Бодибилдинг дневник

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Одамна не сум пишал.

Последниов месец направив повреда на флексорот на колкот. Да ја направев за време на тренинг ептен немаше да ми биде жал зошто од сопствена глупост би била.

Туку, почнав со Madcow 5x5 (+ accessory work) пред 6 недели.
Одлично е, си стигнав до PR-от на четвртата недела, од тогаш натака секоја недела кршам PR.
Си реков дека ќе се bulk-нам, ама по грешка се shred-нав. Немав праено strength програма долг период, ептен ми фалеше ова.
Флексорот, нормално, ме заебава при чучњеви, ама со low-bar не ми смета. Редовно истегнување помага, дефинитивно. Фала богу што факултетското образование ми е физиотерапија.
 
Смешно ми беше кога си викав сам на себе дека јадам по цел ден, а не качуем килажа. Жими се, луѓе наједоставни работи ги прекомпликуваат, измислување топла вода. Качен сум некои добри 17тина кила, моментално крузам околу 76-77кг.

Можеби не сум нешто супер шредед како летото, ама... она чувство кога ќе попуниш блузи во кои си пливал некад, PRICELESS.
 
Дневниче,

Почнав во август со надеж за да вежбам сериозно, но излезе да вежбам само еден месец и пак да паузирам, па пак да почнам во Октомври и еве ме 6та недела активно вежбање после долгата пауза и многу изгубена мускулна маса, се враќам во форма. 100ката на бенч пак падна, 210кг преса нозе, 120кг чучањ, 140кг мртво дигање, 8 серии со мои 81кг на разбој по 10 повторувања беа причина 3 дена да имам воспалени лакти, гради и трицепс.
Со лактите и зглобовите и така и така мака мачам, посебно кога имам трицепс на дневен ред и skullcrushers ми се темни пред очи.
Се осеќам доста силен, форсирам моја програма во која ги вежбам по 2 пати секоја мускулна група неделно со што бегам од кардиото, а сепак трошам многу калории, едниот тренинг секогаш пауерлифтерски, другиот волуменски за хипертрофија, минатата недела 7/7 дена тренинг, оваа ќе правам 3 дена пауза поради обврски. Суплементи послабо, она што ми беше останато од креатинот заврши уште незапочнат да го пијам, протеинче уште за 2-3 дена, ЗМА за месец. Мора да се најде нешто пред новава за следни 3 месеци.
Храната ме мачи, посебно додека сум на работа, немам многу време за готвење, уште помалку услов за да носам и готвени оброци, па сеуште еве ме јадам пецива, исто и од благото се немам одречено, но полека го тргам на страна.
Од следна недела ќе правам еден експеримент во рок од 8 недели, па ќе видиме исход :)
 
Во премиум спорт имаат предновогодишни понуди,не знам за што си,ама масл џуз 2600 е 1990 денари од 4.5 кг...а имаат и простар и креатин 4000 мислам...
 
После видеово нема да сакаш уште еден Skullcrusher да направиш до крај на живот: https://www.youtube.com/watch?v=T6G2iE_ECLY
Не ги практикувам многу често, ги правев на почетокот кога почнав да вежбам и осетив проблеми со лактите, па ги прекинав. Сега еднаш во 3 тренинзи ги правам, обично со еднорачен ја правам или пак си правам на разбој, тесен фат...
 
Еве како стоиме со трицепс играта моментално, не сум бил у теретана 2 недели а не сум се отрезнил месец дена. Знам дека премногу си играм ама јебеш. Варирам помеѓу 77-80кг моментално.

30e72411d6.jpg
 
Следи недела предвидена за детоксикација и алкализација од наредната започнувам со MI40 Xtreme 2.0 . Не верувам дека ќе ја издржам во целост финансиски, но обезбедив 4.5 кг протеин за тие 6 недели, креатин монохидрат обезбеден, очекувам да пристигнат аргининот, цитрулин малат, минерали и витамини, во моментов го спремам екселот со храната за првите 2 недели, а тековно ќе ги средам и останатите 4 недели.
Let the game begin :ojeaa:
 
нешто повеќе дај пиши ? и жити се не ми кажувај дека имам на нет,знам дека имам на нет,но сакам прочвакано,за тоа е и форумов.Во кратки црти зошто ти е тоа,и зошто толку многу суплементи,и толку долго(6 недели) и што храна ти треба за тие 6 недели ?
 
Ја пратив на голем дел од членовите тука оваа програма, не измислувам топла вода во случајов, ја следам програмата со исклучок на храна што е поскапа и храна што не можам да ја јадам, па ја променувам со соодветна.
Не се многу суплементи, проблем е нашиот стандард инаку по канта протеин на 3 недели е таман ако имаш кеш да го купиш, друите суплементи се стандард стимуланс кои е пожелно да ги имаш и како рекреативец, за да не е муабетот џабе вежбај, џабе не седи.
Во порака имаш линк од торентот до оваа програма, таму имаш неколку пдф документи со детален опис што и кога се јаде, како се вежба и колку се вежба.
 
После мала пауза од фитнесот, поради повреда на раката, се враќам jaci nego ikada и че ја врајчам сајонската форма, ма и нешто појако!
 
Дневниче:
Моментален статус:
Суплементација: 2 типа веј протеин, едниот изолат, другиот концентрат, Цитрулин малат, аргинин, креатин монохидрат+ зма + витамин Ц.
3 гр протеин по кг телесна тежина, 1гр јаглехидрати по кг телесна тежина, остаток до 2100ккал масти.
Суплементацијава ја осеќам одлично, секој тренинг различна варијација на вежби и тежини, после секој го осеќам воспалението следните 2 дена. Тежини на секоја вежба зголемено, бенчот 100ка х 3 повторувања, мртвото 160кгх 5, чучањ 130кг х 3повторувања.

Цел, крај на Јуни да бидам околу 8% телесни масти и 76кг

Време е за тренинг :vozbud:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-
Дојде сезона за чистење, моментално сум на некои 74.5кг, во надеж дека ќе ги има стомачните на 70кг. За разлика од претходниот пат, овој пат планирам малце поспор кат, пошто меракот да ги имам стомачните помина уште претходното лето. Уште сум во онаа фаза каде што плачам за cheating day, така да, pray for me brothers.
 
После 20 дена диета со макс 50јх на ден денес направив еден чит од 3 сендвичи со лесковачка и сладолед... незнам зoшто ама многу се каам и мислам дека претходните 20 дена се биле џабе диета :(
 
После 20 дена диета со макс 50јх на ден денес направив еден чит од 3 сендвичи со лесковачка и сладолед... незнам зoшто ама многу се каам и мислам дека претходните 20 дена се биле џабе диета :(
Па за 20 дена и не се вадат стомачни искрено.. без DNP барем, не.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom