Вонредна состојба: Поплави во Скопје-Тетово

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.249
Ќе споделам подолг текст од одлична анализа

****
Во РМ законски и во пракса постои СИСТЕМ за справување со кризи со институции во кои работат над 600 луѓе: Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)

ЦУК е поглавно тело и има улога на проценка, планирање и менаџмент со кризната состојба, додека ДЗС е главното оперативно тело, кое треба да ја има механизацијата, материјалните резерви, тимовите за брз одговор, но исто така да врши планирање, проценки и справување со кризна состојба

Основни два документи, се Проценка за загрозеноста на Република Македонија од природни и други несреќи и Национална стратегија за заштита и спасување.

Во Проценката, документ од 2007 година, се наведува (стр. 17):
…Врз основа на претходно наведеното, може да се заклучи дека преземените инфраструктурни мерки и активности во однос на заштитата од поплави не се доволни и не обезбедуваат ефикасна заштита од поплавите кои секоја година во помал или поголем обем ја зафаќаат Република Македонија.

Водостопанските објекти во Републиката недоволно и несоодветно се одржуваат, што претставува голема пречка во ефикасноста… во заштитата и спасувањето од поплавите....Системите не се во функционална состојба, така што и при појава на врнежи од помал обем, водата се излева и поплавува.

Во Националната стратегијата за заштита и спасување , се наведуваат и следниве приоритети:
– заштита и спасување од поплави

Покрај основните закони и стратешки документи, постојат повеќе десетици подзаконски акти, уредби, правилници, упатства, интерни акти за разни типови активности и постапки при несреќи и акции за спасувања.
Еве што вели еден таков подзаконски акт, наречен Уредба за видот и обемот на материјалните средства за заштита и спасување:

Член 2
Видот на потребните средства кои треба да се обезбедат како резерви за настраданото население е:
– прехранбени производи (житарици, компир, грав, сол, шеќер, масло за јадење, храна од животинско потекло, млеко и млечни производи),
– прибор за јадење (порција, нож, виљушка),
– лекови и медицински потрошен материјал,
– средства за одржување хигена (хигиенско санитетски комплети),
– средства за престој и сместување (шатори, вреќи за спиење, ќебиња и перници) и
– садови за вода (канистри и помали садови).

Член 3
Распоредувањето на средствата од член 2 на оваа уредба ќе се врши по човек и семејство во количина или обем како следи:
– прехранбени артикли по човек во висина не помалку од 2100 ккал,
– еден прибор за исхрана по човек,
– еден семеен пакет за одржување лична хигена за еден месец,
– еден шатор за сместување со капацитет од 4 – 12 лица за едно семејство,
– по едно ќебе, вреќа за спиење и перница за едно лице,
– лекови според потребите утврдени од здравствена служба,
– садови за вода по еден канистер за семејство и
– нафтени деривати според извршена проценка на потребите.

Член 4
Резервите од материјалните средства од членот 2 на оваа уредба се обезбедуваат за загрозено население од 5.000 лица за времетраење од 30 дена од настанувањето на непогодата

***
Сеа, шу праиме ?

Имаш Проценка во која стручњаци ти укажуваат дека имаш опасност од поплави
Имаш Стратегија за заштита во која точно е определено кој и како треба да делува во случај на поплави
Имаш 2 државни институции со десетици милиони евра буџет и над 600 вработени
Имаш регулирано и ситници, пример, колку и каква храна мора, како држава, да имаш обезбедено

Стварно, треба да се бара одговорност од некого или доволно е да палиме свеќи за Бог да чува од полошо наредниот пат ?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Џабе е и одговорност и све. Тоа подрачје ќе продолжи да се поплавува се дур не се изгради соодветен систем од канали со доволен капацитет, кои водата ќе ја спроведуваат до Вардар (ја искрено се надевам дека некоја наредна влада бар ќе ги тргне бродовите од коритото), и што е најбитно кои ќе се одржуваат. Пошумување сега за сега не е опција пошто и да пробаш да им објасниш на тие луѓе во Арачиново не сум сигурен дали ќе сфатат нешто. Се дур Скопје не се гасифицира и дрво и струја се главниот ресурс за затоплување на домови, Македонија полека ќе се претвора во пустина. Па дури и тогаш би заградил цели шуми со бодликави жици и електрични огради во неколку слоја, плус 24 часа видео надзор, плус да патролираат дузина вакви. Со таква багра поинаку и не може да се излезе на крај.
 
Последно уредено од модератор:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Се дур ова го препишуваме како божја работа на која не сме можеле да дејствуваме и се дур нашиве градоначалници и општо политичари си мислат дека се непогрешливи богови, месии пратени од господ тука да не спасат нас обичните смртници, ништо нема да се смени.

22ца официјално загинати ради дожд, а неофицијално бројката викаат дека се движи накај 50 луѓе, само што медиумите не го пренесувале тоа.

И 1 човек да имаше загинато, требаше сите до еден од тие што се одговорни да си дадат отставка уште после пола саат.
Некој може ќе каже „у таква состојба не е време за отставки во институциите за да не се создаде хаос и да можат институцииве да работат“, ама ние ако сме дозволиле едно министерство или ЦУК да речеме да зависи од 1 човек (министерот или директорот) тогаш да ти се плукнам у државата.

На крајот испадна како што пишав и у моите први постови на темава, цело време се бомбардира со вести дека ова се случувало еднаш у 100, 1000 години, за ние сеа да кажеме „јбг природа е, не можеш против природата“...

Скоро недела дена ќе помине, а по курири мурири се фалат уште дека се обезбедени 10-15 нови пумпи...
Ко целата вода кај нас да се собра па ние 5-6 дена не можеме да ја извадиме од куќите...
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
102
Поени од реакции
29

продолжете да плукате по државата можеби и некогаш ке не бидне
владата не ја прави државата корумпирана НАРОДОТ Е ТОЈ ШТО ГО ПРАВИ ТОА. камоли да имаше на олимпијадава дисциплина плукање можеш да замислиш кој медал ке го земевме :) а и секогаш може подобро,поажурно и посовесно за вакви ситуации
и доста читаш курири мурири иди на терен и биди еден од тие што помогнале на било каков начин
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
продолжете да плукате по државата можеби и некогаш ке не бидне
владата не ја прави државата корумпирана НАРОДОТ Е ТОЈ ШТО ГО ПРАВИ ТОА. камоли да имаше на олимпијадава дисциплина плукање можеш да замислиш кој медал ке го земевме :) а и секогаш може подобро,поажурно и посовесно за вакви ситуации
и доста читаш курири мурири иди на терен и биди еден од тие што помогнале на било каков начин
Де те мoлaм елaбoрирaј кaкo тoa нaрoдoт јa прaви влaдaтa кoрумпирaнa?

И не се секирaј ти сo мене јa шo прaaм ;)

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
102
Поени од реакции
29
па народот ако има култура и несака корумпирани институции нема ни да ги има исто така сите плукаат дека се се постигнува со врски и тоа им смета а истите тие кога ке дојде ред бараат врски за да си исполнат одредена цел

и најморалните политичари да ги ставиш на власт и тие би краделе,тепале и убивале кога би снемало ресурси

така да фак офф за полики тука на оваа тема

па се замарам гледам дека те бива за плукање али за поплавените подрачја не им е од испомош
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296

така е, треба да се помириме дека не може да биде подобро.
тоа е што е, ако нешто не функционира, не може ништо да се смени, да се поправи.
без критики кон владата, не се они виновни за ништо, едноставно таков е системот.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
па народот ако има култура и несака корумпирани институции нема ни да ги има исто така сите плукаат дека се се постигнува со врски и тоа им смета а истите тие кога ке дојде ред бараат врски за да си исполнат одредена цел

и најморалните политичари да ги ставиш на власт и тие би краделе,тепале и убивале кога би снемало ресурси

така да фак офф за полики тука на оваа тема

па се замарам гледам дека те бива за плукање али за поплавените подрачја не им е од испомош
Тaкa де,зoштo ние ги бирaме нив зa укрaс,не декa oни требa зaкoни дa спрoведувaaт вo кoи секoе примaње пoткуп е кaзнивo...

Јa пoлитикa нигде не мешaм,тoa изглеa е твoјa oсoбинa.
Јa пример кaжaв грaдoнaчaлници без дa спoмнaм пaртијa. Дури и зa влaдaвa кoa збoриме,јa збoрaм зa нејзе кaкo дел oд извршнaтa влaст,a не кaкo зa вмрo-сдсм.

Sent from my LG-H815 using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.529
Поени од реакции
18.438
22ца официјално загинати ради дожд, а неофицијално бројката викаат дека се движи накај 50 луѓе, само што медиумите не го пренесувале тоа.
Ти зарем со цел памет би верувал на официјалните бројки презентирани од властодршциве после сите оние разобличувања пред јавноста со бомбите каде се слушна дека манипулираат со информациите и ја моделираат приказната - се во одбрана на својот партиски рејтинг?

Па сите знаеме по некој од Стајковци, Ченто, Економија... и луѓето од тие места зборуваат сосема различни работи од тоа што го слушаме од официјалните институции.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Него искрено не сум во тек,кој се има испратено помош од државите,Србите испратија,хрватите,босанците??

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Кај донирал на сметка на ЖМРО, па и кај банка на уплатувач си го пишал матичниот број. :tapp::tapp::tapp::tapp:

CppiN_eXYAA5pT_.jpg
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Ако нека донира, само тие пари од сметка на дпмне не верувам дека ќе завршат за помош на настраданите. Не верувам дека има добротворна организација во државава што не се користи за перење пари, но ако веќе се донира подобро на Црвен Крст да се уплатат парите. Си има организации за тоа во државава, не мора политичка партија сметка за помош да отвара.
Таа сметката на дпмне ќе им служи само за промоција по интернет, сите дпмне-овци таму ќе уплаќаат и ќе се фалат на фејсбук, а парите од нив за нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom