче од странство (пен пал), па честитки да му зимаш.
Едит
Не му купувај бре Есењин, земи му ги Пролетни води на Тургењев
)0
Шала. За него само Буковски, со посвета:
„Ако сакаш да умриш ко старо куче, удавен во сопствената исповраќаница од Џим Бим, игнорирај ме и курчи се колку ти е волја. Ако сакаш да сум ти љубоморна што би бил со мене, покажи дека си доволно голем и дојди на ___ во ___ часот на кровот на таа и таа зграда. Нема да те фрлам од неа, барем нема јас да сум таа што ќе те турне
“
Симултано зафркавање е, ама подобро е од она на мачорот Гарфилдов
))