Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Постојат различни споредби. Има и такви според кои Вестерос е голем колку Јужна Америка, а земјата отаде ѕидот е голема како Канада.Додека Мартин не реши колкави се точно земјите, секогаш ќе има калкулации. Веројатно поради сценариото географскиот простор во серијата е малку стеснет.
Инаку (веќе одамна се правени вакви споредби) мапата на самиот Вестерос потсетува како испревртена Британија и испревртена Ирска кои се споени и на кои им е додаден крајниот север, по ѕидот, но тоа не мора да значи дека баш толку е простран.
Џорџ Мартин како типичен Американец е тапа за географија и нема многу ориентација за простор.
Научен на американски коли од по 4.000 кубика што трошат 30 на 100 со кои е сосем нормално да патуваш по 200 милји секој ден до работа и назад, веројатно не можел да замисли колку е мал (односно голем, зависи како гледаш) светот во тој некој историски период на кој ги базирал своите дела. Прочитав и јас, негде имал изјавено дека Вестерос е голем колку Јужна Америка, негде дека е два-три пати поголем од Британија. И самиот признал дека не го бивало со овие бројки. Не дава јасни димензии во делата, ретки се ориентирите (демек Ѕидот бил 300 милји). Ама и поарно е вака, кога дел од деталите се оставени на фантазијата на читачот/гледачот. Картата ја ставив бидејќи е најблиску до мојата замисла за Вестерос, како нешто поголем од Западна Европа, имајќи ги предвид географските паралелите: Дорн - Јужна Шпанија, Рамнината - Франција, Речните земји - Рајна/Мајна, Северот - Шкотска, Зад Ѕидот - Исланд/Скандинавија.
Додека Мартин не реши колкави се точно земјите, секогаш ќе има калкулации. Веројатно поради сценариото географскиот простор во серијата е малку стеснет.

