:nesvest: mn fala.
sega edno blic prasanje za dodatna pomos vo mojov slucaj
sto podrazbirate pod poimot fatalna privlecnost?
Не постои фатална привлечност... Постојат само фатални последици од привлечноста. А кои последици ќе ги наречеме „фатални“ е многу релативно.
Во врска со твојот случај... 2 години врска се сепак километража. Во тие 2 години ти и девојка ти (се надевам) сте минале низ премрежја: сте се смееле, сте се карале, сте се љубеле, сте имале секс, сте излегувале заедно, сте запознавале луѓе заедно...
Што од тоа си имал со колешката?
Дали мислиш дека со неа можеш да го имаш истото тоа како што го имаш со девојката, па и подобро? Мислам, ако ти е добро со девојка ти, има смисла да го расипеш тој однос само ако имаш шанси за подобар. Сепак, девојка ти поставила некаков стандард, кој секоја следна твоја партнерка (ако ја има) мора да го достигне или да го надмине, ако мисли дека има шанси со тебе.
А дека чувствуваш привлечност кон колешка ти... Постои нешто што се нарекува „сексуална тензија“. Обично се случува кога двајца работат заедно и се под притисоци или слично. Тогаш помислуваат дека еден со друг си значат, чисто затоа што она што заеднички им значи го работат заедно. Има една поговорка која вели „Љубов не е гледање еден во друг, туку гледање во иста насока“. Така, бидејќи и ти и колешка ти гледате во иста насока (да ја свршите заедничката работа, во истата фирма), го добивате она што е услов за љубов.
Она што сум го сфатил е следното: збори со девојка ти за ова. Очигледно е дека колешка ти баш и не ти ја олеснува положбата со постојано провоцирање, а девојка ти, по правило, треба да ти е и најдобра другарка, секогаш спремна да ти помогне и да те сослуша.
Исто така, збори и со колешка ти за ова. Кажи ѝ дека сепак постои сексуална тензија меѓу вас двајцата и дека си свесен за тоа. Ако таа се прави на тошо, многу е можно дека само го искористува твоето внимание за да си го јакне егото, без да ѝ е гајле за тебе вистински. Но, ако те сослуша, ќе го прифати тоа и потоа ќе видите што ќе испадне.
Во секој случај: биди искрен. Прво пред себе, потоа пред девојка ти, потоа пред колешка ти; по тој редослед, зашто искуството и километражата во односите со тебе го определиле тој редослед.