Може предлог совет од вас за најдобра тренинг програма.
На располагање ги имам сите 7 денови во неделата. Сакам да накачам мускулна маса.
Досега програмата ми беше 6 дена секој ден по една мускулна група и 1 ден одмор.
До некој степен успешна беше, ама гледам веќе нема напредок така, морам да сменам нешто, предложете како до подобра програма, што да променам или да продолжам со истата.
Понеделник: Бицепс
Вторник: Гради
Среда: Грб
Четврток: Одмор
Петок: Трицепс
Сабота: Нозе
Недела: Рамо и трапез.
Еве вчера после толку време пробав да вежбам Бицепс/Трицепс ама не знам колку напредок ќе има така.
со PPL, се почнува со големите групи после помалите. гради па трицепс, грб па бицепс.
но тебе штом ти е за раце ти треба друга програма каде ќе се посветиш на бицеп и трицепс, со тие мускули да почнеш, први додека се одморени, да запниш повеќе
ако таа програма што си ја тераш тебе ти годи, продолжи само додади/смени други вежби за секоја мускулна група, не цело време истите вежби како програмиран
јас само би оставил два дена помеѓу бицепс и грб, и во денот со нозе би вметнал и подлактица
вака на пример или целосно измени го распоредот на ден/мускул ако долго време работиш според истиот
Понеделник: Бицепс
Вторник: Гради
Среда: Одмор
Четврток: Грб
Петок: Трицепс
Сабота: Нозе и подлактица
Недела: Рамо и трапез.