Ќе треба некои играчи да испотат машки за да останат во прв тим, се надевам дека и Мурињо мисли така. Премногу статични сме со овој тим, почеток на сезона е да, ама нема да оди долго вака.
Како прво, средина со Керик и Фелаини е самоубиство. Па уште ваков Руни пред нив, очај. Руни ако мисли дека на позиција 10ка ќе си го лади на терен, гадно се излажал. Во неколку ситуации и тој и Ибра беа пред топката, никој да се врати да стрча да помогни. Ибра е таков напаѓач, веќе и во години, не е играч кој би бркал премногу. Тој што ќе игра 10ка ќе мора многу повеќе да брка, а Руни моментално со оваа игра е далеку од тоа.
Марсиал како во зимски сон е, дали се префорсира минатата сезона или што, ама дефинитивно не е за стартер моментално. Да имаше малку повеќе ум Депај, сега тој ќе беше на таа позиција.
Бејли има одлична брзина, долги нозе. Ќе лета можеби малку повеќе, ама мислам добар тандем ќе се со Крис.
И моментално Мики и Рaшфорд се повеќе за стартери.