Од неодамна запознав еден тип на фејсбук што воопшто не ми се свиѓаше и мислев дека ќе бидеме само другарчиња. Кога го запознав во живо ептен ми се допадна и ме праша дали сакам да имам нешто со него. Типот е блиску до совршенство, ги има сите критериуми што јас ги барам, но проблемот е во тоа што е албанец. И тие се луѓе ама знаете такво е општествово........нормално дека не е од оние напаленине албанци, сосема е нормален, течно зборува македонски, сите најдобри другари му се македонци и тако то......Сите другарки што ги прашав ме советуваат да не праам ништо со него само поради тоа што е албанец. Што би ме посоветувале вие? Хелп