Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Главниот коњаник на градежната индустрија во Скопје се младите луѓе кои прават трајна преселба внатрешност > Скопје која што екстремно се интензивираше во последниве 5-6 години.

Во новиве згради во Аеродром и Лисиче таквите луѓе се 60% од купците ако не и повеќе. Најчестиот пример е млад брачен пар по потекло од други краеви на Македонија со завршен факултет и најдена работа во Скопје. Најчесто се оди со продавање на дедовината, земјиште или користење на оставеното наследство за црни денови и тие пари се користат за уплаќање на страшно високите аванси кои што ги бараат банките и другиот дел се финансира со кредитче, а тоа што ќе остане од кешот за нешто да се опреми во станчето. Ова е најчестиот пример посебно интензивиран во последниве години поради тоа што помладите генерации во огромен дел одбиваат да живеат во веќе целосно испустените градови и села низ Македонија каде што е голема беспарица. Во последниве години посебно во Лисиче доминираат кумановските авганистанци кои се решаваат се почесто да го решат станбеното прашање во Скопје наместо во Куманово.

Градежно движење има во албанските делови во Полошко, Струшко и Кичевско доминантно поради гастербајтерите и делумно во Охрид од добростоечките скопјани.

Интересна работа е што Скопје има многу голем број на празни станови а и покрај тоа цената останува висока. Тоа кажува дека тој што има пари не ги вложува истите во инвестициски фондови, бизниси или банка туку најчесто ги вложува во стан како капитал. Ова во Македонија веќе стана правило за вложување на пари. А бидејќи тој човек има пари, не чувствува никаков притисок да го продава станот поефтино и не му смета да си стои празен. Со тоа тие исто така придонесуваат за пумпање на цената нагоре. Е сеа тие луѓе се коцкаат дека цената на становите ќе остане ваква каква што е на долг рок. Дали ќе биде така ќе видиме. Кај младите во последно време започнува поголем тренд да се оди со селење во странство наместо како што беше до сега во Скопје.
Главниот коњаник не се младите, туку размислувањето да се вложи во цигла. Освен младите, доста станови се купени од помали/поголеми бизнисмени од внатрешноста, некои од нив имаат и по 3-4 станови. А реално гледано, освен во цигла во што друго да се вложат, бизнис ?
Цените на долг рок ќе останат вакви освен ако не превземи нешто владата во однос на оданочувањето, на пример, 1 стан 100Е, 2 стана 1000Е, 3 стана 10000Е данок, тогаш ќе падне цената инаку размислувањето е кога тогаш ќе го продадеме, посебно ако кредитите од банките се подмирени на газдата на зградата.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Treba kako na zapad da se vovede danok za prazni stanovi. Tamu ako imas prazen stan gazot ke ti go izgorat od danoci i odma ke te nateraat ili da go izdavas ili prodades. Danokot za stan vo koj nekoj zivee e 5-10 pati ponizok nego za prazen, bez razlika dali sopstvenik ili kiragija. Istovo vazi i za gradezni parceli, i za tie ima ogromni danoci vo zavisnost na koja lokacija e.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.121
Поени од реакции
1.278
Колку се реални цените на становите во Скопје (Македонија) ?

ИЧ не се реални ако се земе во предвид дека 60% од населението заработува подпросечна плата а м2 е колку 3-4 просечни плати нема потреба од понатамошна дискусија.

Но ајде вака да се постави еден проблем ако според некои минимални стандарди потребна квадратура по лице е 11 м2 за еден брачен пар со 2 деца треба минимум 44 м2 по цените посочени погоре повеќе од 50.000 евра. Е сега колку просечни плати се тоа, а во меѓувреме нели тие луѓе треба да јадат, да платат сметки, да се лекуваат....

Иако јас моето стамбено прашање го имам решено пред 2 год. (и не заземам страна на купувач или пак продавач) сеуште сметам дека кај нас во Македонија стан (особено стар) се продава не колку што врееди туку онолку колку што му требаат пари на продавачот, за нов многупати е расправано за тоа колку се заработува од стан да не се повторуваме.
 
Член од
28 јули 2016
Мислења
57
Поени од реакции
76
За 50 000 евра стан од 50 м2 ??? Па за тие пари подобро куќа ќе си издградам него да бидам ко врапче затворена. Имаме убедливо најскапи станови на Балканов. Не ми е јасно како може една метропола како што е Софија или Белград да има поефтини цени од нашиве. :unsure:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
Реални се, кога има некој пари да ги купи. Ако нема, цените ќе се спуштат. Е сега, ако некој сака во Центар, Козле, Аеродром...да зема стан 1000-1500 евра, тоа е друго. Во Чаир и Бутел становите се 500-600, ретко 700 евра квадрат. И кириите се различни. Арно ама таква политика државата и градот водеа повеќе децении па еден дел од градот заостана со урбанистички планови и уредување. Секој треба да гледа и според џебот, а не само според желбите.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
За 50 000 евра стан од 50 м2 ??? Па за тие пари подобро куќа ќе си издградам него да бидам ко врапче затворена. Имаме убедливо најскапи станови на Балканов. Не ми е јасно како може една метропола како што е Софија или Белград да има поефтини цени од нашиве. :unsure:
Во београд имаш и 3000 евра квадрат, зависи од местоположба, а за 50.000 евра, куќа можеш али во прилеп да си направиш, рачунај плац, комуналии проект дозволи и градба па санитарии дограма електрика.....
 
Член од
28 јули 2016
Мислења
57
Поени од реакции
76
Во београд имаш и 3000 евра квадрат, зависи од местоположба, а за 50.000 евра, куќа можеш али во прилеп да си направиш, рачунај плац, комуналии проект дозволи и градба па санитарии дограма електрика.....
Така ако рачунаме неможеш ни у Прилеп да напраиш, мислев само за градбата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
И ќефот не е ист после да живееш во 60 квадрата стан или во нова куќа.
најќеф е негде да си земеш плац на тенерифе или сејшели и си кренеш куќа на 200 метри од океанот...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.877
Поени од реакции
36.921
најќеф е негде да си земеш плац на тенерифе или сејшели и си кренеш куќа на 200 метри од океанот...
Маката кај нас е што нема инфраструктура да си живееш ко чоек надвор од град. Кола ќе искршиш, ако снемаш струја ќе треба два дена да чекаш да ти ја пуштат, ќе треба септичка јама да правиш па да ја празниш, при мал дожд ќе се поплавуваш...

Инаку комодитет и квалитет на живот е неспоредливо. Не за џабе на запад секој што има малу повеќе пари си живее во куќа.

Ако имаш плац повеќе се исплати отколку купување стан.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.261
најќеф е негде да си земеш плац на тенерифе или сејшели и си кренеш куќа на 200 метри од океанот...
Уште понајќеф би било кога тоа би чинело 50000 евриња
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.121
Поени од реакции
1.278
Реални се, кога има некој пари да ги купи. Ако нема, цените ќе се спуштат. Е сега, ако некој сака во Центар, Козле, Аеродром...да зема стан 1000-1500 евра, тоа е друго. Во Чаир и Бутел становите се 500-600, ретко 700 евра квадрат. И кириите се различни. Арно ама таква политика државата и градот водеа повеќе децении па еден дел од градот заостана со урбанистички планови и уредување. Секој треба да гледа и според џебот, а не само според желбите.
убаво си пишал за цените таму ама ако имаш дете македонче само ти во класот мамичето ќе му го расплачат нашколо, за по автобус или на улица да не правиме млабет, не е секој аздисан од многу пари или од чепатисување па да седи на локациите кои ги наброја прво, има и нешто што се вика цивилизација.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Уште понајќеф би било кога тоа би чинело 50000 евриња
то и ми беше поентата, ќеифот не оди секогаш со можностите, ако имаш 50000 евра ил стан в центар ил куќа во околијата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom