Не разбирам, подобјасни го стихов, оти веќе наликуваш на добар протестант, кој се колне во вистинтоста од напишаното во Писмото и смета дека завршил голема работа, повикувајќи се на стих кој во моментот му одговара на неговото тековно мнение.
Значи, што е напишано во стихот?...[DOUBLEPOST=1469406970][/DOUBLEPOST]
Бебенце, вакво нешто не пишува во Писмото...Не фантазирај, не измишљај нешта кои не постојат.
1И фарисеите и садукеите дојдоа, и искушувајќи Го, побараа да им покаже знак од небото.
2Но Тој одговори и им рече: „Кога се свечерува, велите: ‘Ќе биде ведро, зашто небото е црвено;’
3а наутро: ‘Денес ќе има бура, зашто небото е црвено и замрачено. ’Лицемери, знаете навистина да го просудувате лицето на небото, а знаците на времињата не можете!
4Лукаво и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му биде даден знак, освен знакот на Јона пророкот.” И ги остави и си отиде.
5И Неговите ученици преминаа на другата страна и заборавија да земат леб.
6Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од фарисејскиот и садукејскиот квас!”
7И тие расправаа помеѓу себе, велејќи: „Тоа е што не зедовме леб.”
8А Исус знаејќи го тоа им рече: „Маловерни, зошто расправате помеѓу себе, дека не зедовте леб?
9Уште ли не разбирате и не помните за петте лебови на пет илјади и колку кошеви подигнавте?
10Ни за седумте лебови на четири илјади и колку кошеви подигнавте?
МИКИца, ова го имам читано пред рекордни 7-8 години и сеуште го памтам. А ти што не го памтиш и што ја немаш прочитано твојата книга е твој проблем.