Воен Удар во Турција

Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Каков филм е ова... со неколку илјади глумци и статисти... штета за мртвите ...
Од разговорите со пријателиве Турци може да се каже дека ситуацијата е многу комплицирана... Според нив во Турција народот е поделен 50-50 за и против Таип. Само проблемот е што тие што се за Таип се насекаде напикани во институции и држат под контрола скоро сѐ во земјата, а другиве се обичен народ... Слично како кај нас... Војската е ердоганизирана одамна како и сѐ останато и затоа ова со пучот е трагикомично.
Освен Турци и Курди има и други групи како Аливи, маливи и сл. кои бројат по неколку милиони и не се класични муслимани, туку негуваат друг начин на верување. Сѐ тоа доведува до комплицирање на ситуацијата.
Пред неколку дена кога Ердоган изјави дека сака да им даде државјанство на 3 милиони бегалци од Сирија (во кои има еден куп потенцијални терористи) 90 % од народот беше против според реакциите, а сега излезе народ да го брани. Кој знае што игри се ова.
А овие од ДПМНЕ за Ердоган или за Путин навиваат? Читав некои реакции денес од нашиве „новинари“ и политичари и шта речи. За греота!
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Сум зборувал со нашинци кои живеат во Турција, задоволни се од условите за живот, големи плати и пензии, можеш да смениш работа кога сакаш, пошто има работа.

Имам големо семејство во Турција, татко ми прв пат ги посетил роднините на почеток од 1970-та, во Истанбул во тоа време било сиромаштија и валкано ... Југославија во тоа време била америка за нив.

Откако дојде Ердоган, за Турција се зборува само за успеси.

Минимална плата во Турција е 390 евра, а кај нас ни просечната плата не е толку.

Во еден турски пограничен град со Сирија, таксистите протестираа заради тоа што сириските бегалци почнале да работаат како таксисти за 350 евра, а турците до тогаш земале плата од 700 евра.
Замисли таксист со 700 евра плата на југоистокот на Турција.

Во Турција речиси сите младоженци се делат од родителите во посебни станови, кои сами си ги купуваат.

И сега имаме една власт која навистина го подобри животот на својот народ и една власт која се задолжува за плати и пензии .... вие упорно си гласате за вторава власт и упорно подржувате рушење на првата, што сте ми чудни еј, што ли ви стават во тие сендвичите. (ни сириските бегалци во Турција не работаат испод 350 евра, а кај нас англиски јазик и компјутерски вештини ти бараат за плата од 10.000 денари)

28 страни за 24 часа се наполнија против власта во Турција, а за нашата власт молчи и трај.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Уапсените генерали биле приврзаници на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен. Сега ми е јасно зошто секуларистите и националистите дадоја поддршка на владата на Ердоган. Фетулах Ѓулен им е заеднички непријател на сите и на Ердоган и на опозицијата.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.620
Поени од реакции
5.259
Сум зборувал со нашинци кои живеат во Турција, задоволни се од условите за живот, големи плати и пензии, можеш да смениш работа кога сакаш, пошто има работа.

Имам големо семејство во Турција, татко ми прв пат ги посетил роднините на почеток од 1970-та, во Истанбул во тоа време било сиромаштија и валкано ... Југославија во тоа време била америка за нив.

Откако дојде Ердоган, за Турција се зборува само за успеси.

Минимална плата во Турција е 390 евра, а кај нас ни просечната плата не е толку.

Во еден турски пограничен град со Сирија, таксистите протестираа заради тоа што сириските бегалци почнале да работаат како таксисти за 350 евра, а турците до тогаш земале плата од 700 евра.
Замисли таксист со 700 евра плата на југоистокот на Турција.

Во Турција речиси сите младоженци се делат од родителите во посебни станови, кои сами си ги купуваат.

И сега имаме една власт која навистина го подобри животот на својот народ и една власт која се задолжува за плати и пензии .... вие упорно си гласате за вторава власт и упорно подржувате рушење на првата, што сте ми чудни еј, што ли ви стават во тие сендвичите. (ни сириските бегалци во Турција не работаат испод 350 евра, а кај нас англиски јазик и компјутерски вештини ти бараат за плата од 10.000 денари)

28 страни за 24 часа се наполнија против власта во Турција, а за нашата власт молчи и трај.
Кога бележи такви успеси зошто мора да ја урне секуларноста на државата заради популизам и себедржење на власт?
Што добива турчинот од тоа што се исламизира Турција?
Груевски со антиквизацијата, Ердоган со исламизацијата...
 
А замисли денеска изјавил дека секуларноста на земјата ќе се чувало до крај. Ердоган и секуларизам :icon_lol:
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
ИСИЛ и талибанците да си го земат уредникот Павловиќ да им го води ПиаРот. Бескомпромисниот латас уште еднаш докажа дека е спремен да се е** у гз, кога е во прашање оцрнување на противниците на нашиот пандан на Ердоган, а и самиот е докажан „љубител“ на муслимани, посебно Турци.
Еве уште еден аспект на целиов настан, од призма на најцрните дупки на македонското „новинарство“.

http://sitel.com.mk/samo-makedonskite-opozicioneri-i-revolucioneri-gi-poddrzhaa-puchistite-vo-turcija

Само македонските опозиционери и револуционери ги поддржаа пучистите во Турција
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
А замисли денеска изјавил дека секуларноста на земјата ќе се чувало до крај. Ердоган и секуларизам :icon_lol:
Имаше и такви анализи во euronews дека секуларниот карактер на државата баш напротив ќе се зацврсти. Не е случајно што и самиот Ердоган неколку пати тоа го спомна. Тој е голем копиљ сега ќе биде поголем секуларист и од самите секуларисти. Факт е дека без поддршка од секуларистите и националистите пучот немаше да падне. Фактички овој пат тие го спасија Ердоган. И тоа само поради една причина што Фетулах Ѓулен им е заеднички непријател.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Кога бележи такви успеси зошто мора да ја урне секуларноста на државата заради популизам и себедржење на власт?
Што добива турчинот од тоа што се исламизира Турција?
Груевски со антиквизацијата, Ердоган со исламизацијата...
Паторот не само што антиквизираше, туку и на големо ја врати религијата во нашава уставно секуларна земја. Интелигентни луѓе не би проголтале антика и религија заедно затоа што се косат по сите можни параметри. Поточно интелигентни луѓе не би го прифатиле ни едното, ни другото.
Све нешто форумџииве што го бранат нашиов режим се љутат на ова, ама и Ердоган и паторот имаат имаат ист калибар гласачи - затуцани, необразовани луѓе.
И двајцата ги спојува личното богатење, а тоа не бива кога нема луѓе што слепо ти веруваат и не те поистоветуваат со државата. Нели приметуваш дека тераат иста реторика - се повикуваат на „народот“, а нападот врз нив е „напад врз државата“. Слепа верба се продава само преку религија и национализам, културно и образовно затупување. Либерална демократија дозволува секој секому се' да каже, а со тоа и да зборува за огромните финансиски криминали кои во последниве 10-тина години ги направија и двајцата.
 
thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.011
Поени од реакции
2.043
BREAKING:Turkish Minister @suleymansoylu announces that #US is behind coup attempt on Haberturk TV @140journospic.twitter.com/AnoCW2ecB9

Ова ако почнат јавно да зборуваат, можно ќе биде да ги напудат америте од инџирлик.
(CNN)[Breaking news update, posted at 1:52 p.m. ET]

Turkish President Recep Tayyip Erdogan is demanding that the United States arrest or extradite Fethullah Gulen, a cleric and former ally he blames for the failed coup attempt the night before. Gulen, who lives in exile in Pennsylvania, has denied any connection to the coup attempt and said he condemned it. "This country suffered a lot in the hands of the Gulen movement," Erdogan told supporters.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.937
Сум зборувал со нашинци кои живеат во Турција, задоволни се од условите за живот, големи плати и пензии, можеш да смениш работа кога сакаш, пошто има работа.

Имам големо семејство во Турција, татко ми прв пат ги посетил роднините на почеток од 1970-та, во Истанбул во тоа време било сиромаштија и валкано ... Југославија во тоа време била америка за нив.

Откако дојде Ердоган, за Турција се зборува само за успеси.

Минимална плата во Турција е 390 евра, а кај нас ни просечната плата не е толку.

Во еден турски пограничен град со Сирија, таксистите протестираа заради тоа што сириските бегалци почнале да работаат како таксисти за 350 евра, а турците до тогаш земале плата од 700 евра.
Замисли таксист со 700 евра плата на југоистокот на Турција.

Во Турција речиси сите младоженци се делат од родителите во посебни станови, кои сами си ги купуваат.

И сега имаме една власт која навистина го подобри животот на својот народ и една власт која се задолжува за плати и пензии .... вие упорно си гласате за вторава власт и упорно подржувате рушење на првата, што сте ми чудни еј, што ли ви стават во тие сендвичите. (ни сириските бегалци во Турција не работаат испод 350 евра, а кај нас англиски јазик и компјутерски вештини ти бараат за плата од 10.000 денари)

28 страни за 24 часа се наполнија против власта во Турција, а за нашата власт молчи и трај.
За многу работи си во право, иако мислам дека бројките со плати се малку напумпани. Од кога е дојден Ердоган стварно нивната економија сериозно напредна и имаше еден период од неколку години кога бележеше по 12-13% раст на годишно ниво. Е сега неговото разбирање за модерна Турција е малку проблематично.

Проблемот е што со децении они немаа стабилен и сериозен лидер се со Ердоган. За да просперира Турција не треба многу знаење. Одлична географска позиција, бројна млада популација, излез на три мориња, на една страна граница со Бугарија на другата со Иран. Не е мала работа.

Кемалистите западнаа во летаргија бидејќи сметаа дека власта на нив природно им припаѓа и нивната партија стана дружина на елитисти. Ердоган успешно тоа го искористи.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
A be ajde dosta prikaski za deca. Cela ovaa rabota e isplanirana ili rezhirana ako sakate. Gledam sliki civili tepaat vojska, vojnicite lezhat kako stoka shto asker ke beshe breeee, nashite da pojdea ke ja opkupiraa Turcija....a be shto e ova , tra-la-la land or something.
I sega, posle ovoj teatar, toa Osmanlisko govedo, shvercer so nafta i izbeglici, USA marioneta, ke pravi shto saka vo Turcija, stadoto ovci veruva se shto ke mu se servira. Voen udar reshen za 24 chasa????? Give me a break, toa go nemalo i nema da go ima vo realniot svet. Dosta so reality show it is sickening.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom