Ви благодарам за сите совети дечки. Јас сум 17 години и тој ми е прв дечко и знаете како оди тоа, за мене е нешто ново, поле со кое јас и не сум баш запознаена. Но на почетокот тој беше оној кој ме молеше да бидам со него, а да бидам искрена и не го сакав баш. Но, како минуваше времето јас се приврзав за него и сега
ми е криво што го засакав толку. Не можам да кажам дека во мојот досегашен живот сум доживеала бог знае колку работи, но имам прочитано доста и секогаш сум размислувала трезвено но сега... се пронајдов себеси во она " Човекот останува човек, а она малку разум, што го има некој, игра мала или никаква ролја, кога беснее страста."
Правам работи кои никогаш не ни сум помислувала да ги правам, но како и да е, да одговорам на прашањето од Serpico-
Дали се плашиш од менување на навиките? - Верувам дека е тоа.:kesa:
А и она за алкохолот:nenene: проблемите остануваат, алкохолот ништо не решава.:helou:
Скарлет, теорија и пракса се две различни работи
За жал, односно за среќа - мора да учиме од своите примери. Никој не се родил со целото знаење и искуство на светот пренесено во него преку папочна врска (иако доста луѓе сметаат дека се баш такви
) Животот оди понатака...она што можеш да го направиш за себе, онаа доза на себичност која ти е препорачана погоре, треба да биде во насока на поголемо себеспознавање. Зошто го викам ова? Зошто мислам дека често првиот дечко знае да добие култен статус, идолопоклонство од твоја страна..на некој начин, да загубиш дел од себе во него или да станеш едно со него - што секогаш кога ќе се прави афтерпарти на врската, знае да ни го зоврива мозочето, односно да ни отежнува кога сакаме да сватиме дека е време да се откажеме од старите навики и да започнеме нешто ново.
Доброто е што воопшто не е срамота да се започне од почеток. Конкретно, ако сакаш да се бориш за него - бори се. Ако се бориш, размисли како ќе се бориш! Дали ќе му покажеш карактер, некој дел од тебе потиснат и заборавен во оној момент кога човекот останал човек, а страста го натерала да се погази себеси... Да делуваш повеќе своја, чекорите да ти добијат тежина, да види нешто што не видел, да се осети несигурен во целиот комфорен замок кој го градел земајќи те тебе здраво за готово - е тоа може да го натера да дојде и да посака да пие вода од твојот двор.
Друга возможна варијанта е едноставно да неможеш да го поднесеш фактот дека вечер нема да спиеш кај него или дека оваа недела нема заедно да гледате филм - и да чекаш чудо. Да чекаш да му поминат бубачките во глава, да чекаш еден ден кога ќе се осети доволно мизерен и ќе помисли на тебе. Лоша варијанта. Биди јака
Твојот дечко станал пеперутка - веројатно дека на себе гледа од таков аспект. Метаморфоза од ларва кон пеперутка. Според она што го напиша,
застанувањето на љубовта, мислам дека вашата љубов му здосадила на дечкото. Да, баш му здосадила. Врска без караници? Човече, тоа е далеку од идеална врска...Како ќе се запознавате еден со друг, како ќе се развивате самите во таква врска во која се плашите или едноставно не сакате во моменти кога е потребно да поставите контра-став, онаа есенција на човекот која го дефинира каков е? Свое мислење, неотуѓено од впивачката енергија на другиот оправдана со зборот љубов!
За вакво размислување ти зборував. Да, live fast die young и други младобунтовнички моменти се разбирливи. Ама потребно е учење. Потрбна е самокритика која ќе те направи подобра, посилна, поспремна за наредниот пат. Дечкото сега неможеш да го вратиш. Тешко е. Имај на ум дека лепени работи тешко се одржуваат здрави - зошто секогаш остане запаметен моментот на кршење.
Не живи во илузии кои зависат од созревањето на другиот. Работи на себе си - така покажи ја себичноста, ако може тоа да се нарече себичност. Немој она што ти фали секогаш да го бараш кај некој друг, нити секогаш да обвинуваш некој друг...човечки суштества сме. Грешиме. Алелуја! Ама поентата е од грешката да ја извлечеш дозата на ум која е потребна за наредниот пат да не ја повториш, бар не во истата форма....ако не го направиш тоа, и повторно дозволиш да ти се случи нешто идентично, ќе си здосадиш самата на себе. А во таков случај, лек нема
Некој рекол:
"Искуство? Тоа е оној филинг кој го добивам кога истата грешка ќе ја направам повторно." Еби го ваквиот начин на размислување. Докажи му на мудрецот дека згрешил. Покажи си себе си дека вредиш нешто повеќе од моменталната проценка на факултетлијата, на прлето кое прднало во вода а сеуште не видело како клокотат меурчињата позади...
Само напред девојко.
Се опуштив со должинава на постот, ама знам дека барем ти ќе прочиташ
Поздрав.