Сакаш да кажеш дека до толку ни достига мозокот? Вие така правевте сега и ние?
Не, ова размислување мора да се искорени апсолутно. Никогаш нема да напреднеме додека тоа ни е пеметот.
Стореното е сторено. Украденото е украдено. Си има суд, и има СЈО кој овој народ треба да ги брани.
Искрено да ти кажам, 99% од луѓето ги тангира само финансискиот криминал, а не е само тој аспект на деструкција. Мене како човек роден во Скопје и човек што 30 и кусур години во Скопје ме боли што градот ми е уништен. Градот го зафати непогода од простаклук, грабеж на скап градски простор, кој не може и не смее да припаѓа никому освен на луѓето од Скопје - центарот, Водно, реката Вардар. Работата е сведена на лично и ако не ви одговара дека некој така размислува, тоа си е ваш проблем.
И не ме убедувај дека не може да се реши тоа, затоа што и тоа како лесно се докажуваат силеџиствата во ДУП-овите, дадените мита, местените наддавања - има од џеб све да извадат и да си платат - доста е таа рамнодушност веќе кон луѓе со огромна одговорност, затоа што тоа дава слобода на секој ајван без ни малку срам и пресметливост да си мисли дека има талент да биде „голем лидер“. Народ што казнува и покажува дека не спие може да добива по-нормални политички водачи, а нашата заспаност на сите досагешни битни историски моменти не донесе до ова дереџе до кое сме.
Портата, галиите, тркалото - на рачун на дпмне на отпад, релокација на спомениците под итно, а со зградиштана што се изградени кај ќе им прдне, тек ќе му ја мислиме - ни јас немам идеја за тоа, а факт е дека веќе се чирови и од амбиентален и од функционален аспект.