ЕП 2016 - елиминациона фаза (1/8, 1/4, 1/2 и финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата Uli Hoeneß
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е поголем експерт?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Краткорочното гледање на фудбалот на форумов никогаш не ме изненадило, па затоа и не навлегувам подлабоко во таа дискусија.

Нејсе муабетот ми е за (не)заслужената титула на Португалија и дебатата дали заградата погоре е валидна или не. Уште од старт кажувам дека според мене не е валидна и дека секој оној што освоил, на еден или на друг начин заслужил. Сепак, тука има нешто да се додаде. Како и во многу работи, така и во фудбалот не е се црно и бело, петка или глава, горе или долу. Постои средина или онаа таканаречена сива зона. Поврзано со Португалија, муабетот се сведува на една многу едноставна работа: Португалија на овој шампионат имаше среќа :), поточно имаше значително повеќе среќа во споредба со останатите репрезентации. Не е страшно ова ако се заклучи, не е ова дискредитација на успехот, ниту пак некој ги мрази Португалија ако го напомене тоа. Едноставно фактите се тоа. Играа во неквалитетна група, се пласираа со трето место кое го освоија со судни маки во последното коло. Во нокаут фазата ја имаа среќата да се најдат на правилната страна на жребот каде што беа тимови една класа подолу од оние на другата страна. Пред да се нафрли некој да каже дека еве поразија тим од тој дел на првенството, сепак запомнете дека ова е финале и дека е меч за одлука. Не е исто да се сретнеш со Германија/Италија/Франција/Шпанија во 1/8 финале и во решавачкиот меч. Во пораните фази фаворитите полесно играат, додека за репрезентација како Португалија би било потешко да се мотивираат. Од друга страна финалето е последен решавачки еден меч, каде што буквално се е можно и иако сепак постои фаворит, таа улога е намалена токму поради улогата на финалето да реши кој ќе биде европски првак наредните четири години.

Како фан на Италија сум длабоко разочаран на првенствово, бидејќи според моето евентуално и субјективно мислење, италјаните покажаа можеби и најмногу на шампионатов. Иако со ограничени ресурси, сепак против Белгија и особено Шпанија изиграа навистина допадлив фудбал, ма колку и некој да не сака да го признае тоа. Сепак заклучната поента која треба на сите да ни е јасна е тоа што на натпреварувања со елиминационен карактер, најголемо влијание имаат среќата и моменталниот перформанс на тимот, како физички така и тактички. Често не победува најдобриот тим, ама не може круната да им се оспори во никој случај на победниците, бидејќи на крај краева секој може да се најде во таа ситуација. Португалија денес, Грција пред 12 години, Челзи и Ливерпул пред 4&11 години. Фудбалот е тоа и треба да се прифати.
 
Мислам дека прв пат пишувам на оваа тема. Ме мрзи да читам сѐ.
Не го ни пратев ЕП како што треба, обврски, ги пратев резултатите и состојбите на табела.
Сакав да освои Италија, Белгија, Хрватска. Најмалку што сакав да освојат беа Португалија.
На крај, навистина им е заслужено.
Да им ги видеме резултатите од почеток.
Нерешено со Исланд. Нерешено со Австрија. Нерешено со Унгарија, кога им требаше најмалку бод за да идат во нокаут фаза. Три пати им водеа, три пати израмнуваа.
Нокаут фаза со Хрватска, истрчаа 120 минути, победија со гол во продолженија.
Наредна со Полска, истрчаа 120 минути, победија на пенали.
Полу финале со Велс, ги решија во први пет минути од второ полувреме.
Финале со Франција, повторно 120 минути, победа со гол во продолжение.
Оваа екипа на Португалија имаше изиграно 90 минути повеќе од Франција до финалето, 60 минути повеќе од Велс, еднакво со Полска.
Си знаеа колку им е силата, и знаеа правилно да ја насочат.
Заслужено им е. Колку сака нека се збори дека педерски стигнале до финале, мртви биле, цигани биле.
На крај ќе пишам само за Кристијано Роналдо. Искрено, антипатичен ми е и навистина не можам да го поднесувам, иако е страшен фудбалер. Но, тој е еден од фудбалерите на денешницата за кои уште ќе се зборува по 50 години. Заслужува трофеј со репрезентација.
 
Мрш бе таму ебаим пичурниците мајчини. Ти се пљукнам во првенството скапано удаено.
Брат за 1 месец почвит руско . Има партали да бидит . Се продадоја шо имаја .
 
Убаво кажа Ули, ако победеше Франција, комотно можеа Сисоко да го прогласат за играч на натпреварот. Паје потфрли многу, Гризман исто така, Жиру пацер по дифолт. Али ќумбево растури на финалево.
 
Мислам дека прв пат пишувам на оваа тема. Ме мрзи да читам сѐ.
Не го ни пратев ЕП како што треба, обврски, ги пратев резултатите и состојбите на табела.
Сакав да освои Италија, Белгија, Хрватска. Најмалку што сакав да освојат беа Португалија.
На крај, навистина им е заслужено.
Да им ги видеме резултатите од почеток.
Нерешено со Исланд. Нерешено со Австрија. Нерешено со Унгарија, кога им требаше најмалку бод за да идат во нокаут фаза. Три пати им водеа, три пати израмнуваа.
Нокаут фаза со Хрватска, истрчаа 120 минути, победија со гол во продолженија.
Наредна со Полска, истрчаа 120 минути, победија на пенали.
Полу финале со Велс, ги решија во први пет минути од второ полувреме.
Финале со Франција, повторно 120 минути, победа со гол во продолжение.
Оваа екипа на Португалија имаше изиграно 90 минути повеќе од Франција до финалето, 60 минути повеќе од Велс, еднакво со Полска.
Си знаеа колку им е силата, и знаеа правилно да ја насочат.
Заслужено им е. Колку сака нека се збори дека педерски стигнале до финале, мртви биле, цигани биле.
На крај ќе пишам само за Кристијано Роналдо. Искрено, антипатичен ми е и навистина не можам да го поднесувам, иако е страшен фудбалер. Но, тој е еден од фудбалерите на денешницата за кои уште ќе се зборува по 50 години. Заслужува трофеј со репрезентација.
60, кај ги најде 90 :D
 
Зошто беше земен Лаказет во составот? Баш таков напаѓач им фалеше денес на Франција, се чудам на измената Жиру-Жињак. Се чудам кој е поглуп, Ходсон или Дешамп. И да, Жиру е дрво. Денес изигра просечен арсеналски натпревар. Според мене Марсијал и Лаказет стопати подобро ќе изиграа од шпицовите што се појавија на теренот.

Не беше земен Лaкaзет.
 
Мене ми е криво само за Хрватска. Имаа топ тим и испаднаа несреќно во продолженијата. Влегоа премногу претпазливо во тој мел, наместо да ги притиснат циганите. На една минута пред голот на Кварезма, тие погодија статива. Како одеше првенството натаму, не гледам кој ќе ги спречеше до финалето. Полска и Велс сигурно не. А една ваква Франција со Дешапм, Журу и Жињак можеа без проблем да ја добијат.

По квалитет, не по тоа како заврши првенството, мојот ранкинг е Германија, Хрватска, Франција. Турнирскиот формат на такмичење не дозволува секогаш квалитетот да дојде до израз, посебно не во фудбалот каде што се постигнуваат мал број на поени. Еден картон, еден глуп пенал како оној на Швајни, една статива менуваат многу работи.

Замислете лигашко такмичење на сите репрезентации кои уќествуваа на првенството, кое би траело цела сезона. Германија би била без проблем прва.
 
Италија заслужи повеќе од 1/4 финале дефинитивно. Одличен играчки кадар, одлично прикажана игра во сите натпревари вклучувајќи го и тој со Германија, среќата не ги служеше на пенали. Штета навистина. Најмногу ми е мерак за Велс и Исланд што се дотуркаа и забележаа некој успех на првенството, заслужено. Честитки до Португалија, од коа се повреди Роналдо мерак ми беше да освојат. На крај кога беше во улога на тренер, ме наежи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom