Безвезе е да се споредуваат Милан и Интер, нешто што се праи последниве 2 години, во ера кога двете екипи се на ниво на Филаделфија и Лејкерс у НБА.
Срамота е да се руга на комшиска основа, посебно ради фактот што сме глеале такви моќни дербиња, такви епски утакмици. Не џабе важеше за најатрактивно(градско, ако не и воопшто) дерби во фудбалскиот свет. А денес е сведено на ниво Работнички-Вардар.
Реално и објективно Интер има подобар ростер, поамбициозен од оној на Милан, и со една промена во тимот(тренерот) Интер може да стигне до ЛШ, и ова сите го знаеме и сме свесни за истото.
Милан со Абате,Запата и капитенчето само ќе си мизерува, макар Мурињо,Пеп и Анчелоти да се у стручен штаб.
Прост пример за неспособноста на манчини е кондогбија, ај фрлија 40че за доста надежен фудбалер, кој очигледно флопна(ипак дете е, прва сезона а-у) ради неспособноста и лошото менаџирање на тренерот.
Сеа со Банега неможат и несмеат да изгледаат толку бледо у средина.
Такво мрцварење ко лани 1-0 преку гол од прекин и криење на топка/паркирање автобус 30 минути несмеат да си дозволат.
Икарди ете нема да иде у Наполи, едино само може у Челзи да отиде летово. Ама мислам дека останува.
Манчини сезонава нема алиби за непласирање у топ 3. Посебно кога се соочува со ослабнати Рома и Наполи како конкуренти за топ 3.
Милан со Лападула може само да си го лапа.