А ако не ја знаеш добро?
Крајно, жените не знаат да го посочат тоа што сакаат од две причини. Прво затоа што не знаат што сакаат второ, вистинскиот начин е со зборови, а не со мрдање во одреден правец на префрлената нога преку нога...
Не знам со какви жени си имал работа, но не би рекла дека не знаат што сакаат
Има жени што многу добро знаат. Се сложувам дека еден од вистинските начини е со зборови. Ама дај да не претеруваме, човек треба да ве дешифрира и да донесе заклучок кога треба да ви каже со зборови, а кога со постапки.
Значи - и мажите и жените секогаш треба да донесат објективна проценка и според нејзе да дејствуваат (било со зборови било со постапки).
Викторгг напиша:
Прво, читај над твојот цитат, второ, нашата имагинација е лесно читлива, и вие знаете секогаш мажите на што мислат. Ако не знаете, еве ви кажано без заобиколување: СЕКС.
Што вие мислите е енигма рамна на големината на универзумот и неговите граници, и ако нешто мислите конкретно не сте способни да го кажете тоа директно, па сосема нормално доаѓа кога мажите вадат илјада и една варијанта од вашите “патокази“.
Прво, ти благодарам што ми посочи што треба да правам. Арно шо ми рече, како не се сетив јас порано на тоа? Fortune, нечитачка една!:smile2:
Второ, знаеме на што мислите. Па кој не мисли на тоа?
А околу енигмите и универзумите заедно со нивните граници, тоа самите го правите изигрувајќи некакви жртви од неуспесите кои сами сте си ги предизвикале не мислејќи на вистинската проценка на ситуацијата. Никој не може да ме убеди дека однесувањето, реакциите на една личност не може да ти кажат што сака, што очекува. Ама вие сте окупирани со „вашите мисли“ околу сексот, си го блокирате мозокот и како после сакате да добиете јасна претстава што сака девојката во моментот? Истото важи и за девојките. (не мислам тука на читање мисли во буквална смисла на зборот, туку еден вид точна претпоставка која со малку внимание може да биде таква)
Аман со тие муабети дека жените не знаеле што сакаат и биле комплицирани. Стварно аман :whatever1:
Се извинувам за оф-топикот, се повлекувам.