Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.553
Поени од реакции
24.902
Мене не ми пречи сите дијаспорци да се избришат од овдешниот список и да гласаат на списокот на иселениците. И законодавниот дом тоа го предвидел. И така имаат повеќе права како избирачи, нивниот глас вреди 10 пати повеќе од нашиот...Затоа дпмне се во коалиција до смрт верни со албанците па се надевам ќе ги избришат.
ок, на сФаровски суд? Те молам, не пишувај вакви фикции. Цело време борбата се врти околу блокада на сјо и аболиција.
Прво, не се работи само за Пустец туку и за други (јасно можеш да слушнеш од лепените и монтирани снимки за лица на повеќе списоци и нови лични карти) места. Најдени се лица на непостоечки адреси (што не е законски), лица на адреси каде лицата кои веќе живеат таму немаат поим за додадени лица (пак незаконски), лица на адреси на државни и јавни фирми (повторно незаконски).
ако го прочиташ, колку и да ти е несфатливо, очигледно не треба да гласаш во Македонија како лице на привремен престој во странство.
не знам, има многу кандидати
Штета што ова го прочитав последно, бадијала се мачев да реплицирам. Со ова самиот си побиваш 3-4 страни и потврдуваш дека списокот не е ажуриран, а кој тоа го правел во дик или во некое министерство, доколку не го блокираа, сјо требаше да го иследи. Додуша и редовните судови ама...

1. Нема овдешен или дијаспорски список него сите се на ЕДЕН список. Нема бришење него преместување на кој каде да гласа, и да и мене не ми пречи тоа (на никој не му пречи) ама спроведи го и за нас и за шипците. Кога ќе го спроведеш за нив нема проблем ни за нас да важи тоа, само чисто се сомневам дека тоа ќе го дозволат ДУИ, ДПА и странците.

Гласот на дијаспорците не вреди 10 пати повеќе од твојот, веќе 2-3 пати објаснив дека дефакто ние НЕМАМЕ услови да гласаме масивно. Значи ти бараш 6500 гласови од АУС за пратеник а отвараш дури 2 избирачки места со капацитет од по 1000 гласачи. Џабе ќе се гласа овде, дефакто одземено ни е правото на глас.

2. Те молам ако не сте способни да го решите проблемот воопшто не се ни нафаќајте или глумите лудило. Сфарвоски судство било а колку судии се изгласани за време на СДСМ? Борбата не е окулу СЈО и аболацијата, борбата е окулу изборите кој требаше да се случат во Април ама некој цело време ги одложува. Имате некоја фикс идеја дека ако ДПМНЕ победи на избори СЈО ќе се укине или дека нема да може да се апсат функционери на ДПМНЕ итн. Тоа требаше во пржино да се реши, да се бара да немаат имунитет и да се бара специјално оделение итн. Сфати дека мене не ми е гајле ни за едниве ни за другите, секој што направил криминал нека лежи, јас сакам стабилност, сакам избори за да заврши циркузот. Мене ми смета буљаши да фарбаат и кршат низ град. Ми смета и тоа што некој краде, ми сметаат и аболицирани политичари. Тој што крши и фарба треба да си плати и да лежи за тоа. Тој што украл кебапи исто. Тој што местел тендери/крадел итн исто. Криминал не оправдува криминал.

3. Си има СЈО нека докажува и апси ако е тоа како што викаш. Адреси не гласаат, луѓе гласаат. Тоа што некој не ажурирал список или не си ја завршил работата како треба не треба да ги кочи изборите. Им се понуди можност за со активна регистрација, како во дијаспората, значи секој да се пријави ама и тоа е не го прифатија? Зошто?

4. Знам дека не треба, не ни гласам. Само ти доловувам колку се способни тие што работат во ДИК. На листата на фантоми се и мојте, кој од 2010 живеат во МКД а нив на пример сеуште ги водат во странство. Што сакаш понатаму, едноставно ДИК треба да се затвори. Тоа не е слабост на ДПМНЕ тоа е пред се срам на опозицијата што зима плата а ништо не сработила. Се виде и со списокот на фантомите.

5. Секој што направил криминал треба да иде во затвор. Јас сум за и од двата табора да одат. СЈО селективно работи, се гледа дека си работат под партиска директива а ко што гледам и овде повеќето привразаници на СЈО и опозицијата ги интересира само едната страна. Тоа дека дпмне можело и требало да ги апси ама спиеле цели 10 години не проаѓа. Верушевски го извадија од затвор. Заев го аболицираа.

6. Незнам на што мислиш дека си побивам 3-4 страни.

Списокот не е ажуриран а за тоа криви се ДИК предводени од опозицијата која цело време само одолговлечува. Да бидеме и реални списокот нема никогаш да биде 100% чист и ако сакаш секогаш ќе најдеш влакно во јајцето затоа што сепак е само список на живи луѓе. Секогаш ќе има промени, луѓе се селат, умираат, стануваат полнолетни. Се понуди активна регистрација, требаше да се прифати и да се иде на гласање. Уште еднаш зошто не се прифати па да се стави крај на циркузот? Вака до 1001 ќе одиме за џабе. Факт е дека има пропусти ама далеку од тоа како што пробува Заев и ти тука да ги прикажете. Факт е дека некој цело време бега од избори. Факт е дека опозицијата само ја продлабочува кризата. Факт е дека опозицијата не направи асален договор во Пржино па сега цела нација е заложник на нивните болни амбиции. Факт е дека имаа можност да го отворат системот да бидеме сите дел од една изборна единица и народот да има повеќе избор кога ќе гласа ама нејќеа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
1. Нема овдешен или дијаспорски список него сите се на ЕДЕН список. Нема бришење него преместување на кој каде да гласа, и да и мене не ми пречи тоа (на никој не му пречи) ама спроведи го и за нас и за шипците. Кога ќе го спроведеш за нив нема проблем ни за нас да важи тоа, само чисто се сомневам дека тоа ќе го дозволат ДУИ, ДПА и странците.

.
пак око Крагујевца пишуваш. Сакаш 2 датотеки, сакаш 3 фајлови, сакаш една база со посебни клучеви...небитно е тоа како е организирана базата на т.н. единствен избирачки список. Битно, оние надвор од Македонија треба да гласаат во ИЕ7, 8, 9, оние внатре, согласно закон, во ИЕ 1-6. Ова по не знам којпат ти го пишувам, очигледно тешко сфаќаш. Тоа е според закон, не според моја волја. Се фаќаш намерно или не, за небитни во случајов терминолошки разлики. Постои ЕИС, но реално за секое ИМ и за секоја ОИК постојат посебни списоци. Ти не можеш да преминеш од список од едно ИМ на друго. Детски и неумесно е да се фаќаш за вакви буквалистички работи
Списокот не е ажуриран а за тоа криви се ДИК предводени од опозицијата која цело време само одолговлечува. Да бидеме и реални списокот нема никогаш да биде 100% чист и ако сакаш секогаш ќе најдеш влакно во јајцето затоа што сепак е само список на живи луѓе.
Незнам на што мислиш дека си побивам 3-4 страни.
Самиот споменуваш дека не е ажурен. Со други зборови не е добар. 71.000 плус 39.000 плус 116.000. Тоа за тебе е добар список :confused:
А тоа кој како праел, си има сјо кој, доколку не беше блокирано од владата, требаше да ги иследи тие незаконски активности. Толку ли ти е тешко да сфатиш дека по закон секој мора да гласа каде што му е местото. И јас можеби сакам во Кавадарци или во Охрид ама не можам.
Секој кој измислува адреси или на веќе постоечки адреси, без согласност вметнува гласачи, секој кој преместува гласачи на по 2-3 избирачки места, врши криминал. Тоа јас не го измислувам, тоа е според законите на Македонија. Впрочем најди ми ти каде е дозволено да се измислуваат адреси или да се пријави живеалиште без знаење на жителите на тие адреси. Според ниеден закон во Македонија нема врска ова што го пишуваш.
Башка манипулации со изборниот материјал и списокот на терен. Еве дел од аудиоснимките -се манипулира со вреќи, списоци, умрени луѓе, на една адреса десет, цел кабинет претворен во штаб на дпмне, војниците мора да гласаат за дпмне инаку...итн итн.
http://vistinomer.mk/prislushuvani-razgovori-set-8-zloupotreba-na-drzhavnite-institutsii/
Ако сомнителните односно нерасчистени над 200.000 лица и изборните манипулации за тебе не се незаконски и не се основа за постапки...
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.553
Поени од реакции
24.902
пак око Крагујевца пишуваш. Сакаш 2 датотеки, сакаш 3 фајлови, сакаш една база со посебни клучеви...небитно е тоа како е организирана базата на т.н. единствен избирачки список. Битно, оние надвор од Македонија треба да гласаат во ИЕ7, 8, 9, оние внатре, согласно закон, во ИЕ 1-6. Ова по не знам којпат ти го пишувам, очигледно тешко сфаќаш. Тоа е според закон, не според моја волја. Се фаќаш намерно или не, за небитни во случајов терминолошки разлики. Постои ЕИС, но реално за секое ИМ и за секоја ОИК постојат посебни списоци. Ти не можеш да преминеш од список од едно ИМ на друго. Детски и неумесно е да се фаќаш за вакви буквалистички работиСамиот споменуваш дека не е ажурен. Со други зборови не е добар. 71.000 плус 39.000 плус 116.000. Тоа за тебе е добар список :confused:
А тоа кој како праел, си има сјо кој, доколку не беше блокирано од владата, требаше да ги иследи тие незаконски активности. Толку ли ти е тешко да сфатиш дека по закон секој мора да гласа каде што му е местото. И јас можеби сакам во Кавадарци или во Охрид ама не можам.
Секој кој измислува адреси или на веќе постоечки адреси, без согласност вметнува гласачи, секој кој преместува гласачи на по 2-3 избирачки места, врши криминал. Тоа јас не го измислувам, тоа е според законите на Македонија. Впрочем најди ми ти каде е дозволено да се измислуваат адреси или да се пријави живеалиште без знаење на жителите на тие адреси. Според ниеден закон во Македонија нема врска ова што го пишуваш.
Башка манипулации со изборниот материјал и списокот на терен. Еве дел од аудиоснимките -се манипулира со вреќи, списоци, умрени луѓе, на една адреса десет, цел кабинет претворен во штаб на дпмне, војниците мора да гласаат за дпмне инаку...итн итн.
http://vistinomer.mk/prislushuvani-razgovori-set-8-zloupotreba-na-drzhavnite-institutsii/
Ако сомнителните односно нерасчистени над 200.000 лица и изборните манипулации за тебе не се незаконски и не се основа за постапки...

Се сложувам доколку тоа биде обезбедено за сите. Значи кога од тие 220 000 спорни ќе се најде начин како тие 170 000 шипци од полог да се префрлат кај што треба може да дискутираме за случаи како мојот и тие од преспа. Проблемот е што тие 170 000 не е можно до се решат затоа што ниту ДПА ниту ДУИ ниту странците имаат воља за тоа. Не се решени затоа што ДИК кое го води опозицијата нема воља да го реши тоа. Сите истраги и пренасочувања се прават селективно против македонците така да ова е повторно селективен процес. Не е проблем од наша страна, ние всушност и сакаме тоа (зборам за дијаспората) проблемот е кај вас со тоа што си го дадовте газот под кирија па сега неможе да се најде адекватно решение за сите.

За мене списокот нема никогаш да биде перфектен. Не верувам дека ќе биде ни за тебе. Најдобра опција е како што спомна во УК, активна регистрација каква што има во дијаспората моментално, значи не би било тоа ништо ново. Те молам последен пат ќе те прашам кажи ЗОШТО е тоа не прифатливо? Ако не одговориш овојпат, не ме ни цитирај, подобро да ја завршиме дискусијата тука пошто се вртиме во круг. Заклучокот е тој, и двајцата сакаме напредок, сакаме чист систем и (валда сакаш и ти) избори ама неможе да се дојде до тоа зашто за СДСМ е побитно да се купува на време, да се наштети на на владата со преку селективни случаеви преку СЈО него да се стави државата пред се и да се иде на избори.

Точно има СЈО и тоа треба да го реши. Да не делуваше партиски немаше да биде блокирано. Кога очигледно дејстувава под команда на опозицијата што очекуваш, сосема нормално е да нема соработка со таков орган. Јас сум и за СЈО и за специјално судство и за 10 пати поголем буџет на таквото и за проширување на овласувањата ама за тоа да си биде профи и неутрално. Ова сега е комедија која нема подршка од целокупното население и едноставно се вклопи во македонската политичка беда. Јас неможам да поддржам некој што ослободува криминалци како Верушевски, бара случаи како тој за син му, одзима постапки против Заев и ги става во фјока од една страна а дејстувава само против владини функционери. Тука нема баланс. Затоа и многу луѓе не го поддржуваат ова СЈО. Јас и предходно напишав сакам да има СЈО, ако нема судии во МКД може да се примени дубаискиот модел, да се донесат судии од УК, да се побара помош од Романија па на крај крајева може да се вклучат наши судии од дијаспората. Во УСА, АУС, Европа има цел куп судии што можеше да бидат ангажирани. Имаше решенија ама во Пржино некој неќеше да преговара како треба, побитно беше да се оцрни другата страна, побитен беше популистички настап (копија на тие што сакаш да ги тргнеш) и да дојде ако може до тивка смена без многу промени за да се продолжи на ист начин со друг диктатор. Не помина тоа, овие испаднаа жилави и незгодни па се изгуби година дена. Ако пред тоа имавме трпение, веќе нема, време е за избори револуцијата очигледно не дојде.

Иначе не не ми е тешко да сфатам дека кој што му е местото треба да гласа. Кажи ми како реално ќе го решиш тоа со правење некакви списоци. Само активна регистрација е решение, ама тоа не е прифатливо а ти одбиваш да го дебатираш па ми кружиш тука за банални работи. ВМРО го понуди тоа, во дијаспората веќе се практикува што е проблемот со Заев? Стравот дека на дпмне гласачите сигурно ќе се пријават а оние неодлучените на кој се надева ќе ги мрзи да пополнуваат формулари па и да гласаат? Зошто во УК не е проблем а кај нас е тоа проблем?

Се сложувам дека е криминал тоа, СЈО треба да изврши истрага окулу тоа. Малку се зафатени со политички поважни работи. Кај и да е до 2225 ќе стигнат дали треба да чекаме до тогаш? Интересно како правиш повторно проблем од адресите... ОК, еве јас имам куќа во СК, ако дозволам за 1 денар годишно да престојуваат 3000 луѓе како тука се прекршува законот? Зборите како тоа да е премногу тешко да „преселиш“ некој во МКД и како да е тоа некоја филозофија па требало да се измислуваат адреси или да се ставаат на непосотоечки. Притоа ми даваш рекла казала муабети од а1 како докази во свирипичино. Има СЈО, има суд нека решат се тоа. На крај крајева рековме ЛУЃЕ гласаат помири се со тоа дека законот е полн со дупки и дека лесно се манипулира. Утре јас може да се преселам во Кавадарци или Тетово. Да се стекнам со документи и да гласам. Недела дена подоцна пак да бидам дијаспора. Тука нема ништо нелегално затоа што законски тоа си е дозволено. Сакаш чист список, АКТИВНА РЕГИСТРАЦИЈА, одоговори на тоа па да продолжиме.

За мене тие 200 000 се расчистени. Тие се углавно во дијаспората или во СК а се водат свирипичино. Од тие 170 000 се шипаци кој немаат удел на избориниот резултат на дпмне. Ова е само уште еден начин да се одолговлечи процесот.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.553
Поени од реакции
24.902
Луѓево масовно се иселуваат од Центар. Ете што ти прави загадениот воздух, 600 луѓе да си заминат од центарот на Скопје.

http://plusinfo.mk/vest/76224/-600-glasaci-od-pustec-se-iselile-od-centar

Така е тие 600 души се проблем тие во гостивар, кичево, тетово што со чартери слетуваат на ден на гласање се ок. Таму нема потреба од истраги, сорос за таму не дава пари, дуи, дпа не пуштаат некој да им се шета и прави истраги. 170 000 vs 600 од центар и 200-300 од ресен. Ама тоа е, за шипците кога се работи ќутите
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Кој го спречува Грујо да направи попис и да ги среди избирачките списоци во западна Македонија? Сорос, ЦИА, масоните, или тендер коалицијата?
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.553
Поени од реакции
24.902
Кој го спречува Грујо да направи попис и да ги среди избирачките списоци во западна Македонија? Сорос, ЦИА, масоните, или тендер коалицијата?
А што има врска попис со избори?

Кој ги спречуваше ДИК да го ажурира списокот сиве овие години или да се иде со активен список на гласање?
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.387
Поени од реакции
3.594
Така е тие 600 души се проблем тие во гостивар, кичево, тетово што со чартери слетуваат на ден на гласање се ок. Таму нема потреба од истраги, сорос за таму не дава пари, дуи, дпа не пуштаат некој да им се шета и прави истраги. 170 000 vs 600 од центар и 200-300 од ресен. Ама тоа е, за шипците кога се работи ќутите
brej covece kakov grev
ti najde od 50000 km dalecina da ni ispravas tuka na nas krivi drini
drvo nedodelkano
kojznae sto se ve lazat vmrovcite tamu vo ostrejla
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А што има врска попис со избори?

Кој ги спречуваше ДИК да го ажурира списокот сиве овие години или да се иде со активен список на гласање?
Да те прашам нешто, ама искрено да ми кажеш. Дали мислиш дека е во ред она што ДПМНЕ го направи со избирачите од Пустец во Центар, и дали мислиш дека е во ред како Брколинда им се потсмеваше?

Друга работа, дали мислиш дека избороте на тој начин се легални, и дека никој не треба да оди затвор за тоа?

Значи, батали Заев, ДУИ, Сороси, одговори ми на овие неколку прашања најдиректно што можеш.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.553
Поени од реакции
24.902
brej covece kakov grev
ti najde od 50000 km dalecina da ni ispravas tuka na nas krivi drini
drvo nedodelkano
kojznae sto se ve lazat vmrovcite tamu vo ostrejla
Така ти е тоа кога сте куртони што една година неможете избори да си направите. На крај ние од овде или странците во МКД мора да ви исправаме криви дрини, да ве спаспуваме од диктатури и да ви спроведуваме истраги. Од што сте многу способни вие таму ДЕВЕТ пати ве силува дпмне и наводно пред нос 5 милјарди ви украле. Сокри се некаде и ќути си, моли се таму некој странец да ја среди државата пошто реално вас не ве бива.[DOUBLEPOST=1466957026][/DOUBLEPOST]
Да те прашам нешто, ама искрено да ми кажеш. Дали мислиш дека е во ред она што ДПМНЕ го направи со избирачите од Пустец во Центар, и дали мислиш дека е во ред како Брколинда им се потсмеваше?

Друга работа, дали мислиш дека избороте на тој налчин се легални, и дека никој не треба да оди затвор за тоа?

Значи, батали Заев, ДУИ, Сороси, одговори ми на овие неколку прашања најдиректно што можеш.
1. Мислам дека е во ред, ако нашле законски дупка и ако ја искористиле за придобивка тогаш нема лутење. Двата табора имаат право играат по исти правила, тоа што овие се снашле, нашле луѓе итн е ок. Мислам дека НЕ Е ЕТИЧКИ поготово за локални избори ама од друга страна еве кажи ми ти колку знаеш што живеат во СК а гласаат во БТ пошто не смениле адреса? Тоа исто не е етички ама никој не го коментира. Исто важи и со тие од швици што гласаат во Кичево, цели чартери.

2. Мислам дека Гордана е гад и воопшто не ми е гајле за неа. Ако се докаже дека направила криминал нека оди во затвор. Ако не се докаже треба за цел живот да е надвор од политика и да биде плукана каде ќе се стигне.

3. Ако мислиш за избирачите од пустец, дали на тој начин изборите се легални, ти реков, мислам дека ако легално имаат државјанство и гласачко право во МКД тогаш да, легално е и треба да гласаат. Мислам дека законот е полн дупки и дека е лесно да се манипулира и дека џабе се мачиме со некакво прочистување на список кој реално нема никогаш да биде чист. Ако имало криминал, да сметам дека треба да се оди во затвор АМА тоа не смее да ја пролонгира лимбо ситуацијата сега, значи избори паралелно со истрага и затвор подоцна ако има пресуда. Сметам дека победа на избори никого не пере, Грујо ако е крив и да добие на избори може и мора да легне. Сметам дека тоа требаше да биде главна точка во Пржино ама не се направи затоа што Заев мислеше лагано ќе се предадат или дека СЈО магично ќе одработи за него без притоа овие да дадат отпор. Се заеба, а со тоа не заеба и сите нас.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако имало криминал, да сметам дека треба да се оди во затвор АМА тоа не смее да ја пролонгира лимбо ситуацијата сега, значи избори паралелно со истрага и затвор подоцна ако има пресуда. Сметам дека победа на избори никого не пере, Грујо ако е крив и да добие на избори може и мора да легне. Сметам дека тоа требаше да биде главна точка во Пржино ама не се направи затоа што Заев мислеше лагано ќе се предадат или дека СЈО магично ќе одработи за него без притоа овие да дадат отпор. Се заеба, а со тоа не заеба и сите нас.
Како да се оди на избори кога ДПМНЕ кандидира луѓе кои се обвинети за изборни измами, или кои им биле надредени на оние кои се обвинети на изборни измами? На снимките слушнавме дека Миле влегол или сакал да влезе во изборните вреќи. Неважно дали тоа го направил, ликот имал и намера и можност да го направи тоа. Како да се оди на избори кога Гвујо го знаел сето тоа и не му сметало? Како смее таков човек, со НУЛА демократски капацитет, за кого избирачкото право не постои, да биде лидер на партија? Па не е ова Тунгузија, се работи за држава која е кандидат за членство во ЕУ.

Ова се најелементарни работи. Срамота е да ги браните овие ликови. Лична срамота.
 
Прво ти реков требаше да се бара во пржино да нема имунитет, па да може и таквите да страдаат. Штом се осуди, едноставно наредниот на список може да го земени итн... Значи најбитно беше да има влада и да се реши ова паралелно. Сега ништо нема, и се одалечуваме од ЕУ. Второ снимките се само насока за некаква истрага. Не се ниту доказ дека некој влегол во вреќите ниту пак верувам дека тоа може тек така со огледа на тоа дека на секое изборно место имаш преставници и на опозицијата и независни наблудувачи. Вие дозволивте Заев со пампозни пресови да ви ги испере мозоците а уствари типот ви пушта селектирани сегменти од илегално стекнати разговори. Искрено нит ме интересираат тие разговори ниту пак ги сметам за некој релевантен доказ а најмалку пак би влијаеле како би гласал. Грујо колку и да не ти се свиѓа си го избрале тие што требало и си е лидер на партијата. Заев имаше можност во Пржино да го отвори системот па да имаме уште 10 партии и лидери што ќе направеа импакт и ќе донесеа поширока изборна палета. Не го направи. Тоа за мене е поголем доказ дека некој нема демократски капацитет.
 
Oстави го Заев, неважен е во муабетов. Јас за тебе сега зборувам. Велиш дека живееш во Австралија. Еве, јас ти верувам, за разлика од некои други членови овде. Кажи ми што би се случило во Австралија ако во јавност се појави снимка каде што министерот за транспорт и врска на Австралија (како и да се вика тоа министерство таму) и шефот на тајната полиција на Австралија разговараат за плановите на првиот да влезе во избирачките вреќи со тон како да разговараат за одење на кафе?

Еве, за да не се мачиш, јас ќе ти кажам. Би се случила една од овие две работи. Или би демантирале дека снимката е автентична и би ги побарале сите можни вештачења, или веднаш би дале оставки, и целата влада би паднала, и најверојатно не би дошла на власт едно десетина години. Ето тоа Кано би се случило во држава која цивилизацискиот период го започнала како колонија населена со затвореници. Јас Кано, сум културен, образуван човек, од држава која сметам дека има далеку поголемо цивизациско наследство од Австралија. Зошто бе Кано јас да не можам да живеам во држава каде што оставката е правен и морален императив за било кој фукнционер вмешан во вакви дела?

И со кое право ти тука браниш такви ликови, против какви би псуел и би барал затвор во Австралија? Зошто сме бе Кано ние да сме подолу од Австралијанците? Какви се тоа двојни стандарди?
 
Последно уредено:

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.387
Поени од реакции
3.594
Така ти е тоа кога сте куртони што една година неможете избори да си направите. На крај ние од овде или странците во МКД мора да ви исправаме криви дрини, да ве спаспуваме од диктатури и да ви спроведуваме истраги. Од што сте многу способни вие таму ДЕВЕТ пати ве силува дпмне и наводно пред нос 5 милјарди ви украле. Сокри се некаде и ќути си, моли се таму некој странец да ја среди државата пошто реално вас не ве бива.
Dosta drapas madinja be tele. Samo spinuvas i relativiziras kako nekoj isprdok na milenko i pusanac
Sfati deka
- Ti nemas nikakva pretstava za realnata situacija ovde.
- Tebe ne ti e ni gajle za ovaa vukojebina
- Na nikogo od ostrelija ne mue gajle za ovaa vukojebina, osven na onie sto imaat nedvizen imot ovde pa se plasat deka ke im go zeme baba roga

Sega prestani da treses gluposti za nesto za koe nemas nitu validni informacii nitu nesto povekje od trivijalna zagrizenost i zemi brkaj si rabota tamu so transeksualkite od tajland i filipino
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Сакаш чист список, АКТИВНА РЕГИСТРАЦИЈА, одоговори на тоа па да продолжиме..
е арно де, што треба јас да одговорам за начинот на регистрација? Зошто тоа не го направиле досега оние кои се на власт, тоа нив треба да ги прашаш, не мене.
Се сложувам доколку тоа биде обезбедено за сите. Значи кога од тие 220 000 спорни ќе се најде начин како тие 170 000 шипци од полог да се префрлат кај што треба може да дискутираме за случаи како мојот и тие од преспа. Проблемот е што тие 170 000 не е можно до се решат затоа што ниту ДПА ниту ДУИ ниту странците имаат воља за тоа.
значи самиот дојде до заклучок дека ЕИС е лош, најмалку 10% нерешени случаи. Зашто законодавната и извршна власт не реагирале да се расчисти списокот досега, повторно ќе треба нив да ги прашаш.
Зошто во УК не е проблем а кај нас е тоа проблем?
повторно треба да ги прашаш оние во чии раце беа сите институции.
За мене тие 200 000 се расчистени.
Ако за тебе црното е бело, во ред. Инаку не, тие не се расчистени. Да ти повторам, според нашите закони во ИЕ во Македонија гласаат оние со постојано место на живеење во Македонија, оние надвор гласаат во трите ИЕ. Теренската проверка требаше да биде еден минипопис, а пописот е прекинат.
Тие се углавно во дијаспората или во СК а се водат свирипичино.
Мислиш ЕИС, попис и евиденција на граѓани по разни основи е можи да, можеби не. Нема или се ваму или се таму, такви дискусии за претендент за држава, се наивни, несериозни и опасни. Башка што за дијаспората веќе стопати е кажано.
Од тие 170 000 се шипаци кој немаат удел на избориниот резултат на дпмне.
јас немам увид во ЕИС по националност ниту знам дали се води по националност. Просто е, ИЕС не е прочистен, постојат и злоупотреби
Утре јас може да се преселам во Кавадарци или Тетово. Да се стекнам со документи и да гласам. Недела дена подоцна пак да бидам дијаспора. Тука нема ништо нелегално затоа што законски тоа си е дозволено.
ахм, ама збориме за лица кои над 10 години ги нема во ниедна база, за лица кои најмалку 1 година ги нема во истите бази и лица кои не се најдени на терен. Не знам зашто вакви нерелевантни примери даваш.
Притоа ми даваш рекла казала муабети од а1 како докази во свирипичино.
ако за тебе е свирипичино, за мене тоа е Македонија. И Љубојно и Дупени и Центар и Кичево...тие луѓе таму се знаат напамет, а ако тебе ти пречи што некој од тоа свирипичино изјавил дека трипати е зголемен бројот на жители од реалниот со непознати лица, тоа е веќе друга работа.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom