H
HoT IcE
Гостин
Последниот играч на Шведска беше позади центар во нивна половина. Стварно не знам каква утакмица имаш гледано.Игра на резултат , да точно. Постигни гол/два па повлечи се калкулирај остави противникот да нападне. Ова е игра на резултат. Тоа поштувам. Италијанциве од старт излегуваат со цел гол да не се прими, а за давање па и не мора. Јас искрено ваква игра очекувам од С.Ирска, Унгарија, Исланд кои едина цел им е да поминат групи. Моментално у тој кош ја ставам и Италија (моментално зборам). Стартува со тројца дефанзивци, двајца повлечени среднисти(Де Роси и Пароло) и крила(ако може да се наречат така) од кое едното му е стандардно дефанзивно ориентирано( Дармиан, Флоренци) и Кандрева. Остануваат Едер и Џакерини играчи кои можат контра да повлечат дека се брзаци и како едини најистурен напаѓач го имаат Пеле. И ќе ми кажете дека ова не е менталитет на мала екипа? Да се чека на контра ако може нешто да се изигра...
Оваа година 2 пати имам заспано при гледање на натпревар. Едниот е денеска на Италија каде заспав у 30 минута, за да се разбудам кога Едер го постигна голот, другиот е Ман Утд со ВБА.