Од квалитетот на сликата сум презадоволен па и од звукот (само различен модел имам: PFH5500/6500 серија 2015 год.). Единствено маана имаат со софтверите кои ги објавуваат, понекогаш знаат да имаат багови. Инаку да, често пуштаат софтверски апдејти, на секои 30-45 дена. Некогаш може и да задоцнат но ништо страшно. Сепак има и производители кои еднаш годишно ги абдејтираат. Еве што ќе ти кажам пред да го купиш: Види овде
http://www.supportforum.philips.com/en/forum.php и на официјалната страна на Филипс за "Update history" што и како има. На форумот имаш и подфоруми за софтверите на тој модел па види самиот. Јас имам од PFH6500/5500 серијата и немам проблеми. Ти реков, сликата и звукот се со одличен квалитет, само понекогаш има софтверски баг во некои од софтверските верзии. Само едно ќе ти кажам, ако си задоволен од постоечкиот софтвер , воопшто не го абдејтирај. Тоа е твој избор, иако ти пишува дека е Strongly Recommend, ништо посебно нема. Од искуство ти велам. И секако веќе доколку го земаш, па откако ќе се објавуваат софтверските надоградби, почекај, прво види дали на форумот пријавуваат посериозни проблеми па одлучи дали ќе абдејтираш или не. Се е твој избор, ова е моето искуство.