Ајде вака...
Фила -
Симонс, Луваву, Коркмаз
Одлични пикови за Фила, прилично ме изненадија од нивниот избор, прв пат да направат добар избор. На крајот не успеаја да дојдат до Dunne, Oкафор и Ноел останаа во екипата, Симонс очекувано прв пик. Самото тоа што го дигнаа Тими Луваву од 24 позиција зборува дека добро пројдоа. Кога би могле сега да ги увалат Шариќ и Корказ во некое пакетче за еден играч, путер.
ЛАЛ -
Инграм,Зубац
Очигледен избор, не сум баш воодушевен од Зубац иако рекоа дека ваљда ке остане уште една сезона во европа, али за 32 пик не е лошо, пошто му се предвидуваше прва рунда, сумњам дека ке стане некад озбилен играч во НБА, подлежен на повреди е.
Бостон -
Браун, Јабузел, Жижиќ, Џексон, Бентил
Имам чуство дека лошо го одработија овој драфт Бостон и покрај толку пикови. Французинот можеа да го подигнат од повисока позиција ( бидејќи не верувам некој да го дигнеше,а за неговиот пик ке земеа доста подобар играч) све ми се чини дека Ејнџ забагува. Браун е неспремен играч, али има некоја жичка во него, може и да испадне нешто од него. Талент има, атлета е, доста солиден IQ. Очигледно во Бостон сакале атлета која кида во одбрана и тоа е тоа. Французот според мене е доста лош играч, дај боже да грешам ама...Жижиќ ми е ок пик, он може да биде ротационен играч во нба, мобилен, послушен играч, едноставно играч од задача. Мислам дека подобра кариера ке направи од Зубац. Им ги дадоа 31 и 35 пик на Гризлис, за пик од прва рунда следната година, серем ги се у пикови, за да го подигнат Џонсон од висока позиција и Бентил, тоа ги извлече малце, ќе видиме следната година дали добро го одработиле драфтот.
Санс -
Бенднер,Крис, Улис
Еден од подобрите одработени драфтови за сонцињата, мада...Бенднер ми е мачка во џак и мислам дека е премногу исхајпован и дека претеруваат малце кога велат дека он е Порзингис на овој драфт. Крис е много готивен играч, има премногу талент во драфтуваните пикови. Затоа ги сматрам за победници, си земаа што си планираа а и го превеслаа Дивац док кажеш кекс.
Вулвс -
Дан
Нема што многу да се зборува, Тибс зеде играч кој може и да го задржи а може и да им го утрапи на Чикаго или Фила, така да фактот што не го зеде Батлер и не ги квари плановите многу, озбилно многу добар играч е Дан, се на се мирен драфт за Вулвс, фино.
Пеликанс -
Хилд, Диало
Шутер, power booster. Одлични пикови за Пеликанс со оглед на позициите од кои бираа, фин драфт и за нив, изгледа дека Андерсон си оди, го ојачаа шутот, го ојачаа скокот и то је то.
Нагетс -
Mареј, Ернангомез, Бизли
Два бека и 3-4 играч кој веројатно уште една сезона ке проведе во Европа, зедоа играчи на позициите каде се многу тенки (а Мареј може да го менува и Мудоња читај Mudiay
), така да и они фино поминаа.
Кингс(лузеришта најголеми) -
Папајанис, Лабисиер, Ричардсон
Е ова го чекав, Владе Дивац
, коњино, дај си отказ одма, дали си нормален што направи од екипата? Им даде 2 пика у топ 4 за 13,28 и Богдан, ок можда нешто и ке направи со нив. Али јеботе бог ги имаш Куфос, ВКС и Буги и ти ладно го подигнеш Папајанис од 13 позиција, па како да тоа не е доволно и го подигнуваш Лабисиер од 28 позиција кој има 213 cm, океј можда би можел да игра на PF, во меѓувреме го дадоа и Белинели за обичен шутер детиште. Владе краљу шта учини?
Торонто -
Поелтл, Сиакам
Ок, скапираа дека Кливленд ги разнесе во рекетот, па решија да го појачаат. Двата играчи се одлични скокачи, Австријанецот чак и квалитетно месо, Сиакам квалитетен коректор, ок пројде и Торонто.
Бакс -
Мејкер, Брогдон
Брогдон е бонбонче, радник, all around играч, одличен дефанзивец. Мејкер е longest reach на драфтот, али добро ќе видиме дали ќе им се исплати. Убедливо најдолга екипа во лигата, можда од него пробуваат да направат нов Јанис, тогаш ризикуваа и им се исплатеше, ќе видиме за неколку години.
Орландо -
Цимерман
Раме уз раме со Кингси како лузеришта најголеми на драфтот, дадоа Иљасова,Сабонис и Оладипо за Ибака, Ибака кој е во пад на форма и на кого договорот му истекува следното лето. За година дена останаа и без Оладипо и без Херис. Толку околу нивниот "rebuilding", распад. Да не си фан на Орландо.
Хокс -
Кординие, Принс, Бембри
Ок, ова веќе личи на некој rebuilding. Има и глава и опаш, доведоа играчи испод радар ( во смисла што не се зборуваше за нив нон стоп), така да добро поминаа. Ќе треба време да се измикса тоа и да се укомпонира, овој Принс ми се чини дека е poor man Демаре Керол, ок е.
Булс -
Валентајн, Ципсер
Ципсер не ме бендисва, ама ич, али со земањето на Дензел покажаа Булси дека имаат муда. Сега да направат show и да го стават за стартен PG, да прави чуда со онолкаво тело на таа позиција. Ако го послужи здравјето добар пик за Чикаго, посебно ми е драго кога некој сениор од Колеџ кој не живи од атлетицизам успее да се убаци така високо.
Гризлис -
Болдвин, Дејвис, Загорац
Одличен драфт и за Гризлис, тргнаа во rebuilding. Доведоа млад, талентиран дефанзивен PG, кој мора да поработи на финесите во својата игра ( а има тело за тоа), еден од најдобрите рим протектори на драфтот и паметен талентиран Србин, Јас би ги довел сите тројца уште ова лето. Дејвис беше единствениот кој беше повикан во green room а испадна во втората рунда, му посакувам да експлодира во НБА и да направи чудо. Му го скршија срцето а он се држеше јуначки, пола од усните ги изгриза и изеде.
Пистонс -
Елисон, Гбиње
Два одлични пика. Толку им упадна лажичката во мед што СВГ изјави дека не може ништо да каже за Елисон, јер ни на крај памет не му било дека ќе дојдат до него. Poor man Kevin Love. Имаат талентирана фајтерска екипа Детроит и мислам дека следната сезона ќе бидат уште подобри од минатата. Гбињ беше одличен NCAA играч, ако му пројде добро транзицијата од NCAA во NBA, може да биде steal of the draft, мада повеќе играчи има шанса за тоа.
Бруклин -
Лаверт, Вајтхед
Очајнички потези на Бруклин да ја спасат франшизата. Франшизата им се распаѓа. Не достојни за коментар.
Клиперс -
Џонсон, Мишенау, Стоун
Сакаа да го ојачаат рекетот и успеаа во тоа. Џонсон е poor man Keneth Faried, а Стоун би можел да биде корисен многу.
Спарс -
Мареј
Потенцијална кражба на драфтот, како и секогаш со Спарс. Голем талент, сировина и ако негде може да напредува тоа е Сан Антонио и Грег. Паркер е стар, Милс не е тој калибар. Мареј може да биде квалитетен back up . Долг, атрактивен има тело и за напад и за одбрана. Мислам дека и Спарс не очекуваа дека ке им упадне лажичката во мед од толку високо место. Убав пик.
Вориорс -
Џонес, McCaw
Многу добар драфт за Вориорс. Доведоа клинци кои можат да заиграат уште веднат за нивниот тим, Џонес = Езили, со малку повеќе мозок, мислам дека може да го замени кога овој ке го потражи првиот поголем договор и уште сега е NBA ready. Додеа пак McCaw беше sleeper на драфтот и многу ми се свиѓа потезот на Вориорс да го откупат пикот од Бакс за 2,4 милиони$. Бек кој може озбилно да пегла одбрана, кој е многу брз во транзиција и кој гаѓа 3ка преку 35% (со простор за напредок, не е циглар), многу,многу добар драфт за Вориорс.
Јута -
Пејџ
Капитен на NC, мада не знам дали ќе има место во Јута покрај Мек, Егзум и Хил, али ако некој знае да собере скриен талент тоа е Јута.
Хјустон
- Онуаку, Zhou Qi
Супер избор за Хјустон, каква сезона имаше Двајт, овој двоец убаво ке се надогради. Кинезот не доаѓа веднаш, туку најверојатно следната сезона, додека пак Онуаку е бонбоница, уште еден потенцијален steal.
Tоа е тоа накратко од овој драфт...доста добри играчи имаше во 2рата рунда.