Јас како што знам од историја Јуве повеќе пати го рушел рекордот за највисок трансфер

Добро можеби не повеќе пати, ама Баџо и Виали сигурно биле рекордни во тоа време.
Сепак не ми е целта да споредувам, бидејќи условите во 90тите и денеска се многу различни, ама генерално Јуве како клуб не може да се означи како некој што никогаш не трошел. Тоа можеби важи за Јуве од 2010 наваму, поточно откако имаме нова управа. Не дека не се трошат пари, туку не се фрлаат на еден играч што од една страна е за респект, ама од друга може да биде проблем во трката со европските гиганти. Како што реков доста екипи се пред нас на финансиски план во Европа и тоа секогаш ќе не кочи во ЛШ.
Работите во фудбалот се динамични, што значи дека после одреден циклус се менуваат. Не може Јуве вечно да остане тимот што не троши многу пари на еден играч, односно може, ама веројатно ќе се испостави поразително во ЛШ. Не велам да фрли управата тешки пари ако не го дозволат тоа финансиските параметри годинава или наредната, ама да бидеме реални Јуве заработува сериозна пара како клуб и ќе може да си дозволи и по некој луксуз, ако не сега тогаш за година-две.
@DeviAngel не те вмешав директно затоа што само се надоврзав на твој муабет во однос на Апидрон, ама океј ако сакаш на секое споменување ќе те тагирам