Насоката ИИМ не е лош избор, меѓутоа со тоа образование после 4 години нема да излезеш како специјализиран кадар, односно ќе бидеш со ограничени технички/инженерски познавања (насоката е нешто измеѓу менаџмент, економија, човекови ресурси и машинство). Ова во пракса би значело дека по завршувањето ќе треба ти треба надоградба или специјализација (што секако може да се добие доколку влезеш во некоја голема фирма или пак се одлучиш за потесно насочени магистерски студии).
Добрата работа на ИИМ е што си кадар кој не е специјализиран само во едно поле, и може да се вклопи со соодветна дообука во речиси секое мало/средно/големо претпријатие и тоа во повеќе области, не само во машинството. Доколку би сакал/сакала да добиеш меѓународно искуство, веројатно како потенцијални работодавачи би ти биле некои од поновите странски компании како Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Кемет итн. Автомобилската индустрија во Македонија се чини дека е во подем па верувам би имало можности и во блиска иднина.
Во однос на платата, верувам дека без работно искуство би добила 20.000 - 25.000 денари, додека после неколку години искуство 25.000-35.000 (во Скопје и секако зависи од големината на компанијата, работна позиција, одговорности итн.)