Генерална дискусија - EURO 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Уште еден проблем може да им биде што ни Паје ни Гризман не се класични вингери...

И двајцата природно влечеа према средина денеска,Паје далеку поуспешен од Гризман у тоа и дечкото се изгуби и мораше да го извади овој.

Од друга страна па е страшно квалитетен за да го држи на клупа.А на крило нема да биде ни далеку така ефективен ко што е во Атлетико како полушпиц/шпиц.
Да да и ја го приметив ова, колку се гушеа двајцата. Се гледа дека Гризман веќе навикнал да игра шпиц и малце потешко му идеше тоа вадење на крило.
Паје исто не е крило а ја колку што знам никад и не ни бил крило, проба и Билиќ сезонава да го игра така па го смести централно после.
Едно време ова вечерва личеше и на 4-3-1-2 формација. Никако не се средени тактички.

После заличеа на нешто у 4-2-3-1 формација, ама оди седни го Погба на клупа да те видам. А од друга страна па мислам дека на Гризман повеќе би му одговарала оваа формација со оглед на тоа што ќе нема простор да му се пика на Паје у средина, вака у 433 таа дупка централно го влече натака.

Џонтра Канатларовски-Цапар.
 
Дали мораше денес да им донесе 3 бода на Французите за да се збори за човекот?

Кога еден гол му донесе повеќе слава, отколку целата добра сезона во Вест Хем... (n)
 
Паје :cuc::bravobe: Топ 10 играчи во моментот иако само една година го знаеме, ваква техника само најголемите поседуват. Ми идеше и јас да заплачам кога го видов дека пушта солзи.

За ваквата игра само Дешамп е крив. Како што напоменав и преска погрешна формација, премногу збиени се Погба, Матуиди и Канте и се гушат вака, нема кој да пренесе напред. 90% од акците ги направи Паје, така да најдобро он во средина да игра позади напаѓач.
Наместо да се ослободи од старецот Евра кога веќе има млад Диње на кој ќе се заоснова иднината, он го игра Евра прва постава. Нека биде во репрезентација Евра, ама никако прва, само ротација.

ГОМНО ПУБЛИКА. Никаква атмосфера немаше и воошто не им даваа подршка на своите. Жиру бара подршка, а овие го свират. :facepalm: Па свирете го Дешамп ако не ви се свиѓа играчот и тоа што е прв напаѓач. На Жиру тие му се можностите и сигурен сум дека дава се од себе за репрезентацијата, така да свирењето не на место.

За пеналот, зависи од каков критериум гледаш. Во Англија тоа сигурно немаше да го свират, такви дуели со голман има секојдневно таму, додека во на други места сигурно ќе беше пенал.
 
Не знам зошто Погба го игра на десна страна кога човекот четири сезони игра на лева страна во Јуве...
 
А ја не знам зошто нема направено за секоја група посебно тема .. само за последните 3 ?!?!
 
Паје врхунац од играч, профи пас, пекол шут, се снаоѓа на сите три позиции позади напаѓачот.

Јбг некои играчи созреваат покасно али овој е спремен за топ екипите у Премиер, на пример Јунајтед може да се обиде и Руни да го прати у МЛС сместа.
 
Мајсторееее, кај беше ти до сега бе? Што бараш во Вест Хем?
Прашај го Билиќ. Изгледа само он беше паметен сезонава од сите менаџери.
 
А ја не знам зошто нема направено за секоја група посебно тема .. само за последните 3 ?!?!
Zatoa sto ima premala euforija za ova EP realno, segde, ne pamtam olku mala euforija valjda ne sme porasnale tolku pa zatoa. :D

Франција со играва ако налета на Германија да не им се случи Бразил 2014 :icon_lol:
Само јас мислам дека Германија може јако да се усере на првенствово?
 
Да ги видиме Германците прво како ќе се покажат па после да праиме муабет кој на кого ќе налетал.
 
Да ги видиме Германците прво како ќе се покажат па после да праиме муабет кој на кого ќе налетал.

сигурно нема толку очајно како галските кокошки да играат
 
Чекајте, Де Геа бил обвинет за педофилија? Што не све ќе измисли жена му на Касиљас за овој да игра. Страшно. :pos:
Пред два саата имаше натпис дека полицијата ги отфрлила обвиненијата, немало докази дека Де Геа, Иско и Муниаин биле дел од такво нешто. Мене Де Геа не ми ни изглеа ко макро, барем нешто поопипливо да смислела :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom