Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе реални да бидиме 6тава усрана епизода ко ради реда напраена, како демек ај ќе акаме безвезе сега за на крајот во 9та и 10та да ги остајме сите посрани да си чекат една година, ја научивме тактиката али шо да прајме..

Не знам дали некој друг запримети ама мене некако дијалозите во оваа сезона ми се ослабени спрема претходните сезони, некако многу ко од шпанските сапуници ми делуваат.. Сем и Гили жив очај - Твајлајт, Серси и Џејми отекоја со то заедно сме створени заедно во се непобедливи како Тимот Ракета од Покемон ми се :cautious:
На Арја муабетот со таа актерката патетики живи.. Калиси може се повторува на секое едно те исто ама барем моќно звучи..
Па сцената плоштадот и како Томен излегува и ја фаќа за рака Марџери а овој врабецот стои настрана ко така ептен телевиса пресента..

Убедливо хајлајт на епизодата беше појавувањето на Бенџен и визиите на Бран..
Уште една теорија се испостави вистинита - Брен е виновен за лудилото на Кралот Ерис и "burn them all" .. Не искоментирав за претходната епизода биказ испитна сесија немам баш многу време.. али овие страсните фанови толку добро прогнозираат теории, ја прочитав со hold the door уште пред година дена и го очекував моментот со Ходор.. (морам да прекинам да читам теории :place:) мразам вака само јас да не сум изненадена..

Мислам дека полека полека го одмотуваат клопчето, ме фасцинира Бран и тоа што тој е потенцијален виновеник за се што се случува во Гот универзумот и дека тој полека ќе ги намести парчињата на слагалицата.. Епско во секој случај :cuc:

Инаку едно прашање во врска со него што оние што ги прочитале книгите сигурно знаат да ми одговорат и можеби ќе им звучи смешно ама ми треба малце појаснување.. Дали оваа моќ што ја има Бран е наследна/како се пренесува/зошто баш тој? Досега знаеме дека ја поседуваат само тој и стариот во дрвото кој е веројатно Таргариен.. но од каде Бран? Конфјузинг малце :oops:
 
Прекрасни критичари сте :aplauz::aplauz::aplauz: Не знаете да уживате во серијата, само рачки си барате. Ако не ви чини, не глеајте. Simple as that.
 
Мене појавувањето на Фреј ми беше многу јак момент, одма носталгија те пука за претходните сезони. Малце глупо ми е што и тој самиот во тој свет ја нарече Ред вединг.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Оти ми стои дека Џејми ќе загине на тој походот? :cautious:

И да како им текна Фреј да го дадат после 3 сезони, а воопшто ништо не се спомена за ќерка му што ја уби Рамзи?

Солидна епизода, иако некако прекратка.
 
Можеби и ќе се откаже од тоа да биде ''никој'' и ќе им се приклучи на Санса и Џон и лично ќе го убие Ремзи :P.

Што знам ако излезе ова само платеничко друштво да убиваат рандом луѓе само поради тоа што некој ќе плати мислам дека нема да сака да му служи на ''Богот со многу лица.''
На 23мај пишано.

Сепак погодив без да прочитам на Редит. :P

Прв ја пробив теоријава и сеа ќе почнам да хејтам, тапа дијалози, некако шпанска серија, па можеле подобро сценарио, па кадрите не им чинат, па книгите поинаку ќе направеа, CG-to кај земејот можеа подобро... Пошто сеа станав експерт во се. :D

Ок, епизодава си беше топ, сезонава гази, тие што паламудрат нема ни да ги читам.
 
Сцените со Сем можеби ни се досадни, но не значи дека се непотребни. Ок, можеа малку пократки да бидат колку да го видиме Тарли (одлично изглумен бтв). Мене ми стои дека целава работа беше да дојде Сем до мечот, веројатно ќе има некое значење понатаму. Да не заборавиме и дека бебето што веќе 6 сезони е бебе исто така може да биде значајно понатаму (останатите 99 браќа станаа WW, страшна фамилија има).

Арја нема да ја гледаме со стапот, ќорава итн. понатаму што исто така е позитивно - почна да здосадува тоа. Незнам зошто ви е досаден стариот во партали, баш јако ја игра играта - ги прееба и старкана Олена и Серсеи и Џејми во еден потег. Мислам дека е одлично изглумен, ликот бара смирена и досадна глума. Сигурно нема како поп да урла како на предизборен митинг. Томен братче кај се погоди ваков - брат му претерано див, а тој претерано мутав и кроток. Го вртат околу малиот прст, нема иднина во него.

Врв на епизодата секако визијата на Бран - страшно добри моменти од минатото и неколку важни од иднината. Што се однесува до мене пола епизода може да се посвети на него. Конечно и Бенџен Старк, ќе го носи Бран на Југ преку ѕидот ;)
 
Една дилема само, Брен во времето на Ерис Таргериен воопшто не ни бил роден, како би можел тој да му ги праќа пораките во главата?

Или од денешна перспектива ќе му ги праќа во тогашно време?

Може некоја друга финта ќе излезе од ова.
 
Бран не беше роден ни кога Ходор одлепи па му влезе в глава без проблем. Исто кога Нед се качуваше по скалите и го слушна.
 
Бран не беше роден ни кога Ходор одлепи па му влезе в глава без проблем. Исто кога Нед се качуваше по скалите и го слушна.
Да ама тогаш се имаше пренесено таму со тие моќите. Не ми е јасно зошто со burn them all би се префрлил во главата на Лудиот Крал, кога тоа би требало да го вели во некое идно време за она што точно тогаш ќе се дешава, кога евентуално WW со оние умрените ќе нападнат.
 
Арја нема да ја гледаме со стапот, ќорава итн. понатаму што исто така е позитивно - почна да здосадува тоа. Незнам зошто ви е досаден стариот во партали, баш јако ја игра играта - ги прееба и старкана Олена и Серсеи и Џејми во еден потег. Мислам дека е одлично изглумен, ликот бара смирена и досадна глума. Сигурно нема како поп да урла како на предизборен митинг. Томен братче кај се погоди ваков - брат му претерано див, а тој претерано мутав и кроток. Го вртат околу малиот прст, нема иднина во него.

Врв на епизодата секако визијата на Бран - страшно добри моменти од минатото и неколку важни од иднината. Што се однесува до мене пола епизода може да се посвети на него. Конечно и Бенџен Старк, ќе го носи Бран на Југ преку ѕидот ;)

Ептен се слагам со ова, кажам уште пред некоја епизода, Врабецот ќе ги заебе сите на крај и му успева засега, ги врти околу малиот прст кралот и кралицата, ги понижи најмоќните фамилии во Вестерос и го контролира цел главен град. А Џонатан Прајс растура у цело тоа.

За сцените со Сем, не беа досадни, можеби беа малце подолги од што требаше но зошто е тоа. Прво, за актерите кои се ангажирани да ја играат фамилијта на Сем да добијат минутажа (да не биде за џабе ангажирањето) плус таткото беше погоден 150%. И второ да има некоја сцена во тој замокот каде е снимано, беше рекламиран доста за време на снимањето.

Епизодата беше солидна „сетап“ епизода. Башка визиите на Бран и враќањето на Бенџен, ѓубрето Оли беше во право, стварно бил жив чичкото позади ѕидот :D

И најдобро од се, најавија и конечно ќе ја видме разврската во Риверлендс, нешто што го барам и чекам двеипол сезони, враќањето на Волде Фреј, Едмур и Блекфиш ми беше најдоброто во епизодата.

Интересно што и Кеван е на страната на Томен и Врабецот, Серси и Џејми се целосно изолирани, веројатно Кеван се грижи за својот син па затоа е лојален.

Но, на сета генијалност на врабецот, очекувам да се прецени самиот себеси и да направи грешка, најверојатно со Марџери.

Денерис, онака, тоа па тоа, очекувам ова да е последниот или меѓу последните „големи говори“ и да прејде на акција, до крајот на сезоната или на почетокот на наредната ќе почне походот кон слободните градови и Вестерос.
 
Да ама тогаш се имаше пренесено таму со тие моќите. Не ми е јасно зошто со burn them all би се префрлил во главата на Лудиот Крал, кога тоа би требало да го вели во некое идно време за она што точно тогаш ќе се дешава, кога евентуално WW со оние умрените ќе нападнат.

Јас лично не верувам дека Бран го полудил Лудиот Крај шепкајќи му од иднината, иако оваа визија со Burn them all експлицитно кажано ми отвора дилеми дека можеби има вистина во тоа. Сепак, колку и да е мајндфак и јако, да не заборавиме дека Таргариени имаат историја на лудило поради нивната инцестоидна традиција. Најдобар пример е Џофри. Мислам дека и Денерис се движи во таа насока.
 
Јас се почнав да се губам во серијава со сите овие стари ликови, ниту еден не паметам, ни знам што се десило во Риверлендс, ни што е тоа, ништо. :D
 
Јас лично не верувам дека Бран го полудил Лудиот Крај шепкајќи му од иднината, иако оваа визија со Burn them all експлицитно кажано ми отвора дилеми дека можеби има вистина во тоа. Сепак, колку и да е мајндфак и јако, да не заборавиме дека Таргариени имаат историја на лудило поради нивната инцестоидна традиција. Најдобар пример е Џофри. Мислам дека и Денерис се движи во таа насока.

А и Џофри може да е Таргеријан :D Имаше такви теории или дека Џуџето или Џејми и Серси (или помалку веројатно сите) тајно се копилиња на лудиот крал така што повлекува многу други елементи на грчка трагедија во тоа како се испреплетени приказни, да не навлегувам во тоа не е тотално непозната теоријава а и невозможна опција.

Серси рече дека ќе има trial by combat, ако биде така ќе биде интересно да се види кој ќе му биде champion на врабецот и што ќе смисли. Може ли The Hound од некаде да излезе ако не е мртов? Или Лорас за да се „искупи“ што ми е засега најверојатна опција според мене, ќе проба да ги сврти против себе Мартел и Ланистер. Дури некои предвидуваат Томен :eek: but he can't be that stupid... I guess.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom