Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Џорџ Мартин како типичен Американец е тапа за географија и нема многу ориентација за простор.Постојат различни споредби. Има и такви според кои Вестерос е голем колку Јужна Америка, а земјата отаде ѕидот е голема како Канада.Додека Мартин не реши колкави се точно земјите, секогаш ќе има калкулации. Веројатно поради сценариото географскиот простор во серијата е малку стеснет.
Инаку (веќе одамна се правени вакви споредби) мапата на самиот Вестерос потсетува како испревртена Британија и испревртена Ирска кои се споени и на кои им е додаден крајниот север, по ѕидот, но тоа не мора да значи дека баш толку е простран.

Картата ја ставив бидејќи е најблиску до мојата замисла за Вестерос, како нешто поголем од Западна Европа, имајќи ги предвид географските паралелите: Дорн - Јужна Шпанија, Рамнината - Франција, Речните земји - Рајна/Мајна, Северот - Шкотска, Зад Ѕидот - Исланд/Скандинавија.