Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.553
Поени од реакции
24.902
Oстави го Заев, неважен е во муабетов. Јас за тебе сега зборувам. Велиш дека живееш во Австралија. Еве, јас ти верувам, за разлика од некои други членови овде. Кажи ми што би се случило во Австралија ако во јавност се појави снимка каде што министерот за транспорт и врска на Австралија (како и да се вика тоа министерство таму) и шефот на тајната полиција на Австралија разговараат за плановите на првиот да влезе во избирачките вреќи со тон како да разговатаат за одење на кафе?

Еве, за да не се мачиш, јас ќе ти кажам. Би се случила една од овие две работи. Или би демантирале дека снимката е автентична и би ги побарале сите можни вештачења, или веднаш би дале оставки, и целата влада би паднала, и најверојатно не би дошла на власт едно десетина години. Ето тоа Кано би се случило во држава која цивилизацискиот период го започнала како колонија населена со затвореници. Јас Кано, сум културен, образуван човек, од држава која сметам дека има далеку поголемо цивизациско наследство од Австралија. Зошто бе Кано јас да не можам да живеам во држава каде што оставката е правен и морален императив за било кој фукнционер вмешан во вакви дела?

И со кое право ти тука браниш такви ликови, против какви би псуел и би барал затвор во Австралија? Зошто сме бе Кано ние да сме подолу од Австралијанците? Какви се тоа двојни стандарди?
Прво таква снимка нема шанси овде да излезе од икс причини.

Ако излезе нешто такво (па и помало) нормално би си дал оставка. Владата нема да падне, ама ок, еве сфаќам што ми зборуваш и се слагам тоа треба да си биде стандардна практика. За жал во МКД не е, ниту во двата табора. Ко што овој треба да поднесе оставка и не треба да е дел од политика понатака истото треба да важи и за аболираниот. Ова се правила кој тие таму ги диктираат и по кој за жал народот игра. Јас не ги бранам најди еден пост каде бранам некој од ДПМНЕ. Напротив јас ги напаѓам и двете страни, тоа што ти имаш чуство дека ако некој е против СДСМ е со ДПМНЕ е друга работа, колку и да ти е чудно и смешно ова јас сум сериозен кога викам дека ниту гласам ниту ми е гајле кој ќе победи, јас само сакам да се заврши сагата. Реално имам и овде пишано АКО морам да бирам од двете опции би ги одбрал ДПМНЕ зашто сметам дека се поспособни од СДСМ и дека полесно може да изградат мост со дијаспората која ја гледам како единствен спас за државата (јасно ми е дека многу од вас ова не го мислите/гледате ама си е мое мислење).

Окулу МКД и АУС, нема врска цивилизациското наследство него политичката култура. Тука има демократија многу подолго и сосема друг тип на луѓе ја водат државата. Кај нас во двата табора има курони што се изгубени во политика и си играат како сакаат со народот. Зошто неможеш да живееш во држава каква што посакуваш хм, тоа е добро прашање. Најверојатно затоа што политичкиот систем што го создадовме (значи тука ја вбројувам нашата генерација и тие малку пред нас 40-50 год денес) е тотално промашен. Кај нас уствари постои тоа на ти го дај ми го, ВМРО/СДСМ партија каде што глумат лудило пред камери и го закрвуваат народот. Ако сакаш да живееш во таква држава треба ѓубрето да се очисти од двата табора.

Не бранам ликови, најди еден пост каде бранам лик.

Него кога сме веќе кај прашањата ајде сега ти одговори ми дали Заев треба да одговара за неговите дела? Дали треба опозицијата да има аболициран водач? Дали становите кој си ги изнајмува Шекеринска сама на себе и притоа затајува данок се ОК? Дали Катица работи селективно? Дали Верушевски треба да е пуштен на слобода? Дали син му на Верушевски треба е процесиран од СЈО? Ако веќе сакаш да живееш во асална држава и овие работи ваљда веруваш дека треба да се решат.[DOUBLEPOST=1466962189][/DOUBLEPOST]
е арно де, што треба јас да одговорам за начинот на регистрација? Зошто тоа не го направиле досега оние кои се на власт, тоа нив треба да ги прашаш, не мене.
значи самиот дојде до заклучок дека ЕИС е лош, најмалку 10% нерешени случаи. Зашто законодавната и извршна власт не реагирале да се расчисти списокот досега, повторно ќе треба нив да ги прашаш.
повторно треба да ги прашаш оние во чии раце беа сите институции.
Ако за тебе црното е бело, во ред. Инаку не, тие не се расчистени. Да ти повторам, според нашите закони во ИЕ во Македонија гласаат оние со постојано место на живеење во Македонија, оние надвор гласаат во трите ИЕ. Теренската проверка требаше да биде еден минипопис, а пописот е прекинат.
Мислиш ЕИС, попис и евиденција на граѓани по разни основи е можи да, можеби не. Нема или се ваму или се таму, такви дискусии за претендент за држава, се наивни, несериозни и опасни. Башка што за дијаспората веќе стопати е кажано.
јас немам увид во ЕИС по националност ниту знам дали се води по националност. Просто е, ИЕС не е прочистен, постојат и злоупотреби
ахм, ама збориме за лица кои над 10 години ги нема во ниедна база, за лица кои најмалку 1 година ги нема во истите бази и лица кои не се најдени на терен. Не знам зашто вакви нерелевантни примери даваш.
ако за тебе е свирипичино, за мене тоа е Македонија. И Љубојно и Дупени и Центар и Кичево...тие луѓе таму се знаат напамет, а ако тебе ти пречи што некој од тоа свирипичино изјавил дека трипати е зголемен бројот на жители од реалниот со непознати лица, тоа е веќе друга работа.

Активна регистрација понудија. СДСМ одби.

ЕИС е лош затоа што ДИК (СДСМ) не го ажурира.

Нема јас што да ги прашувам, ВМРО пондуи СДСМ одби. тоа е се што се гледа.

Расчистени се, јасно е кажано дека тие ги нема односно се надвор. Значи 170 000 од Полог се надвор и се нудело некое решение со ѕвездички и глупости. Теренската провека за поголем дел е направена иначе еве пак ништо тоа нема да реши, од сега до избори може пак да има измени и така до безкрај.

Мислам дека секој што внатрешно емигрирал требал да си се пријави во ДИК. Ако тоа не е направено вината барај ја таму. Знаеме под чија капа е ДИК. СЈО сеуште не почнала постапка за директорот така?

Не се прави луд, се знае во полог што се по националност. Од што постојано се правите луди нема попис ниту држава каква што треба. 10 години ДИК можеше да го ажурира списокот, не ја префрлај топката. Не заборавај и кој одолговлечуваше за да се пробијат роковите.

Зашто некој што живее во странство сосема лесно може да го нема на датабазите. Примерот е сосема релевантен.

Така е. Тој изјави за опозиционен медиум тоа. Притоа во воведот се спомнуваат Австралии, Канади САД... СЈО нека си прати екипа таму и нека се занимава со тоа. Малку се зафатени, ти реков до 2225 може ќе стигнат, сега политички одработуваат за Заев. Кажи ќе чекаме до тогаш за избори? Да знаеме ако не бар да не ги малтретираме странците да им кажеме нека искинат тоа препораките, треба СЈО да го почекаме да заврши прво со истрагите па ако имаме време ваљда ќе има и избори
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Активна регистрација понудија. СДСМ одби.
Институциите се ексклузивно во рацете на дпмне. Исто и законодавната и извршна власт. А добро знаеш како се носат законите и колку опозицијата беше релевантна во носење на истите. Така да, властите можеа одамна да донесат вакви измени.
ЕИС е лош затоа што ДИК (СДСМ) не го ажурира.
ова не ги пере сдсм или кој и да бил таму, но веројатно знаеш од каде му податоци на дик. Но ако некој од нив не си ја вршел работата, по закон е регулирано кој и како може да биде отповикан. Постои закондавен дом и комисии кои се одговорни за ДИК, дик не функционира надвор од планетава.
Расчистени се, јасно е кажано дека тие ги нема односно се надвор.
не е така кажано, ниту пак некој потврдил дека се тргнати од списоците во земјава. Можеби на некои владини медиуми е кажано. Од дик е изјавено дека овие бројки треба да се решат. 71.000 ги нема во базите над 10 години, 116.000 ги нема во базите над 1 година, 39.000 по неколку проверки ги нема во местото на живеење. Такви се состојбите па според тоа списокот би се намалил на околу 1.5-1.6 лица во земјава. Ете, затоа и беше потребен попис (погоре се чудеше пописот што бил поврзан со изборите), затоа што се ажурираат и податоците за лица и за објекти меѓу другото.
се знае во полог што се по националност.
значи ти знаеш дека единствен проблем е во Полог со 170.000 албанци, дека недостасуваат во базите ама ти знаеш кои лица се. Ок, и никој досега не го реши ниту во јавност излегоа такви информации. Што правиме со другите горенаведени лица, негде 40-50.000, што правиме со фиктивните адреси, адресите на државни институции, веќе постоечки адреси и што правиме со информациите од аудиоснимките.
Кажи ќе чекаме до тогаш за избори?
продолжуваш да поставуваш глупави прашања на кои јас не можам да ти одговорам. Се што треба е да сфатиш дека списоците мора да се средат и исчистат и да се постапи по аудиоснимките. Тоа досега не се случи, знаеш и зошто. Блокади, аболиции, рокади...
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.553
Поени од реакции
24.902
Институциите се ексклузивно во рацете на дпмне. Исто и законодавната и извршна власт. А добро знаеш како се носат законите и колку опозицијата беше релевантна во носење на истите. Така да, властите можеа одамна да донесат вакви измени.
ова не ги пере сдсм или кој и да бил таму, но веројатно знаеш од каде му податоци на дик. Но ако некој од нив не си ја вршел работата, по закон е регулирано кој и како може да биде отповикан. Постои закондавен дом и комисии кои се одговорни за ДИК, дик не функционира надвор од планетава.
не е така кажано, ниту пак некој потврдил дека се тргнати од списоците во земјава. Можеби на некои владини медиуми е кажано. Од дик е изјавено дека овие бројки треба да се решат. 71.000 ги нема во базите над 10 години, 116.000 ги нема во базите над 1 година, 39.000 по неколку проверки ги нема во местото на живеење. Такви се состојбите па според тоа списокот би се намалил на околу 1.5-1.6 лица во земјава. Ете, затоа и беше потребен попис (погоре се чудеше пописот што бил поврзан со изборите), затоа што се ажурираат и податоците за лица и за објекти меѓу другото.
значи ти знаеш дека единствен проблем е во Полог со 170.000 албанци, дека недостасуваат во базите ама ти знаеш кои лица се. Ок, и никој досега не го реши ниту во јавност излегоа такви информации. Што правиме со другите горенаведени лица, негде 40-50.000, што правиме со фиктивните адреси, адресите на државни институции, веќе постоечки адреси и што правиме со информациите од аудиоснимките.
продолжуваш да поставуваш глупави прашања на кои јас не можам да ти одговорам. Се што треба е да сфатиш дека списоците мора да се средат и исчистат и да се постапи по аудиоснимките. Тоа досега не се случи, знаеш и зошто. Блокади, аболиции, рокади...

Неможе дпмне самостојно да го укине дик и да воведе активна регистрација. Тоа може ако има конценсус од систе партии. Така да се направи тек тогаш што кукање ќе има. Важно се понуди решение кој е најдобро и најправедна ама ете на некој не му одговара.

ДИК добива податоци и од дијаспората која секогаш се пријавува и гласа. Па пак не се ажурирани тие податоци, така да не ги правдај.

Од ДИК нема никогаш ништо конкретно да кажат и да договорат затоа што секогаш една багра партиски членови бега од седници така? Единствен излез беше активна регистрација ама ете и тоа не им одговара на истите. Не се чудам за пописот него викам дека сега тоа не е приоритет. Треба да се направат избори сега, сега џабе збориме за попис... Тоа следната влада треба да го реши приоритетно. Сега треба начин како да се изведат изборите побрзо и притоа да има максимално чист список.

Јас не реков дека полог е единствен проблем него реков дека таму е главниот дел. Значи тоа прво треба да се реши па може да дискутираме за 600те центарци од Преспа итн... Се правите слепи на главниот дел од проблемот зашто јасно е дека таму тешко ќе иде решавањето. Нема други 40-50 000, таа цифра е значително помала. Дел од бројките што ги даваш се повторуваат, значи некој што го нема 10 години го нема и 1 година... Адреси не гласаат, луѓе гласаат. СЈО нека расчисти зошто адресите се така заведени, нека ги праша тие што 10 години во ДИК зимаат плата и што требале ова да го проверат кога ги ставиле на список.

Не е воопшто глупаво прашање. Како што ти реков список никогаш нема да е точен пошто се работи за жива материја. Секогаш ќе има некој што ќе почине или ќе се пресели. Освен активна регистрација нема солуција на проблемот поготово кога имаш една страна што кочи. Не ја префрлај топката на другата страна списокот нема врска ни со абилиции ни со блокади (тоест има од СДСМ), истрагата може паралелно да течи. Единствени обструкции тука се од страна на опозицијата која не идеше на седници на ДИК која бараше некој нереални модели за проверка само за да не се одржат изборите во закажаните термини.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Неможе дпмне самостојно да го укине дик и да воведе активна регистрација. .
Кано, ти ако си сериозен со вакви писанија... Не воведува дпмне промена на закон (заради таа регистрација или што и да е друго), собранието тоа го прави. дпмне не го укинува дик, постои собрание, постојат комисии итн...Ако прецедникот на дик на крај краева работел спротивно на закон, нека одговара, судовите и мвр се во рацете на истата власт.
Другото што си го пишувал се паушали тресени од ракав. Како сакаш сврти ја, дијаспората и привремено отсутните гласаат надвор на други списоци, незаконски активности има, незаконитости во начинот на регистрација живеалиште има, така да џабе ми одземаш време. Треба да се иследат тие незаконитости и да се среди списокот. Луѓе премиери кај вас за 1 шише вино од 3000 долари даваат оставки, камоли за вакви скандали. Нема што повеќе да додадам.
 
Последно уредено:
G

Goldie

Гостин
http://alsat.mk/News/259241/dui-kje-poddrzhi-formirawe-na-specijalno-oddelenie-vo-krivichniot-sud

Ами сеа шу праиме ? :icon_lol: до пред една година неможеше да се замисли дека некој функционер од владеачкава партија ќе се влече по судови, ќе добиваат домашен притвор и одзимање пасоши а сега на ред ќе биде и специјално одделение во кривичниот суд.
 
Џабе муабетот ти реков јас и пред тоа ако не си способен да одговориш зошто активна регистрација е неприфатлива за опозицијата и со тоа да се тргне ова од агендадата нема поента да се дискутира. Да јасно собранието може да донесе одлука ама џабе е таа одлука ако биде обжалена и прикажена како еднострана што ќе биде од страна на опозицијата. Тука си треба концензус тоа ти е јасно ама ајде ќе глумиме лудило на нет...

Исто и со претседателот на ДИК, фино треба да одговара и се надевам дека ќе одговара. Сепак тој си е кадар предложен (на) опозицијата и секаква негова одговорност сега би била прикажана како диктаторски чин од страна на власта иако реално човекот дозволи еве 10% од списокот според тебе да му е спорен.

Јас не реков дека дијаспората и привремено отсутните треба да гласаат во МКД. Напротив јас викам да им се создадат адекватни услови и да си гласаат таму, ама тоа да важи и за нас и за шипците. Кога знаеме дека има илјадници од нив што живеат во швици а гласаат во гостивар, дебар, кичево а притоа нема како да се реши тоа тогаш не треба да те изненадува што и други ги копираат. Колку и да сакаш да го смениш тоа јасно ти е дека во практика ако решил некој да гласа во МКД и ако ги поседува потребните документи на крај ќе најде начин. Единствен начин тоа да се реши е баш таа активна регистрација.

Незаконските активности, акти итн треба да си ги истражува СЈО или кој и да е. Тоа може да фати и години. Не може тоа повторно да ги кочи изборите, цела година се изгуби веќе. Списокот ти реков никогаш нема да биде исчистен. Ти спомнав јас сум пример а ко мене има илјадници што секогаш ќе се протнат при вакви вкртстувања. Сфати дека неможеш да му забраниш на некого да се пресели па макар и привремено и да гласа. Неможеш ти да му забраниш на тој од пустец да си најде живеалиште во ресен или скопје и да се стекне со право на глас таму. Колку и да не е етички тоа законот е таков и повторно освен со активна регистрација нема да може тоа да се реши.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
http://alsat.mk/News/259241/dui-kje-poddrzhi-formirawe-na-specijalno-oddelenie-vo-krivichniot-sud

Ами сеа шу праиме ? :icon_lol: до пред една година неможеше да се замисли дека некој функционер од владеачкава партија ќе се влече по судови, ќе добиваат домашен притвор и одзимање пасоши а сега на ред ќе биде и специјално одделение во кривичниот суд.
Иванов за дневник се што требаше си кажа. За СЈО, за Заев и Ахмети...
После 2 дена мораа да реагираат и учките ДУИ, оти знаеме какви се, не следат тие ништо што се случува, ја ништа не сам видел, не разумем, работат само по наредба на чадорот
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
се мислев да не се замарам со муабетов пошо уште со значење на пописот ми дојде чудно, него ај.
Прво, не знам дали е или не е и зошто не е прифатлива за опозицијата, досега измена сигурно не е предложена на собрание. Позицијата има мнозинство во собрание па од лани можеа да поднесат предлог. Досега едночудо закони се изменија без согласност од опозицијата та за активна регистрација било проблемот, пффф.,
Второ, што би постигнал исклучиво со таква регистрација со само некој број. Како ќе се елиминираат посочените неправилности без теренска и вкрстена проверка? Сонови.
Според проблемите веројатно требаше да се комбинираат неколку видови проверка и регистрација, не знам.
Инаку Словенија има административна проверка наместо активна регистрација. Само што тие сигурно немаат проблем со лк и адреси (секоја куќа има адреса, што за нас е "исклучително тешко").

Меѓувреме
ГЛАСАЧИТЕ ОД ПУСТЕЦ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ЦЕНТАР
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ова со иселените луѓе од центар ми делува како обид да се спасат одговорните од затвор. Демек еве грешката е исправена да се помири народот што би рекол Џорџе
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ова со иселените луѓе од центар ми делува како обид да се спасат одговорните од затвор. Демек еве грешката е исправена да се помири народот што би рекол Џорџе
Неможи ништо да му помогни, имаат доволно цврсти и јаки докази обезбедено... Ова е материјал за вести само, кога ќе биде актуелен тој случај да има начин како да му го перат.мозокот на попростата маса на народ.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.553
Поени од реакции
24.902
се мислев да не се замарам со муабетов пошо уште со значење на пописот ми дојде чудно, него ај.
Прво, не знам дали е или не е и зошто не е прифатлива за опозицијата, досега измена сигурно не е предложена на собрание. Позицијата има мнозинство во собрание па од лани можеа да поднесат предлог. Досега едночудо закони се изменија без согласност од опозицијата та за активна регистрација било проблемот, пффф.,
Второ, што би постигнал исклучиво со таква регистрација со само некој број. Како ќе се елиминираат посочените неправилности без теренска и вкрстена проверка? Сонови.
Според проблемите веројатно требаше да се комбинираат неколку видови проверка и регистрација, не знам.
Инаку Словенија има административна проверка наместо активна регистрација. Само што тие сигурно немаат проблем со лк и адреси (секоја куќа има адреса, што за нас е "исклучително тешко").

Меѓувреме
ГЛАСАЧИТЕ ОД ПУСТЕЦ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ЦЕНТАР

Незнам што ти е толку битен пописот во моментов. Не се одржа ОК, тоа е друга тема. Ако треба списокот да го ажурираме со правење попис тогаш со кој памет беше договорен април како термин? Јас не реков дека пописот не е битен, меѓутоа во моментот треба да се најде адекватно решение на проблемот со избирачкиот список. Под адекватно подразбирам да се добие список во кој сите ќе имаат поверење во најкус можен рок. Ако се оди со ова темпо прашање е дали ќе се порчисти списокот до време на редовните избори. Сфати дека треба да се разграничи истрага, судови мудови со спроведување на изборите. Двете работи се битни, само што еднава треба да се заврши во најкус можен рок а другата реално јасно е дека ќе фати години за се целосно да се расчисти. Ваљда не очекувате вака уште долго да биде? Трпението и на странците е при крај и они си имаат проблеми во својот двор, треба да се најдат решенија а не да се оди со глава во ѕид.

Прво не се прави будала јасно е дека сега неможе да се смени законот во парламент зашто важи договорот од пржино. Владата нема проблем со списокот, проблемот има опозицијата односно само сдсм. Така да немало потреба да се менува законот, ова со активна регистрација е единствено за да се успокои сдсм.

Второ си видел ли ти како изгледа тоа пријавување? Прво се поплнува образец кој покрај основни податоци треба и да е потпишан. Второ ДИК потоа треба да го одобри,значи провери. Трето списокот на крај се објавува јавно така да неможе да се манипулира со луѓе на лажни адреси и слично. Ако има такви и се појават на гласање се отвара можност да бидат уапсени на лице место. Ова е многу почиста работа него сегашниот начин. Значи проверка секако има, али таа е во овој случај релативно добро насочена. За почеток нема да збориме за 1,8М или 1,5 - 1,6М потенцијални гласачи кој треба да се проверат него ќе правиме муабет за 1М гласачи или колку и да се пријават. Унапред ќе се знае кој се, каде живеат итн...
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Трпението е при крај е новото на браникот на татковината
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Незнам што ти е толку битен пописот во моментов. Не се одржа ОК, тоа е друга тема. ..
ете пак покажуваш дека поим немаш за основни работи во муабетов. Теренската проверка беше минипопис без попис на објекти и адреси. При проверката е најдено дека 39.000 не можат физички да се лоцираат.
Прво не се прави будала јасно е дека сега неможе да се смени законот во парламент зашто важи договорот од пржино. Владата нема проблем со списокот, проблемот има опозицијата односно само сдсм. .
Уау, колку почит на дпмне кон договорот, па па па. Досега ниеден орган на власта не го почитуваше договорот. Напротив, апсат, се закануваат, аболицираат...
Така да немало потреба да се менува законот, ова со активна регистрација е единствено за да се успокои сдсм
немало потреба да се менува законот...размисли малце, не пишуј без везе, стварно забега.
Второ си видел ли ти како изгледа тоа пријавување? Прво се поплнува образец кој покрај основни податоци треба и да е потпишан. Второ ДИК потоа треба да го одобри,значи провери.
да провери непостоечки адреси и фалс лични карти? Без да отиде на терен. Колку до лани што им беа проверени, биди малце сериозен.
Трето списокот на крај се објавува јавно така да неможе да се манипулира со луѓе на лажни адреси и слично.
море Швецка џанам. Нема да се манипулира со лажни адреси. Хехе... Граѓани пријавуваа лажни адреси и лица и што направија куртон медиумите? Се отепаа правдајќи ги за сите пари (поприлична сума), до јаја...што направи дик со над 2000 такви пријави? ќутенката. Дури и мвр потврди злоупотреба на документи. Ти имаш кратко паметење или се измотаваш овде.
Едноставно е, во рацете на власта беа сите институции и инструменти. Излезе на површина хаварија со списоците и со изборни манипулации. Што ти е целта што го отекуваш веќе со муабетов, не знам. Сакаш да кажеш виновни се сите други Заев, сдс, граѓаните, марсовците, Америка и евреите, освен властите? Ај нека ти биде.
 
Последно уредено:

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Нешто не ми е јасно. Како може да се проблематизираат 2000 гласачи етнички Македонци од Пустец кои не живеат во Македонија, а да не бидат спорни 200.000 гласачи Албанци кои исто така не живеат во Македонија? Дали е ова дискриминација по етничка и верска основа и дали ОЈО ќе го испитува овој случај?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom