Братче, бори се за неа, бори се со најголемите сили, чим веќе ја љубиш мислам оти треба да се бориш за неа.... Знаеш, во секоја врска се наоѓа мана, поготово од повозрасните, или нешто такво или било што ќе излезе да е пречка, но ти неможеш тука да запреш на првата пречка и да кажеш само во ред е кој како што вели ние така ќе играме, така ќе се води нашата врска... не иде тоа така, чим двајца почнат да идат тоа тука не смее ама баш никој да им се меша во приватниот живот, а доколку се случи тоа (како кај тебе, нејзините родители) треба борба и од нејзина страна, но и од твоја, треба да се води голема битка за да им се смени мислељето на нејзините родители. Таа битка верувај многу е тешка и долга, но не смеете да се откажете ни двајцата од тоа... ипак никој неможе да ви забрани на двајцата да не се сакате.... тоа е во вас и неможете еден без друг, затоа братче бори се!!!
Знам, не е лесно, али кажи ми што е лесно кога се работи за некој проблем или било што друго.... На светов ништо не е лесно, само за некои работи што треба да се дадат повеќе напори за да се изврши целта...
Се се може ако се сака, верувај!!! Гледам имаш голема желба да си вратиш она што тебе ти припаѓа, она што ти го љубиш, бори се брат со тоа, оди во битка храбро и докажи им на нејзините родители со факти оти тоа што они го мислат не е така!!!
Ти посакувам многу среќа, и се надевам оти сево ова брзо ќе мине и дека ќе бидете пак заедно!!!
поздрав и терај храбро во таа борба против грешното мислење на нејзините родители и не се откажувај лесно!!!