Петта година по ред одам на одмор во Бугарија и едноставно сум презадоволен, не би променил за ништо. Да, би сакал да отидам на уште неколку места во други држави ама Бугарија секогаш ми е некако најдобра. На спиење секогаш одам во Несебар бидејќи сместувањето таму е поефтино за разлика од Сончев Брег, меѓутоа за плажи, журки и се што им треба на младите ќе најдете токму во Сончев Брег. Луѓето се фини и досега сум немал никакви проблеми со исклучок на некои мали ситници кои се занемарливи. Единствено што не ми се допаѓа во Бугарија е нивната кујна, храната им е премногу зачинета и воопшто не ми се допаѓа, затоа избегнувам да јадам од нивната традиционална кујна, се друго е прекрасно. Годинава сум таму од 10 до 20 Јули, а на секој што ќе оди во Несебар му препорачувам да ја најде кафаната Чевермето, нема да зажалите ако сте љубители на добрата музика, забава и луди ноќи со танчерки и багатела јадење и пиење до сабајле. Во местово се собираат Македонци, Срби, Бугари, Грци и какви ли не други националности и сите се дружат и веселат заедно, нема политика нема ништо глупаво, само дружење пиење и уживање. Лани сум седел со цела маса Грци и Срби кои ми се обраќаа со "брате" што за мене беше сосема неочекувано и мислев дека такво нешто никогаш нема да се случи.
Сончев Брег рулз!