Мини централата е со максимална моќност од 3kW. За ова на кровот на куќата се поставени 12 панели. Системот е достапен од ЕВН и компанијата им го нуди на сите домаќинства.
Владата на Република Македонија преку новиот Закон за енергетика ја отвори можноста секое домаќинство на кровот од својата семејна куќа, како и секоја компанија, да има можност да инсталира фотоволтаична централа и за сопствени потреби да произведува електрична енергија, а понатаму вишоците струја да ги продава
https://www.it.mk/vo-skopje-otvorena-prvata-fotovoltaichna-tsentrala-za-domakinstva-vo-makedonija/
Има некој информација колку е инвестицијата одприлика по KW за инсталирање на вакви панели ?
Тој систем кој е многу популарен и во земји каде сончеви денови има многу помалку отколку во МКД (Германија Полска, Холандија...) при што се поврзуваш во мрежата со твојот микрофотоволтаик и во времето додека произведуваш ел енергија, те создаваш вишок kW ги даваш во мрежата на ЕВН (или кој и да е понатаму по либерализацијата), а кога немаш производство те ноќе и зимно време (во маглите и безсончевите периоди) земаш од системот ел енергија и разликата ја доплаќаш...тоа се нарекува нет-метеринг систем и како реков функционира во земјите на ЕУ и САД деценија веќе! Постирав предходно, но не е на одмет да се види пак YT видео како тоа изгледа
https://www.youtube.com/watch?v=EuwfkW5M-kU&index=5&list=FLJqQAikY-GOSQG0-bB2Ka3w&t=140s или да речеме како го сваќам и како размислувам јас: на кров имаш фотоволтаици од 4kW пример се изложени перманентно на сонце (кога е сончево а не вака променливо) летно време 8-10 часа на ден, 26 дена во месецот (4 дена ќе врне!
тогаш по некоја математика си произвел нешто помалку од 1000kW, летно време трошиш 300, значи си заштедил 700 за зимските месеци, кога ќе произведуваш 400-500 месечно, а ако се грееш на струја ќе трошиш над 1000кW... (па компензираш)
Околу цените иако гледам дека сум го цитирал интервјуто (2016та) на пр Димитров од ФЕИТ кој спомна дека трендот, те цените и перформансите на фотоволтаици е слична со оној тренд на PC (персоналните) во 80-90тите, или технологијата и перформансите одат нагоре со огромна брзина, а цените надолу (иако не со толкава сепак многу брзо паѓаат) .... уште едн куриозитет околу тоа многу сликовит. Прочитав на нет или гледав YT ќе побарам...вели: Опрема за микрофотоволтаик од 2kW во 2011та комплет (без батерии) чинела 10,000$... во 2015та ист таков чинеше 5-6000.$... денес се смета дека е блиску или околу психолошката граница 1W=1$ и тоа цени во САД од реномирани производители. Што значи 2kW = 2,000$ (или Евра)... колку ќе бидат за две год може да претпоставуваме само! Секако некој постручен може да ме демантира, но ако не се лажам и моќта на панелите се зголемува, на иста површина во 2011та беа од 150W, па рипна моќта на 250.... веќе има во понуда 350W, со тоа и просторот за поставување се смалува нели!? Нови технологии нови материјали иновации ....
Колку што гледам и кај нас
https://www.facebook.com/efixelectrical/photos/a.10155011159439510.1073741831.193004179509/10155317808104510/?type=3&theater е тука некаде 1Wat-1Evro, барем во одговорот на некој што прашува колку чини систем од 5kW... па му одговараат (5К еур) иако спомнуваат батерии сепак не е тоа тоа! Мора да приметам дека во МКД даваат мала гаранција (3г) додека секаде низ светот е над 10 год (па и 20 г на панелите) а трајноста на системот 30-40 години! Така да по овие цени (од 18та) еден таков систем би се вратил како инвестиција за 5-6 години а натаму следните 20тина год за сопственикот е 80% бесплатна ел. енергија! И не само куќите, и во некои згради е можно вакво нешто! Во Германија на пр. има мали задруги од по 10-20 членови (од згради)... имаше еден напис предходно вели во Герм и Холандија семејства заработуваат од продажба на струја! (Сепак не се прекршива од заработка, но доволна у заштедата, те дека се покриваат!)
Незнаев дека е донесен овој закон (знаев дека е во припрема) мораа поради усогласување со ЕУ регулативи... нешто бенефит и за изнапатениов народ, а ако добро се размисли и голем бенефит за државата и стопанството! Само на крововите во Скопје “лежат“ Чебрен и Галиште... некој пресметал дека со овие услови кои ги има МКД (3-4 место во Европа по услови за користење на Сончева енергија), само на големина 1/4, колку што е територија на СК да се постават оние големи системи на фотоволтаици, би ги задоволило комплетно потреби на МКД за струја! Но тоа се милијарди инвестиција, а нам и не ни треба толку струја нели, пошто ги имаме хидроцентралите, па РЕК БТ... и тн и тн. Ако не милијарди, тогаш десетици па и сто мил. можат со една организирана програма, грантови од ЕУ субвенции да вложат и државата и граѓаните.... Мислам дека со овој тренд (цената на опремата долу, а перформансите горе) дека многу бргу, ова ќе стане тренд во Македонија.... иако засега реален проблем се „мангите„ од бизнисот со струја и релативно големиот простор за панели мислам за 4кW требат 40-50квадрати (не сум сигурен)... но верувам се надминуваат и двата проблема!
И затоа не се прашувајте кој е идниот хит бизнис кој топрва доаѓа!
Увоз и монтажа!
Не би се двоумел да инвестирам во вакво нешто како содружник... (и во двете опции!)