Сериозно сакаш да продаваш тука муда за бубрези како Ердоган не е репресивен?
Во турските затвори моментално има стотици политички затвореници, од новинари до генерали, денес разреши три илјади судии. Пред неколку месеци влезе со специјалци во Заман и го смени целиот уредувачки тим.
Не ме заебавај со муабетов.
Во Турција навреда за Ердоган се третира како напад на државата и безмалку предавство.
Ете ти спомнаа, сакаше да гони германски карикатурист за ебана песна што ја направил за него а тек како е во Турција.
Врска немаш од ситуацијава во Турција, и си продаваш магла на форумов, за некаква си демократија. Но прост од што си, не ќе да разбереш нешто едноставно, ти и сите овие кои се радуваа на некаков пуч.
Работата е многу јасна: Обид за пуч и Демократија која ти и многу други тука се обидете да ги поврзате не одат во иста реченица.
Имаш влада во Турција која е резултат на регуларни ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ, призната од сите држави во светот, што е најважно признато и од самата опозицијата во Турција, и сега од нигде никаде 4-5 генерали во армијата си зимат за право да организират пуч против владата која е избрано од народот.Сега каде е демократијата овде кога некој на своја глава и за свои или нечии надворешни интереси, си зима за право да ја зема власта во свои раце, со војска?! со кое право и лице вие се обидувате тој пуч да го преставите како нешто добро за Турција, кога самите граѓани во таа држава не ја подржаа. Па и да успееше што мислите вие тоа ќе било добро за Турција?! Не бе другар тоа ќе беше катастрофа за Турција, ситуација која земјата ќе ја претвораше во бојно поле, и катастрофа, економијата буквално ќе кракнеше.
Инаку во таа држава си има закони, кој ќе ги прекрши постоечки закони во таа држава се знае кај му е местото, тоа е правило кое важи во сите држави во светот. И нека разреши и 30илјади судии ако треба, ако нечинат и не си работеле како што треба. Заман е медиумска куќа финансирана директно до Фетулах, така да не збори многу кога не ги знаеш работите. Ако незнаеш кој е човекот малце распрашај се, па се ќе ти стане јасно. Инаку не верувај многу што ќе пишуваат странските медиуми бидејќи сведоци бевме на тоа кога си пишуваа вчера дека Ердоган си побарал азил во Германија, па Англија и така натака за на крајот да излезе дека ќе си слета во аеродромот во Инстанбул од Мармарис каде бил на одмор...
Ердоган покажа дека не е лесeн плен, и дека на непријателите ќе им треба многу повеќе ресурси и моќ за да го тргнат од тронот, но се додека го има турскиот народ покрај себе нема гајле човекот.