Правна помош и совети

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Дали ако шефот ве избрка од работа со образложение дека сте влегле во врска со колешка имате право да го тужите и за што ?

А небило наведено ни во договор ни никаде дека такви работи се забранети. :D
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.741
Поени од реакции
7.252
Дали ако шефот ве избрка од работа со образложение дека сте влегле во врска со колешка имате право да го тужите и за што ?

А небило наведено ни во договор ни никаде дека такви работи се забранети. :D
To sto ne je zabraneto, to je dozvoljeno

Sent from my SM-G7102 using Tapatalk
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.145
Поени од реакции
2.696
Дали ако шефот ве избрка од работа со образложение дека сте влегле во врска со колешка имате право да го тужите и за што ?

А небило наведено ни во договор ни никаде дека такви работи се забранети. :D
(2) Работодавачот може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот), поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина на вина) или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот (деловна причина).

Основани причини за отказ Член 76 (1) Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, кога не е можно продолжување на работниот однос, ако: 1) работникот заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос (лична причина) или 2) работникот ги крши договорните обврски или други обврски од работниот однос (причина на вина) и 3) престане потребата од вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот (деловни причини).

Неосновани причини за отказ Член 77 Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство, нега на член на семејството и неплатено родителско отсуство; 4) користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон.

Можеш да му се заканиш со тужба за неоснован отказ, ако уште стои на тоа, му поднесуваш приговор против одлука за откажување на договорот за вработување со отказен рок:
Член 93 (1) Против одлуката за отказ на договорот за вработување со отказен рок работникот има право на приговор до органот на управување, односно работодавачот. (2) Приговорот се поднесува во рок од осум дена од денот на добивањето на одлуката за отказ на договорот за вработување. (3) Приговорот го одлага извршувањето на одлуката за отказ до донесувањето на конечната одлука по приговорот, која се донесува во рок од осум дена од денот на поднесувањето на приговорот. (4) Кога не е донесена одлука по приговорот во рокот од ставот (3) на овој член или кога работникот не е задоволен со одлуката донесена по приговорот, има право да поведе спор пред надлежниот суд. (5) По барање на работникот синдикатот може да го застапува работникот во постапка по приговор.

Исто така да пазиш на застареност (член 94):

Член 94 (1) Отказ на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот во рок од три месеца од денот на дознавањето за фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од шест месеца од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот. (2) Oтказ на договорот за вработување поради причини на вина од страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот во рок од шест месеци од денот на дознавање на фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од 12 месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање отказот. (3) Отказ на договорот за вработување, работодавачот може да му даде на работникот поради сторено кривично дело на работа или во врска со работата, најдоцна до истекот на рокот за застареност утврден во закон за стореното кривично дело.
 
Т

Триптико

Гостин
Дали ако шефот ве избрка од работа со образложение дека сте влегле во врска со колешка имате право да го тужите и за што ?

А небило наведено ни во договор ни никаде дека такви работи се забранети. :D
Да не си плеснал некоја негова, па таа сега не му дава? :D
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ја изгубив личната карта и ме интересира колку пари треба да се плати..Да не знае некој случајно?

  • Ќе ја огласите за неважечка во „Службен весник на РМ„ на свој трошок.
 
Т

Триптико

Гостин
Ја изгубив личната карта и ме интересира колку пари треба да се плати..Да не знае некој случајно?

  • Ќе ја огласите за неважечка во „Службен весник на РМ„ на свој трошок.
http://www.slvesnik.com.mk/tarifa.nspx

Мислам 60 денари. Ете ти тарифник, некаде долу беше.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
na imotnite listovi od katastar, negde pisuva sopstvenost, negde pisuva pravo na sopstvenost.
sto e razlikata?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
na imotnite listovi od katastar, negde pisuva sopstvenost, negde pisuva pravo na sopstvenost.
sto e razlikata?
Кога мене ми пишуваше,право на сопственост,тоа значи дека треба да се легализира.
А сопственост дека имотот е легализиран:)
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
na imotnite listovi od katastar, negde pisuva sopstvenost, negde pisuva pravo na sopstvenost.
sto e razlikata?
Нема никаква разлика.[DOUBLEPOST=1472563158][/DOUBLEPOST]
na imotnite listovi od katastar, negde pisuva sopstvenost, negde pisuva pravo na sopstvenost.
sto e razlikata?
Нема никаква разлика.
Кога мене ми пишуваше,право на сопственост,тоа значи дека треба да се легализира.
А сопственост дека имотот е легализиран:)
Сопственост и право на сопственост се две исти работи. Еден објект се легализира доколку во имотниот лист не е внесен, односно нема лист В.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
malce mentalna gimnastika.
sekoj ima pravo na rabota, sto ne znaci deka ima rabota
baska,ako e isto zaso ima dve formulacii?
 
Член од
6 април 2015
Мислења
423
Поени од реакции
150
Здраво
Имам долг кон оне операторот (сега вип ) , долгот беше 21000 денари , поминати се 11 месеци , но ми стигна писмо од некое адвокадско друштво Кузмановски да ги платам тој износ во спротивно ке ме дадат на извршител ....
Нели сметката застарува после 12 месеци ? Ве молам некој совет , како безболно да го средам случајов ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom