Верувај дека Интер не е толку способен да се ценка и да извлекува поише и поише пари. Да имаа у план да го продаваат Икарди ќе ја прифатеа првата понуда од 35 милиони, евентуално 38 да им извадеа од кои 8 у кеш и 30 у бонуси.
Расправијата Манчини-управа е незадоволството на Манчини од трансфер пазарот односно Јаја Туре, он форсира на Јаја многу а овие сакаат млади играчи плус не им се дава толку плата на Туре.
До сега 3 пати конкретно им ставија до знаење на наполитанките дека Икарди не е на продажба, 3 понуди категорично им одбија од кои една највисока нели, 50 милиони.
Аусилио 2 пати официјално изјави дека Икарди никако не е на продажба, самиот Икарди изјави дека нема намера да си иде, Тохир изјави дека не го продаваат еве сеа и кинезите со изјава дека не планираат да ги продаваат најдобрите играчи. Знам дека ова не треба ништо да значи ама сепак одбивање на 50+ милионски понуди...
Ова ми личи на Серхио Рамос-Манчестер сценарио од лани, прво пробаа да се фатат за Арсенал па еве сеа за Наполи се со цел Икарди да си добие повисока плата што реално ја заслужува, еве погоре ги има платите, значи Кондогбија е најплатен кај нас 3.5 Икарди сигурно зима 3 а толку мислам дека зимаат и Едер, Банега, Паласио... Едноставно Икарди мора да добие 5-6 сигурно.