- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Главниот коњаник не се младите, туку размислувањето да се вложи во цигла. Освен младите, доста станови се купени од помали/поголеми бизнисмени од внатрешноста, некои од нив имаат и по 3-4 станови. А реално гледано, освен во цигла во што друго да се вложат, бизнис ?Главниот коњаник на градежната индустрија во Скопје се младите луѓе кои прават трајна преселба внатрешност > Скопје која што екстремно се интензивираше во последниве 5-6 години.
Во новиве згради во Аеродром и Лисиче таквите луѓе се 60% од купците ако не и повеќе. Најчестиот пример е млад брачен пар по потекло од други краеви на Македонија со завршен факултет и најдена работа во Скопје. Најчесто се оди со продавање на дедовината, земјиште или користење на оставеното наследство за црни денови и тие пари се користат за уплаќање на страшно високите аванси кои што ги бараат банките и другиот дел се финансира со кредитче, а тоа што ќе остане од кешот за нешто да се опреми во станчето. Ова е најчестиот пример посебно интензивиран во последниве години поради тоа што помладите генерации во огромен дел одбиваат да живеат во веќе целосно испустените градови и села низ Македонија каде што е голема беспарица. Во последниве години посебно во Лисиче доминираат кумановските авганистанци кои се решаваат се почесто да го решат станбеното прашање во Скопје наместо во Куманово.
Градежно движење има во албанските делови во Полошко, Струшко и Кичевско доминантно поради гастербајтерите и делумно во Охрид од добростоечките скопјани.
Интересна работа е што Скопје има многу голем број на празни станови а и покрај тоа цената останува висока. Тоа кажува дека тој што има пари не ги вложува истите во инвестициски фондови, бизниси или банка туку најчесто ги вложува во стан како капитал. Ова во Македонија веќе стана правило за вложување на пари. А бидејќи тој човек има пари, не чувствува никаков притисок да го продава станот поефтино и не му смета да си стои празен. Со тоа тие исто така придонесуваат за пумпање на цената нагоре. Е сеа тие луѓе се коцкаат дека цената на становите ќе остане ваква каква што е на долг рок. Дали ќе биде така ќе видиме. Кај младите во последно време започнува поголем тренд да се оди со селење во странство наместо како што беше до сега во Скопје.
Цените на долг рок ќе останат вакви освен ако не превземи нешто владата во однос на оданочувањето, на пример, 1 стан 100Е, 2 стана 1000Е, 3 стана 10000Е данок, тогаш ќе падне цената инаку размислувањето е кога тогаш ќе го продадеме, посебно ако кредитите од банките се подмирени на газдата на зградата.