http://sportmax.mk/transfer-shpekulatsii-v-sabota-30-juli/

Манчестер Сити ја кажа својата последна цена за Џон Стоунз и најави дека повеќе нема да даде ниту едно евро. Сумата е 40 милиони фунти или 47 милиони евра.
Лерој Сања веќе в понеделник може да стане фудбалер на Манчестер Сити, пишува Bild.
Ливерпул не се откажува од плановите да го доведе играчот за врска на Спортинг Жоао Марија и ја даде својата најнова понуда – 42 милиони евра, со што полека се доближува до вредноста на откупната клаузула на овој фудбалер, која изнесува 60 милиони.
Арсенал, кој како да го преспива овој преоден рок, направи нов обид да дојде до Александар Лаказет од Лион. Претходната понуда изнесуваше 35 милиони евра и таа беше одбиена. Арсенал тогаш рече дека тоа е неговата последна понуда, но очигледно во некоја фиока најде дополнителни пари, бидејќи сега нуди 41,5 милиони евра.
Ако Арсенал го купи Лаказен и Ријад Марез, покрај веќе купениот Џака, тогаш пазарот и нема да му биде толку лош, но за тоа најпрво треба да ги купи првите двајца. Англиските медиуми тврдат дека на почетокот од следната седмица Марез ќе го облече дресот на Арсенал и дека тоа ќе го чини 44 милиони евра.
Брајтон го одби Њукасл за офанзивниот играч за врска Антони Нокара. Причината е смешна, барем така тврдат медиумите, односно Брајтон не знае која цена да ја побара и се плаши да не го даде преефтино.
Мидлсбро ја објави и својата осма летна аквизиција, а се работи за голман кој доаѓа од далеку, дури од Америка. Со Бред Гузан, така се вика голманот, е потпишан двегодишен договор.
Зинадин Зидан, според АS, сака да го засили центарот на својата екипа, па затоа му е потребен еден од овие двајца – Марко Верати од ПСЖ или Немања Матиќ од Челси. Зидан можеби ги сака, ама тоа не значи и дека ќе ги добие, бидејќи и ПСЖ и Челси не ги даваат овие свои фудбалери, а и се доволно моќни да ги задржат.
Андреа Ренокија, по враќањето од позајмицата во Сампдорија, ќе остане во Интер и тоа поради едноставна причина – човекот никој не го сака, дури ни сопствениот клуб, кој сега не знае што да прави со него.
Ѓенова и Зенит направија проста трампа. Во Ѓенова замина Кристијан Ансалди, а во Петербург дојдоа 4 милиони евра.
Сампдорија, пак, преку постот на инстаграм ги информираше сите дека во клубот пристигна Карол Линети. Кој е човекот, од каде дојде, колку го купи и колку ќе остане, не е наведено.
Младата надеж на Партизан Саша Лукиќ за 2 милиони евра се претвори во млада надеж на Торино.
Додека Арсенал размислува и полека ја зголемува понудата за Лаказет од Лион, како да пред себе има на располаѓање цел живот, во борбата за овој фудбалер влегува ПСЖ, кој парите ги троши многу послободно. Цела Европа ќе му се смее на Венгер, ако и во овој случај остане со прстот во уста.
Кои се овие легенди




