Z
zmej gorjanin
Гостин
Се слагам со се што си пишал. Но само да те потсетам Скопје е покриено само со 30% атмосферска канализација и 80% фекална канализација. Па така фекалната канализација ја врши функцијата и на атмосферската канализација, доколку и таа се преплави има сериозна можност Скопје да заплива во гомна. Друга ствар, капацитетот и на таа изградена атмосферска канализација не задоволува, цевките немаат соодветни фи профили. Трето, се слагам за ниската свесност на населението. Еве на пример бацинелата ги краде шахтите и одводот се полни со се и сешто, а одговорните не превземаат ништо да го решат проблемот. Не ги заменуваат шахтите, не ги контролираат тие кои што го вршат откупот на шахтите. Четврто дури и да имаме изградено развиен систем на подземна инфраструктура доколку таа вода нема каде да се одлее, џабе е се. А водата мора да се одлева во коритото на Вардар кој е запушен од галии и мостови. Тотална незаинтересираност од било која власт да го реши овој проблем. Конкретно во поплавените подрачја нема никаква канализација, во Стајковци ни улиците не им се асфалтирани, не па за канализација да праиме муабет.Невремето е непредвидливо да, ама човечкото однесување од друга страна - Е. Вина може да префрламе на надлежните органи колку сакаме, и нема да згреши. Ама колку и да било решението во склоп на инфраструктурата ефикасно и солидно, ќе е џабе ако народов упорно се однесува како орда на сељандури. Само во склоп на соседствово каде живеам, луѓево фрлаат се живо и диво во канализациите. Коски и остатоци од пилиња, свињи, па и телешко. Друга една редовно, секоја година, празни вишокот купус директива таму исто така. Има бројни други примери само локално кај мене. Да не збориме истово проектирано низ цело Скопје, а ги има ваквите по цело Скопје. Џабе решение ако народов упорно ја затнуе канализацијата со своите сељандурски постапки. Дур тука не настане некоја промена, џабе муабет за решенија и солидна инфраструктура, и кој ќе ја направел и како. Не ги тргам од вина другиве, заслужен ремет треба да имаат за ова, само зборам целата вина не им припаѓа само на нив. Без затнати канализации, сигурно помала штета ќе имавме, и веројатно помалку жртви.