Зошто повеќе луѓе стануваат атеисти?

  • Креатор на темата Креатор на темата hypoterrian
  • Време на започнување Време на започнување
за понижувањето, за затуцаностза недавање отпор, жален, покорен....:
11. Зашто, секој што се издига, ќе биде понизен, а тој што се понизува, ќе биде
издигнат.
Лука 14

9. Понизениот брат нека се фали со возвишеноста своја
Послание на Јаков 1

10. Понизете се пред Господа, и ќе ве подигне!
Послание на Јаков 4

8. А најпосле, бидете сите еднодушни, жалостиви, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни;
9. не враќајте зло за зло или хула за хула, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благословение.
прво Петрово 3

5. Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на свештениците; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобивајте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат”.
прво Петово 5

6. Никој да не се мами со празни зборови; оти поради овие иде гневот Божји врз синовите на непокорноста
Ефесјаните 5

21. покорувајте му се еден на друг во страв Божји
Ефесјаните 5

3. не правете ништо од љубов кон препирање или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси
Филипјани 2

10. Оти има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните
Тит 1

16. тие зборуваат дека Го познаваат Бога, а со делата свои Го одречуваат, бидејќи се одвратни, непокорни и негодни за никакво добро дело.
Тит 1

1. Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело
Тит 3

А во православната Црква, еден од основните услови да се биде нејзин член, е потребата од немање доверба во своето мислење.
MIKI1

Бла-бла-бла-бла (периодично)...

Ај да те постетам на дел од твојот пост. Цитирам:

„...понизен, без свое мислење, затуцан, жут и испиен во лице ко да те мачи стомак и ретка столица со недели, ко светците на иконите и без воља да се брани и дава отпор ....„.

Спореди ја твојата глупост со премудроста од Писмото и посочи ми, кај виде во Писмото ликови со цитираните атрибути.[DOUBLEPOST=1466672723][/DOUBLEPOST]
А во православната Црква, еден од основните услови да се биде нејзин член, е потребата од немање доверба во своето мислење.
MIKI1

Пошо не си дел од Црквата, мошиж да прајш шо сакаш. На пример, секое атеистичко и сатанско мислење можеш да го наречеш дека е твое и да го стајш на форумов.

Кој ќе ти забрани?
 
Последно уредено:
Цитирам:

„...понизен, без свое мислење, затуцан, жут и испиен во лице ко да те мачи стомак и ретка столица со недели, ко светците на иконите и без воља да се брани и дава отпор ....„.
Е таков бе Мики!
 
А кој треба да биде „ваков„?
 
„Аргументи„ велиш?

Цело време пишуваш за отфантазирани и неспроведливи нешта, а од други бараш аргументи.
Велат ако баба лаже, рог не лаже. Споредливи се, првин велиш:
Црквата имала, има и ќе има Светии, кои се единствено мерило и ориентири за вистината.
Потоа велиш:
Во Црквата, не постојат екслузивно достапни нешта, резервирани за строго одбран сој од луѓе.
За секој со барем два грама мозок, контрадикторноста е јасна како ден.
...исто колку и филмовите од тематика од научната фантастика.
Си ги помешал лончињата. Фантастика се претворање вода во вино, оживување мртви, разделување мориња, змии што зборуваат, девици што раѓаат. Во филмовите со научна фантастика можеш да ги најдеш сите овие отфантазирани случки. Телемата нема ништо со фантастики, таа е систем за себеспознавање, таа јасно нагласува дека користи симболи и метафори, и не е во конфликт со науката.
...ради што? Ради нечие фантазирање?
Ради твојата немоќ против аргументите и кутриот обид да го оцрниш се она што сметаш дека е закана за твојата вера, поради кој на редовна база правиш кловн од себе, како во случајов:
Бла-бла-бла-бла (периодично)...
Нема потреба од повторување; јас ти посочив мал миљон категории од граѓани, кои напросто „пуцаат„ од уживање од човековите права, а ти фантазираш што било запишано во ООН и во Уставот.
Ако нема потреба од повторување, зошто постојано се повторуваш? По незнам кој пат:
Дури и на дете му е јасно дека било која утопија е нереална, а општество каде никој не го крши законот, каде нема кражби, нема убиства, сите се задоволни, нема сиромашни и слично е токму тоа - утопија! За да бидат човечките права реалност потребен е законодавен систем што се базира на истите, а не општество каде сите поединци се совршени и безгрешни. Денешната цивилизација се базира токму на вредности што во својата суштина ги имаат правата и слободите што предходно ги нагласив! Тоа значи дека политичкиот, законодавниот и етички модел се темели на нив, што го прави ова време, време во кое човечката цивилизација за првпат има степен на слобода и права какви што никогаш предходно во пишаната човечка историја не постоеле!
 
Велат ако баба лаже, рог не лаже. Споредливи се, првин велиш:

Потоа велиш:

За секој со барем два грама мозок, контрадикторноста е јасна како ден.

Еве: ти имаш 3600гр. мозок, И-КУ од 180 и пак не разбираш. Што е проблемот: до мозокот или?...[DOUBLEPOST=1466677341][/DOUBLEPOST]
Велат ако баба лаже, рог не лаже. Споредливи се, првин велиш:

Потоа велиш:

За секој со барем два грама мозок, контрадикторноста е јасна како ден.

Еве: ти имаш 3600гр. мозок, И-КУ од 180 и пак не разбираш. Што е проблемот: до мозокот или?...[DOUBLEPOST=1466677464][/DOUBLEPOST]
Си ги помешал лончињата. Фантастика се претворање вода во вино, оживување мртви, разделување мориња, змии што зборуваат, девици што раѓаат. Во филмовите со научна фантастика можеш да ги најдеш сите овие отфантазирани случки. Телемата нема ништо со фантастики, таа е систем за себеспознавање, таа јасно нагласува дека користи симболи и метафори, и не е во конфликт со науката.

Чудата Божји не се фантастика: фантастика ти е, на пример, на напишеш куп човекови права на папир и да ја чекаш светлата будуќност на новиот еон, кој која тие права ќе се остварат.[DOUBLEPOST=1466677522][/DOUBLEPOST]
Ради твојата немоќ против аргументите и кутриот обид да го оцрниш се она што сметаш дека е закана за твојата вера, поради кој на редовна база правиш кловн од себе, како во случајов:

Кога твојата фантазија ќе стане аргумент, јас ќе те известам веднаш...[DOUBLEPOST=1466677604][/DOUBLEPOST]
Ако нема потреба од повторување, зошто постојано се повторуваш? По незнам кој пат:

Од кај знајш; можи од премногу повторување, Телемата ќе стане вистина.
 
Последно уредено:
Еве: ти имаш 3600гр. мозок, И-КУ од 180 и пак не разбираш. Што е проблемот: до мозокот или?...
Што не разбирам?! Првин велиш дека во црквата не постоеле ексклузивно достапни нешта што само одреден сој луѓе можеле да ги знаат, веднаш потоа велиш: „Црквата имала, има и ќе има Светии, кои се единствено мерило и ориентири за вистината." Првава изјава ја негира вторава, а и двете се твои!
Чудата Божји не се фантастика: фантастика ти е, на пример, на напишеш куп човекови права на папир и да ја чекаш светлата будуќност на новиот еон, кој која тие права ќе се остварат.
Тешка глупост! Сите религии имаат свои „чуда" што постојат само во нивните книги и во нивната фантазија! Човековите права се реалност, сите правни и законодавни системи се базираат на нив! Тешко да најдеш земја, устав, судство, законодавен систем чија основа не се човековите права.
Кога твојата фантазија ќе стане аргумент, јас ќе те известам веднаш...[DOUBLEPOST=1466677604][/DOUBLEPOST]

Од кај знајш; можи од премногу повторување, Телемата ќе стане вистина.
Ти си тој што се повикува на фантазии, не јас. Телемата е вистина и ќе биде уште мнооооогу долгу време, сакал ти или не.
 
Ко ќе порасниш (читај: ко ќе престаниш да мешаш баби и жаби), самото ќе ти се кажит...

Јас не пишувам за тоа како световните луѓе гледаат на Светов, оти тоа е веќе позната работа (читај: лага), туку пишувам за начинот на кој Црквата гледа на Светот и на живоот.

Надуваното непријателство кое научниците го имаат кон Црквата и нивното непризнавање и непознавање на духовноста, не ги прави (научниците) доволно добри соговорници и слушатели.[DOUBLEPOST=1466633675][/DOUBLEPOST]

А како би требало да „изгледа„ мојот пример, за да биде пример за другите?...[DOUBLEPOST=1466633729][/DOUBLEPOST]

Веќе сум поласкан...:pos:
МИКИ1, легендо!
Грешка си. Црквата ги убивала сите научници кои имале спротивна идеја од нивната идеја за тоа како се направил светот.
 
Грешка си. Црквата ги убивала сите научници кои имале спротивна идеја од нивната идеја за тоа како се направил светот.

Наброј 3 од тија научници...

Сам немој со „онаа„ славна реченица: Галилео, Бруно...[DOUBLEPOST=1466688938][/DOUBLEPOST]
Што не разбирам?! Првин велиш дека во црквата не постоеле ексклузивно достапни нешта што само одреден сој луѓе можеле да ги знаат, веднаш потоа велиш: „Црквата имала, има и ќе има Светии, кои се единствено мерило и ориентири за вистината." Првава изјава ја негира вторава, а и двете се твои!

Не ги разбираш нештата од Црквата, а ги коментираш. Двата мои постови се точни и непротивречни, а твоето неразбирање на истите, си останува.

Учењето од Светите Оци е достапно за сите членови во Црквата. Се‘ што треба, е изразување намера за прифаќање на нивното учење барем на разумно ниво‘.

Оците и Црквата ништо не кријат: не криеше ниту Христос. Начинот на кој се станува „свет„ е познат па кој сака и кој може, нека „носи„.[DOUBLEPOST=1466689008][/DOUBLEPOST]
Тешка глупост! Сите религии имаат свои „чуда" што постојат само во нивните книги и во нивната фантазија!
.

Имаш „чуда„ и „чуда„, кои битно се разликуваат едни од други. Затоа, Св. Ап. Павле препорачува „...испитување на духовите...„.[DOUBLEPOST=1466689063][/DOUBLEPOST]
Човековите права се реалност, сите правни и законодавни системи се базираат на нив! .

Да; напишани се на папир и се‘ што треба, а е да причекаме да профунционираат.
Еден убав ден...[DOUBLEPOST=1466689136][/DOUBLEPOST]
Ти си тој што се повикува на фантазии, не јас. Телемата е вистина и ќе биде уште мнооооогу долгу време, сакал ти или не.

Јас ти пишувам за познати, проверливи и достапни нешта.
Ти ми пишуваш нешта кои некој ги ставил на хартија и чека да станат вистина.

Кој овде фантазира?
 
Последно уредено:
Учењето од Светите Оци е достапно за сите членови во Црквата. Се‘ што треба, е изразување намера за прифаќање на нивното учење барем на разумно ниво‘.

Оците и Црквата ништо не кријат: не криеше ниту Христос. Начинот на кој се станува „свет„ е познат па кој сака и кој може, нека „носи„.
Не бе ич! Ништо не кријат, ама ако сакаш да имаш увид, ќе мора да им веруваш на збор што значи ова или она! Ич не е трудна, само шести месец работава.
Имаш „чуда„ и „чуда„, кои битно се разликуваат едни од други. Затоа, Св. Ап. Павле препорачува „...испитување на духовите...„.
Како што Хари Потер се разликува од господар на прстените.
Да; напишани се на папир и се‘ што треба, а е да причекаме да профунционираат.
Еден убав ден...
Функционираат тие скоро еден век, функционираат во моментов додека го пишуваме ова, и ќе функционираат уште мнооогу долго време на твоја жалост.
Јас ти пишувам за познати, проверливи и достапни нешта.
Ти ми пишуваш нешта кои некој ги ставил на хартија и чека да станат вистина.

Кој овде фантазира?
Што е достапно? Разделувањето на црвеното море? Воскреснување на мртви? Девици што ќе станат трудни сами од себе? Вода што се претвора во вино? Кажи што е достапно?
Ти си уникатен случај....верувам дека ако дознае било кој психијатар за тебе, ќе бидеш предизвик за нивно проучување! Фантазија биле човековите права што се основа на секој правен поредок во светот, а реалност биле бајките за змии што зборуваат, мртви што воскреснуваат и што уште не.....
 
Наброј 3 од тија научници...

Сам немој со „онаа„ славна реченица: Галилео, Бруно..

Joan of Arc at the stake, 1431

Rogers' execution at Smithfield, 1555

Burning of John Hooper in Gloucester, 1555
 
Joan of Arc at the stake, 1431

Rogers' execution at Smithfield, 1555

Burning of John Hooper in Gloucester, 1555

Алал да ти е: знаеш да сурфаш...:pos:

Ако ги погледнеш датумите од нивното погубување, ќе дојдеш до одреден заклучок, но тоа за тебе е претешка работа...[DOUBLEPOST=1466691512][/DOUBLEPOST]
Не бе ич! Ништо не кријат, ама ако сакаш да имаш увид, ќе мора да им веруваш на збор што значи ова или она! Ич не е трудна, само шести месец работава.

Не ја извртуј работава: напишав дека учењето од Црквата е достапно за сите, што значи дека се работи и за доверба „на збор„.[DOUBLEPOST=1466691549][/DOUBLEPOST]
Како што Хари Потер се разликува од господар на прстените.

Највероватно...[DOUBLEPOST=1466691636][/DOUBLEPOST]
Функционираат тие скоро еден век, функционираат во моментов додека го пишуваме ова, и ќе функционираат уште мнооогу долго време на твоја жалост.
.

Се лажеш: „функционираат„ они од Ренесансот па наваму...Доцниш.
Сега., преостанува „само„ од теорија да станат пракса.[DOUBLEPOST=1466691826][/DOUBLEPOST]
Што е достапно? Разделувањето на црвеното море? Воскреснување на мртви? Девици што ќе станат трудни сами од себе? Вода што се претвора во вино? Кажи што е достапно?
.

Пад извртуваш; јас пишувам за начинот на кој функционираат „човековите права„ во Македонија за сите оние набројани категории од граѓани, кои (граѓани) постојат, живи се и ги „уживаат„ своите права. Некои од нив, веќе се погребани па верувам дека на гробиштата, најдобро се ужива во правата...

Ова кое си го напишал во постов, е работа на вера и доверба. За Бога, се‘ е можно па и претворањето на водата во вино.[DOUBLEPOST=1466691911][/DOUBLEPOST]
Ти си уникатен случај....верувам дека ако дознае било кој психијатар за тебе, ќе бидеш предизвик за нивно проучување! Фантазија биле човековите права што се основа на секој правен поредок во светот, а реалност биле бајките за змии што зборуваат, мртви што воскреснуваат и што уште не.....

Зашто сметаш дека токму ти не би бил инересен случај за некој психијатар, кој може да намлати докторат, проучувајќи го начинот за претворање на фантазијата во стварност?..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom