Океј, почнува КХЛ.
Ко што спомна Ридлер претходно, СКА се убедливо најдобар тим сезонава и најголем фаворит за освојување. Имаат нов тренер, Олег Знарка, од NHL го доведоа еден од легендите во рускиот хокеј Павел Датсјук, а се засилија и со Тихонов по десно кој дојде од Череповец и Плотников по лево кој дојде од Кабаровск. Лани и 2цата имаа добри сезони. Во припремите играа одлично, демолираа на сите натпревари со по 5-6 гола минимум и направија права увертира на тоа што ќе се случува во Русија годинава. Верувам дека вака мотивирани ќе одат ол-ин на овој меч.
Трактор од друга страна, го сменија тренерот, сега тренер им е некој младич, ама тоа и не е толку проблем колку што е проблем голманската позиција каде немаат солиден човек. Против ваков напад на СКА ова ќе е голем хендикеп и треба да се искористи квотата.
Друго што ми фаќа ум на добра квота е Сочи - Динамо Рига.
Латвијците за малку ќе пропаднеа ко тим поради финансиска криза. Си заминаа скоро сите играчи и тренерот и имаат комплетно нов ростер за сезонава. Најсмешно е што немаат пари за тренер па за тренер беше назначен генералниот менаџер
Тој досега нема никакво тренерско искуство.
Сочи се фаворити за влез во плејоф сезонава пред се поради гранитната одбрана што ја имаат. Во вакви услови, кога во гости им доаѓа смешен тим, треба лесно и брзо да дојдат до бодови.
Омск е меѓу фаворитите за топ3 во регуарниот дел во истокот заедно со УФА и Магнитка и денес имаат релативно лесна задача против Југра во која врие од играчи во години. Не вложуваат во смена на генерации и тоа ќе им се одбие од глава сезонава според мене.