LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
32 инчи се премала за оние повозрасни верувај ми бидејќи искуството за гледање 32 инчи и 72см црт не е исто туку околу 40 инчи е еквивалент како 72см црт и згора на тоа ќе ги разочараш повозрасните ако земеш 32 инч.
Е сега изборите за буџет 10.000 за 32 инч малку тешко да има обично тие се над од 13.000 до 18.000.Совет оглас за ТВ а ризикот не е кој знае колку само гледај да не е постар од 3/4 години тие се посолидни и да биде брендирана марка тие се посигурни и подолго траат и деловите се наоѓаат.
Па кратко е и растојанието за поголем, 2.5-2.8 метри е отприлика.
Инаку тој е буџетот за тв во овој момент, може и ќе се изгреби уште 2-3 илјади, но пожелно е во оваа сума да го најдам :)
 
Па кратко е и растојанието за поголем, 2.5-2.8 метри е отприлика.
Инаку тој е буџетот за тв во овој момент, може и ќе се изгреби уште 2-3 илјади, но пожелно е во оваа сума да го најдам :)
Мојот ТВ е 42 инч и растојанието истото 2.5/3 и таман е за гледање а камоли 32 инчи како и да е земи кварт како што предложи горниот пост.Инаку види сликава каква престава како пример замисли 2.5/2,8 м
f2855dd63f7d706d3345e0c7f72105df.jpg
 
Ееех, да беа моите месечни примања големи колку пензиите на двајцата мои дедовци кои од поодамна се покојни, можеби и јас ќе знаев да купам добар монитор. :pos:
 
Во Нептун имате добра зделка на овој телевизор, 40+3 инчи. За таа цена се наоѓа 40 инчен самсунг, без 4к. Сега со понудава, бајаги им се продава моделов, дури извадиле спремни и спакувани кутии. И одлична им е понудата за плаќање на рати 48 месеци. Е сега, викаат дека не може 4к да се искористи до максимум, но квалитет значително може да се подобри со HDMI кабел. Некој да ми објасни како функционира тоа?

И за тие што сакате да земете нов ТВ со 3D, би ви препорачал да не ги давате тие плус пари за таа опција. Уште не е развиено 3D-то, нема многу можности да се гледаат, да не кажам и воопшто. Освен симнати филмови, нормално. Имам LG од пред 2 години со 3D, искрено го немам ни упалено. Ако се смениле работите, нека пише некој, да си знам и јас. :D
 
@КвикСилвер ако во моментов не си го искористил 3Д, 4к уште помалку ќе го искористиш, во мкд сеуште ги немаме ни HD сите канали, а за 4к ќе почекаш уште бааги.
И едната и другата опција може да ги користиш ако си симнеш филм од интернет.
 
Во Нептун имате добра зделка на овој телевизор, 40+3 инчи. За таа цена се наоѓа 40 инчен самсунг, без 4к. Сега со понудава, бајаги им се продава моделов, дури извадиле спремни и спакувани кутии. И одлична им е понудата за плаќање на рати 48 месеци. Е сега, викаат дека не може 4к да се искористи до максимум, но квалитет значително може да се подобри со HDMI кабел. Некој да ми објасни како функционира тоа?

И за тие што сакате да земете нов ТВ со 3D, би ви препорачал да не ги давате тие плус пари за таа опција. Уште не е развиено 3D-то, нема многу можности да се гледаат, да не кажам и воопшто. Освен симнати филмови, нормално. Имам LG од пред 2 години со 3D, искрено го немам ни упалено. Ако се смениле работите, нека пише некој, да си знам и јас. :D

Ништо не им е ново и намалено.Врска си нема.Ако се види добро ќе се види дека и со даден попуст кај нив пак е најскапо
Луѓе партал ги прават по фејсбук за новата кампања или без камата или попуст:oops:(n)
Како што велат луѓето таму.Самите си ја откриле каматата.

Инаку имаш и самсунг телевизори за 32000 денари со 4к
 
4к да ама за едно 3-4 години, кога ќе има осетно повеќе содржини. Сега за сега 1080п е топ дил.
 
@vivakastro Нептун си имаат добар маркетиншки тим и имаат квалитетни продажни стратегии. Знаеме како функционира тоа со попустите кај нас, во цела трговија не само во Нептун. Башка ако правиме муабет за LG телевизори, само Нептун и Техномаркет носат LG од поголемиве ланци дуќани, па тоа им дава слобода да диктираат цени.

Јас ќе чекам пред ЕП да пуштат промоции на тв-и дуќаниве. Подобро што нема сега да не се залетав да купам, па после да ми е криво. Инаку јас би одел на 4К без многу размислување. Со технологијата секогаш е препорачливо да земеш тоа што има топ перформанси за одредениот буџет во моментот,а не да размсилуваш “назадно“: абе што ќе ми е мене 4К, на тв нема таква програма, а можда ќе има за 4-5 год. !?!?! :eek: Па зар уште гледате телевизија во стандардната форма? Па вие ако чекавте најновите стандарди да ви стигнат преку телевизијата, посебно македонската, сте се заебале гадно. Имате ефтин интернет сега, може кој сака да си симне и 4К и 3Д материјали. СителХД, МРТХД и не знам уште кој 5-6 канали ги нудат по кабелскиве се маде голо во споредба со тоа што се нуди во другите држави. Да не правиме муабет за Кореја и Јапонија кои се светлосни години зад нас, таму сигурно 99% од програмата е ХД, а читав дека преносите од ОИ 2020 во Токио се планираат да бидат во 4К, затоа сега развиваат и 5Г мрежа за интернет. Ете толку е светот напред заминат, а вие чекате на телекабел или било кој друг оператор да ви пуштат ХД канали за мизерна претплата од 15-20 еур. Квалитетот вреди пари и не очекувајте некои големи промени кај нас, последната дупка на свиралото во Европа и светот. Кој е спремен да плаќа тв претплата од 40-50 еур за да добива квалитетни материјали на тв??? Само 5% од домаќинствата можда.
4К телевизор е добро да се земе затоа што пред се сигурно има подобар хардвер (cpu и ram) внатре од повеќето фулхд тв-и за да може да го врти без проблем 4К материјалот. Е сега нормално не го земајте најефтиниот 4К телевизор колку да се рече дека сте зеле 4К, пак важи она од погоре, квалитетот чини пари. Ако не сте спремни да земете топ класа тв, земете го најдоброто што го има за вашиот буџет, макар тоа било со 4К, па и со 3Д, зошто да не? Кога ќе дојде разлика во цена за 1000-2000 ден, секогаш земајте го поскапото.
 
Дечки,секогаш кога глеам филм на тв преку усб,контрастот се менува кога се појавува преводот,обично се приметува на темна позадина.Имал ли некој ваков проблем?
 
Дечки,секогаш кога глеам филм на тв преку усб,контрастот се менува кога се појавува преводот,обично се приметува на темна позадина.Имал ли некој ваков проблем?
Kao prvo, koa pustas USB media na TV-to mozes da si podeses slika so ke ja pamte narednio pat koa ke pustes pak na USB, a na TV kalanalite se drugi poseduvanjata. Drugo posto prevodot e so cista bela boja i nema opcija da se smene bojata barem kaj mojo Hitachi i tvojo TV model, zatoa u temnite sceni previse dreci i nezgodno e malce za ocite.
Znaci ne se menuva kontrasto na samio TV tuku ni se menuva kontrasto na nasta percepcija na vidot. Mene licno nogu me nervira so nema opcija za menuvanje na bojata na prevodo. :mad:
 
Во Нептун имате добра зделка на овој телевизор, 40+3 инчи. За таа цена се наоѓа 40 инчен самсунг, без 4к. Сега со понудава, бајаги им се продава моделов, дури извадиле спремни и спакувани кутии. И одлична им е понудата за плаќање на рати 48 месеци. Е сега, викаат дека не може 4к да се искористи до максимум, но квалитет значително може да се подобри со HDMI кабел. Некој да ми објасни како функционира тоа?

И за тие што сакате да земете нов ТВ со 3D, би ви препорачал да не ги давате тие плус пари за таа опција. Уште не е развиено 3D-то, нема многу можности да се гледаат, да не кажам и воопшто. Освен симнати филмови, нормално. Имам LG од пред 2 години со 3D, искрено го немам ни упалено. Ако се смениле работите, нека пише некој, да си знам и јас. :D
Земај 4к, ти препорачувам, јас користам 4к тв од LG веќе некое време и ептен сум задоволен. Претплати се на Netflix, на премиум акаунт (12 ЕУР месечно) и ќе си гледаш 4к содржини. Чиста работа.
Разликата во слика со било кој FHD тв е земја и небо.
 
Кој телевизор го користиш од LG,што цена е, од каде го зема?
 
LG 49UF 680V од Нептун.
Како е со контрастот за гледање филмови во темница? Пошто ипс панелите не се познати по добар контраст. И јас сум загреан за LG најмногу. Сепак најмногу даваат во поглед вложено-добиено. Чекам пред ЕП да не има некои нови попусти.
 
Одличен во сите погледи, имам и Samsung F6400 и неспоредлив е со LG-то, во однос на контраст, боја и чистина на слика. Посебно бек лајтот кај LG-то е многу посилен, што понекогаш ми смета ноќе.
Како што гледам црната боја е многу подлабока кај LG-то него ли кај Samsung-от и ги нема оние мали затемнувања на бела или светла боја во ќошевите. Сега за сега, ептен сум задоволен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom