Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Јебига Морган, не е тоа Чичарито. Голем играч решава со еден потег. Нека се множат трофеите. Се надевам Мата нема да плаче што го заменија. Валенсија се препородува со новите задачи, асиситира и изгледа ко да ужива во играта максимално. Уште Смолинг, Мики и Погба да се додадат, ќе добиеме подруга димензија. :)
 
Јебига Морган, не е тоа Чичарито. Голем играч решава со еден потег. Нека се множат трофеите. Се надевам Мата нема да плаче што го заменија. Валенсија се препородува со новите задачи, асиситира и изгледа ко да ужива во играта максимално. Уште Смолинг, Мики и Погба да се додадат, ќе добиеме подруга димензија. :)
Не се бунеше Мата, остана да види што ќе се деси со прекинот. Мораше така, висината на Ибра и Мики е адут плус.
 
Бејли е топ засилување. За Ибра нема што да се зборува, роден победник. Како за прв официјален натпревар не беше лошо, кога Погба ќе игра на средина поинаку ќе изгледаат работите.

Марсијал делува некако нервозно, како да нема многу поддршка кај Мурињо. Реално, Рашфорд му дише во вратот за место во тимот. Мата треба да се продаде, греота е да Мурињо да го деградира. Исто и Депај мора да оди, тој во моментов е трета опција за по левата страна.
 
Ако играчот кој е платен 40 милиони игра вака , што ли ќе прави оној за 100 ?
Шала настрана , Беији или како и да е , е ѕвер ! Левата страна ни беше инвалидна у секој поглед а за Руни нејќам зборови да трошам.
Валенсија е Ѕвериште и кога мрчите за него ептен ме нервирате :)
Многу страни има форумов , не ми се листа и ќе си преќутам ;) !
 
И ја тоа мислев, нема кој друг, Фелаини, Ибра и Шнајдерлин останаа ради висина.
 
Aјт, нека се множат. Вака и да ја завршиме сезоната, со трофеј. :love:

Со ваков Руни на 10ка ништо не правиме, Интертото куп не би освоиле, не пак нешто повеќе. И Фелаини и Керик во пакет, никако. Јас би одел со некои вакви комбинации:

ДДГ
Валенсија/Дармиан - Бејли - Смалинг - Шо
Шнајдерлин - Погба
Мики - Руни/Мата - Марсиал
Ибра
Или пак да се префрлиме на 4-3-3 формација без Руни:

ДДГ
Валенсија - Бејли - Смалинг - Шо
Ерера - Шнајдерлин - Погба
Мики - Ибра - Марсиал
Горе долу ваков состав очекувам сезонава, ако нема повеќе засилувања. Руни дефинитивно мора да се подобри, или нека грее клупа, Мата ваков-таков е подобра опција од него за 10ка, или па Мики да се проба таму. Рашфорд сигурно ќе добива доста минути покрај Ибра, па и покрај Марсиал ако продолжи со вакви игри. И нека се вразуми Депај веќе, срамота е во ваква конкуренција да не се избори за место.
 
И нека се вразуми Депај веќе, срамота е во ваква конкуренција да не се избори за место.

Во каква конкуренција? За местото на Депај е најсилна конкуренцијата, и Марсијал и Рашфорд се пред него.
 
И ја тоа мислев, нема кој друг, Фелаини, Ибра и Шнајдерлин останаа ради висина.
Ако е стратег треба да знае дека атмосферата во тимот е повисока од висината али ај нека биде тоа оправдување.
 
Во каква конкуренција? За местото на Деоај е најсилна конкуренцијата, и Марсијал и Рашфорд се пред него.

Рашфорд може и како напаѓач, а срамота е Депај покрај ваков Марсиал да не се избори за шанса. Затоа и викам да се вразуми, Марсиал од крајот на сезоната па и на ЕП, доста лошо делува на терен. Има страшен талент Депај, жалосно да не го искористи.

А пак ако не, се согласувам со тебе за тоа да си фаќа патот.
 
Рашфорд може и како напаѓач, а срамота е Депај покрај ваков Марсиал да не се избори за шанса. Затоа и викам да се вразуми, Марсиал од крајот на сезоната па и на ЕП, доста лошо делува на терен. Има страшен талент, жалосно да не го искористи.

А пак ако не, се согласувам со тебе за тоа да си фаќа патот.

Марсијал лани беше најдобар во тимот, не може после еден лош натпревар да го критикуваме. Депај имаше шанси и шанси, ништо не одигра. Ја гуши играта, дрибла кога не треба, тотално е бескорисен.
За позицијата напаѓач Ибра е без конкуренција, ќе ги игра сите важни натпревари.

Мене ме радува што одбраната ќе биде топ, со Смолинг и Бејли централни пиле нема да прелета.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom