Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Патот до крајот е импровизиран од D&D, но главните патокази и крајот ќе бидат како што ги замислил Мартин, нема да го изменат крајот на приказната од она што Мартин го концепирал.
 
Еден од најбољите моменти у сезоната ми беше у прошла епизода коа се договараа Џон, Давос и друштво, како они со трпение спасение, колци и ровови, ќе го надитрат Ремзи кој е шабан и може лесно да се испровоцира да им тргне фул фронтал и да се заебе.
А баш обратно се деси.
 
Има шанси теоријата дека Џуџето е тајгариан да е точна. Еве во трета сезона што му вика татко му:
b41199249e760a45d660bdebf2a37000.jpg
eda87a92f9f4f443b1bfb3bc99e62560.jpg

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Се попаливте по кинг оф д норт, ама кога ќе разберат другите дека избрале јужњак за свој крал, има да лета Џон и поново да се створи хаос на северот (затоа што не верувам дека ќе прифатат Санса да ги води)
 
Одамна е кажано од Мартин и Д&Д лично дека договорот помеѓу нив тројцата уште на почетокот бил серијата да биде базирана според книгите на Мартин, но Д&Д да имаат ексклузивно право над серијата и они да решаваат за неа. На Мартин како автор кој ги напишал книгите и според кои се базира серијата Д&Д му имаат дадено неколку овластувања тој да направи сценарио за 2-3 епизоди од секоја сезона и плус има право кога сака да присуствува на снимањето на серијата без никакви рестрикции. Д&Д направија многу измени во серијата за разлика од книгите, и убија ликови кои во книгите се сеуште живи, а некои работи пак воопшто не ги ни прикажаа. Така сметале дека е најдобро и така биднало. Мартин неможе ништо против тоа. Сигурен сум дека нему лично не му е баш сеедно што така прават ама сега е касно да смени нешто. Обично кога се прави екранизација на книги во филм или серија писателот има некои ексклузивни права и нормално мора да даде своја согласност за да се снима материјалот, ама тоа не значи дека тој ќе одлучува за се. Ако филмот или серијата доживеат доста добар успех, во овој случај со ГОТ одличен успех, тогаш се зголемува и продажбата на книгите бидејќи гледачите сакаат подобро до детал да прочитаат како е напишано во книгите. Подоцна ќе постирам слики од Мартин во 1993 година што има напишано за книгите на еден издавач.
 
Најголем мајндфак од све би било доколку Нед Старк хипотетички умрел многу помлад, а неговото место било превземено од Jaqen H'gar. И уствари Арја е дете на faceless man. Иначе стварно не гледам поента у целава прича со Арја и faceless man, и зошто човек ко него толку би се замарал со некое си девојче. А и вака ако гледаме Арја воопшто не си личи со браќата и сестра и, додека во серијалов премногу се обраќа пажња на ваквите детали.

Интересна теорија, којашто отвара многу прашања. Едно од нив во случај да оваа теорија е вистина е кој е ондак човекот со име Нед Старк на кој му ја пресекоа главата?
 
Прејако финале врв :vozbud:
Многу мие жал за Марџери ке ми нетостига :place::place::place: добро е барем што Томен смешката од крал нема да го гледаме али ме изнасмеа добро сцената првата брачна ноќ на Томен и Марџери и вика да не те повредив:pos:што ке повредиш бе дете едно со мало куре оваа не го осеќа ке ја повредел али јбг го изеде и него помрачината :popce:
Одмаздата на Серси против оваа помошничката на врабецот лудило мислам дека Грегор Клиган и го натепа јако :sekcza: и тоа секоја ден така ке и прави пошто и кажа Серси ке умира бавно :D сепак последниве 2 епизоди најдобри (y)
 
Интересна теорија, којашто отвара многу прашања. Едно од нив во случај да оваа теорија е вистина е кој е ондак човекот со име Нед Старк на кој му ја пресекоа главата?
Сигурно не Jaqen H'gart (ова му е сегашниот идентитет). А од серијава дознавме дека кај него доаѓаат болни луѓе кои бараат лесна смрт. Така да, кој умре таму горе кај што му ја исекоа главата на Нед? Веројатно бил некој доброволец. Значи ова се само претпоставки мои, зошто до сега тој дел од серијата е најмистериозен. Многу наивно е да се верува дека човекот без идентитет чекаше да го спаси Арја за после да и помага низ понатамошните настани. Нели претходно постоеше сомнеж дека тој е и Сирио Форел. Плус тука е и девојката која што ја мразеше Арја и му беше нешто ко ученичка/работеше за него. Претпоставувам тоа се е дел од неговите игри и тестови поврзани со Арја. Кога Арја ја "уби" девојката (иако не знаеме што точно се случи кога згасна свеќата) и и го закачи лицето во просторијата, тој и рече нешто во стил - The girl has become nо one - по што Арја му врати - I'm someone, and my name is Arya Stark - овој тогаш само се насмевна.
 
Арја случајно го спаси Jagen, не знам како чекал тој. Беше затворен нели со тие другите, и Арја едноставно го спаси, не сакаше да го остави, не ни знаеше кој е тој нели. После откако избегаа од Харенхал, Арја сакаше со него да оди, за да биде убиец како него нели. И ете стана како него, што значи тој дел е затворен, барем јас така мислам. Целта и беше да научи, и си научи. :)
 
Сакав да кажам, смешно е да се поверува дека трениран убиец ко него чекал на Арја да го спаси.
 
Разбрав што мислеше, ама не знам како би избегал од тоа кафезот, колку сака нека е трениран. :)
 
Одамна е кажано од Мартин и Д&Д лично дека договорот помеѓу нив тројцата уште на почетокот бил серијата да биде базирана според книгите на Мартин, но Д&Д да имаат ексклузивно право над серијата и они да решаваат за неа. На Мартин како автор кој ги напишал книгите и според кои се базира серијата Д&Д му имаат дадено неколку овластувања тој да направи сценарио за 2-3 епизоди од секоја сезона и плус има право кога сака да присуствува на снимањето на серијата без никакви рестрикции. Д&Д направија многу измени во серијата за разлика од книгите, и убија ликови кои во книгите се сеуште живи, а некои работи пак воопшто не ги ни прикажаа. Така сметале дека е најдобро и така биднало. Мартин неможе ништо против тоа. Сигурен сум дека нему лично не му е баш сеедно што така прават ама сега е касно да смени нешто. Обично кога се прави екранизација на книги во филм или серија писателот има некои ексклузивни права и нормално мора да даде своја согласност за да се снима материјалот, ама тоа не значи дека тој ќе одлучува за се. Ако филмот или серијата доживеат доста добар успех, во овој случај со ГОТ одличен успех, тогаш се зголемува и продажбата на книгите бидејќи гледачите сакаат подобро до детал да прочитаат како е напишано во книгите. Подоцна ќе постирам слики од Мартин во 1993 година што има напишано за книгите на еден издавач.

Да се цитирам самиот и да се надоврзам на муабетот. Реков дека ќе постирам слики... Еве ги. Извор

B9AcViAIIAAcpcy.jpg

B9AcWENIAAAkSza.jpg

B9AcTYHIUAAocJV.jpg

Читајте добро и запазете ги деталите. Доста работи што ги пишува овде се многу изменети и различно напишани во книгите. Значи и Мартин самиот има изјавено во интервјуа дека и тој правел грешки, надоградувал приказни и ликови, правел измени, па дури и имал помош од Елио и Линда. Јас искрено се надевам дека Д&Д за последните две сезони ќе соработуваат со Мартин и ќе ја однесат серијата во правецот на книгите како што планира Мартин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom